Не постои веќе автентичност во облекување што знам, има одредени стилови на облекување ретро стил, елегантност, рок стил, плажа вајб итн, и горе доле истото се врти и порано и сеа или се враќа во мода па паѓа, сакам да кажам поставени се шемите само дизајни и бои се мењаат и ме нервира денес све се меша коа ќе се облечат и се праи каша попара и тоа секој си се нарекува автентичен сум во облакање, поготово инфлуенсерите у филм, а ги вртат истите комбинации како и некој од друг крај на свет. За мене автентичен у мода ќе си ако на пример нема стрит стил и сеа ти тоа преку некоја култура као хип хоп, си го почнал или го вовел може да се наречеш автентичен пошо самиот си го вовел тоа што го немало воопшто, и сеа покрај горенаведените го има и него, оригинал, и коа се носиш знаеш што носиш и како да износиш и моеш да се наречеш така, значи ако уникатниве ѕвезди и инфлуенсери не внеле некој нов стил нема потреба од филмови коа сите личат исто, башка у друг случај само ментално и психолошки може да сме поавтентични
Не мораш да имаш омилено нешто во било што, коа ќе прашаат омилена боја, храна, место, песна, време, друже ништо не ми е омилено или во ништо не можам да се одлучам, ама сакам све и во све знам да уживам
Театар>кино во секој случај! Ужасно гласно е во кино, ужасно. Театарот е пожив, нема главоболки од прегласен звук, повеќе се внесуваш во она што го гледаш и не бега вниманието лесно. Or maybe I'm just old.
Зошто толку омраза кон постари луѓе пензионери.Нек се живи и здрави,тоа што нема автобуси не е нивна грешка тука на државата.Само некој да размисли колку тие баба и дедо помагаат на своте деца и внуци,прво финасиски..Мајка ми и татко ми доаѓале секој ден со автобус дете да ми чуваат ,и јас сум одела на работа со автобус.Немав пари жена да плаќам за бебе да ми чува.Треба да одат на лекар колку треба,нив им треба се разболуваат повеќе.Младината си филма дека цел свет е нејзин-ДЕКА САМО ОНИ ИМАЛЕ ПРАВА И ПОВЛАСТЦИ. Не е така сите сме ЛУЃЕ,само себичен човек може да мисли така и да не отстапи место во автобус на трудница или постар.
Не читаш убаво и не си реална. Не станува збор за омраза, туку за огорченост поради злоупотреби. Многу млади имаат здравствени проблеми поради кои не можат да стојат, ама пензионерите урлаат да им се отстапат седишта без да прашаат. Прашај ги шоферите како им е ради пензионерите. Им викаат да не се бутаат, они се бутаат. Им излетуваат испред или рацете ќе им се фатат на вратите само за да се напикаат во веќе преполни автобуси. Еден еднаш бајаги доцнеше и кога го праша некој, рече дека доцнел поради расправија со пензионер кој не разбирал дека му истекле билетите. Превозот е за сите, не е само за оние (на пример) од Аеродром кои се тепаат да влезат пред младите за празот во Ѓорче Петров. Никој не оди на лекар секој ден. И те како е безобразно поради праз (или друго) да прават гужви што претставува пречка за инвалидизирани лица да влезат во автобусите. Баба зела се напикала со 2 огромни метли и тоа бутајќи ученици за они да не влезат. Иако они мораа да одат во школо, на битно место. Дедо опрчен на седиште небаре беше дома, му се фалеше на друг дека имал над 40 илјади пензија, а жената му над 20. И на таа пара наместо да користи такси, оди да се улежува во автобус. На што личи ова? Не 4 бесплатни дена, ич не треба да имаат. Или да им се скратат на два. Не сме само ние младите со вакви мислења. Има и пензионери кои го мислат ова оти се фер и на нив им сметаат вакви.
Баш така е, ова не е омраза спрема постарите. Ама они секој ден се буткаат во време кога сите одиме или се враќаме од работа, а имаат цел ден на претек. И буквално ме туркаат со сила. Ниту јас, ниту учениците можат да влезат, небаре празот и кромидот се побитни од школото и работата. Па уште кога ќе почне да корне на кромид, цревата да ти се превртат. А коментарот хмм младите невоспитани нејќат да отстапат место, ама и младите се или болни или со 8 часа раб.време на нога. Каде е нивната култура ако трчаат први да се качат и да те туркаат ко ненормални? И никако да се воспостави ред.
