Погледни ги видеата од такви прослави, 90% се трескаат од земја, кога едниот, кога двата родитела бидејќи тоа не е полот што го посакувале. Ако не можеш да се справиш со фактот дека постојат шанси полот на бебето да не е она што си очекувал или посакувал, не го прави тоа пред јавност и пред камери. Дегутантно е. За останатото се согласувам.
Мразам во какво дигитално време живееме каде се се сведува на социјални мрежи,се губи и автентичноста на луѓето,сите сакаат да пратат некои трендови.Сите сакаат да бидет инфлуенсери,јутубери,тиктокери,пошо тоа е ин нели,да те знаат на социјални мрежи.Систем на пореметени вредности.Се помалку има млади амбициозни деца со потенцијал кои сакаат да бидат доктори,правници,економисти,сите се примамени од тој тренд на социјални мрежи.Вака ако продолжиме идните генерации ќе нема кој да не лечи,јер сите инфлуенсери и тиктотери станаа.
Мислам дека децава кога гледаат колку заработуваат инфлуенсериве и колку се поштувани, губат мотивација да студираат 10 години за доктор, адвокат и сл. кој зема 300x помалку од некој мајмун што се глупира на социјални мрежи.
Така е,за жал.Се изместиа вредностите во животот.Повеќе ти се исплати да се глупираш по интернет него да седнеш и да учиш,оти реално у државава одамна не се цени знаењето и дипломата.А вака се шо ти треба е телефон,интернет и да си опериран од срам,да праиш будала од себе и одма популарен си.Па ко ќе видам дека истите тие ги викаат и по емисии по некое време и им се дава медиумски простор сфаќам дека нема да не биде.И за жал,поголема гледаност имаат такви емисии и подкасти него емисии и подкасти каде гостува некој доктор,психилог,писател или каков било интелектуалец од кого може нешто да се научи.Предозирани сме со со површност и ефтин сензационализам кој ни го сервираат неважни луѓе кои преку ноќ станаа “битни фигури” во општеството.
Целосно се согласувам. Само тој што не користи јавен превоз, не знае како е. Да, насабајле кога одам на работа, вторник и петок е хаос. Не може човек да влезе, не па да седне. Исто, и втора смена кога идам. Еј, стојам 15 мин во бус, без воздух, со низок притисок. Ме фаќа паника Никој не рече дека не сакаме да се возат. Само, треба да им одредат часови, од толку до толку.
Ако може и да се обележат со ѕвезда на ракавот, за да се знаат кои се И да им се ограничи движиење во радиус од домот. Да не се рашетуваат многу, многу
Не разбирам самба патики кај мали деца. Не се анатомски (има мало подигнување на влошката), но се прениски за нив. Естетиката беж родителство и преку нив. Ма целиот концепт цела фамилија самба ми е ... ту мач?
А ако одат да ги чуваат децата на своите големи нервозни и невоспитани деца , може ли тогаш? ( цитирам само одговор на една исто така нервозна пензионерка ).....маки, маки си имаат луѓето....
Многу мразам големи свадби од 300 луѓе. Мислам дека убавината на такви моменти е да си баш со оние најблиските што те сакаат, почитуваат, малтене гледаат секоја недела, да се изнаиграте и изнауживате а не да правиш ќејфови на баби, дедовци, стринковци што нема да станат од маса само затоа што морало да се покаже почит. Не знам дали е популарно или непопуларно ама ако правам свадба ќе биде со макс 70 луѓе.
Непопуларно мислење ми е дека треба да се научи разлика меѓу непопуларно мислење и hot take, очигледно.
Види, секој од сечиво мислење може да се навреди ако глеаме тоа. Тебе и мене ни е сељачка турбофолк музиката и? Или за класичната музика што имав кажано дека е грда и неподнослива ради депресивна шо ми е, одма ми се стаија. Како и вчера шо се се стаија. Непопуларно мислење е дека не треба да се тригернувате така лесно од све. Непопуларно мислење е дека темава не треба да има можност за цитирање. Непопуларно мислење е дека не треба повеќето да се сложат со вас за да едно мислење стане непопуларно и да собере лајкови. Така да не знам кој не ја разбрал темава.
Не знам дали е непопуларно мислење ама многу мразам луѓе што гледаат поклони преку призма на пари. Јас сум толку голем обожавател на книги што две книги да ми купиш што се вкупно 500 денари како цел свет да си ми го купил. Башка во оваа скапотија 50 евра не се малку за поклон за роденден.
Не е работата до тоа кој колку се тригернува. Не е исто да пишуваш непопуларни мислења и hot takes. Првите се повеќе мејнстрим, што одат против популарни мислења, obviously. Вторите се пишуваат со цел да испровоцираш некој и се полични, или да напаѓаш нечиј вкус за нешто (не дека секогаш се лоши, ама многу често преминува во жестока дебата, како што видовме). Непопуларно мислење е нешто ко на пример "Пица е преценето јадење" или "Го мразам вкусот на кафето". Ама сега ако пишам нешто ко дека само глупави луѓе слушаат турбофолк (или досадни луѓе слушаат класична музика), или едноставно дека таа музика е глупава, или како вчера што беше кавгата Скопје вс провинција, епа извини тоа е веќе hot take. И не сметам дека треба да е забрането цитирање баш поради вакви случаи, туку едноставно да се ограничи да не е цитирање до бескрај, како и тоа да се бришат провокативни мислења. Некогаш подобро е да си го задржиме за себе мислењето за нешто.
Сив ентериер треба да отиде во заборав. Заедно со оние белите мермерни плочки во кујна и панелите за ѕид. Тему ако беше дом. Ама убедливо најгрдо нешто се пвц прозори и врати. Уствари, се' што е пвц е смртен непријател на естетиката.
Корисниците на Samsung не се ништо “попосебни” од тие на iPhone. На крајот, и едните и другите се со една иста цел а тоа е да покажат его. Различно лого, ист комплекс