Пензионер да идел со такси,ти бладаш нешто си помешала коцки,сите не се таа пензија него на минималец и ги даваат парите на своите деца и внуци.Во автобус уште од средно ми било страв кога влегувале овие од Автокоманда машките,од Коце,и другиве машки школи,ќе те избуткаат надвор,се буткаат меѓу себе,и палачинка ќе ме направат.Од страв секогаш сум излегувала кога имало толпа машки деца,зашто не е безбедно,генерација ми биле.Исто е сега се возат по автобуси,викаат,пцујат,кога се враќав со ноќна линија,никогаш не сум имала пари за такси кога излегував во средно и факс,и страшно било да се возиш со пијани.Исто е сега. Во автобус или кога чекам сакаат да прават мубет,јас си ќутам,многу се френдли пензионериве,тоа ми е дина замерка.Мене па не ми се прави бош муабет со никој.
Не може пензионер со 40.000 илјади и повеќе да има бесплатен градски превоз и да е ставен со некој кој зема 12000 да речеме. Не може. И зргнати се сите во најголемите гужви несносно е и по маркети и по автобуси.. цел ден им е на располагање они баш тогаш се упикаваат. пред некој ден на автобуска кај мене стоев да превземам нешто и слушам две пенизонерки: Сега кога ќе си фатиме од овде ( Карпош) па до Лисиче ќе си се повозиме муабет да си направиме на топло да си седнеме. И на враќање. Таман. Две натокмени дотерани со бундите и лисиците.
За ова брату,си 100% во право,ама па лесно може да исклучиш телевизор.Воопшто не гледам жалопјки од сабајле,ни навечер ,има заштита за ова,ни па вистински луѓе што кукаар редовно.БЛОК.
На кој канал и да сменам ете ти ги таму се, да го исклучам телевизоро се осеќам неубо така во тишина да седам и никако да не е чоек, ексик.
Епа глеј си ги тогаш ,ако во автобус немаш избор ,тука има.Си чул за музика,за не седиш сам во тишина?И без тоа на ТВ,само црна хроника и вести има.Поважно ми е мир и ментално здравје.,ти како сакаш.
Имам чуено, ете преѓе решив да пуштам емисија со македонска народна музика ,,Мерак меана" си реков да поуживам малку во убава песна и опп шо да видам ете ти ги и таму пензионерите од некаде ги имаа довлечкано пееја во хор и се држеа за рачиња смешкајќи се едни со други ко пубертетлии, од секаде излегват нема рает.
Па ти дадов БРАТУ,препорака пуштај си музика,ти упорно сакаш да гледаш ПЕНЗИОНЕРИ по тивото,ете нивно е СЕ и ФБ е нивен ,ама ти не се откажуваш ти нема СПАС.Па што да ти правам .......
Не знам колку е непопуларно, но ранец/ранче > ташна. Многу сум пораат кога носам ранче и двете раце ми се слободни (плус обично собира повеќе работи), ташни секогаш ми се лизгаат од рамо (ако е само на едното) или мора едната рака да ми е зафатена постојано што ме нервира.
@TwistedSister Секогаш кога стане збор за вакви работи, ми текнува на коментарот на дечкото Видеото беше како тој се ангажирал да заработи дополнително, за да и купи прстен каков што тој сакал. Сакам да кажам, мене лично толку ми се излитени тие муабети, особено кажани од мажи. Дека ако таа те сака, ќе прифати и ништо и така само се фокусираме на таа страна. А не и на другата страна. Исто како еден што велеше, девојка ако те сака, нема да ти бара да ја водиш во ресторан, ќе јаде со тебе и од конзерва. Јас секогаш велам, дека и тој неа ако ја сака, нема да дозволи таа да јаде од конзерва. Многу е просто и едноставно. Не може само фокусот да е жената да прифаќа сè и ако сака малку повеќе труд, одма е кучка или спонзоруша
Тоа и ми беше поентата али лошо го формулирав постот па избришав пошто ќе беше сфатено дека треба да спушти критериуми а уств на друго мислев т.е ти подобро го срочи.