Телевизор не мора да има централно место во секоја дневна соба. Всушност, веќе и нема потреба од телевизор, и онака нема никаква корист од него.
Луѓе шо се плашат да имат дете или одбират да немат ради низа услови кои сметаат дека мора да се исполнети или сметат дека нема да се добри родители па го абортираат - сакат поќе деца од тие шо имат oopsie babies и од згора-преку го раѓаат или одбираат да имат дете по секоја цена за да „имат кој да ги гледа на старост“. Да животот е непредвидлив ама ако во моментов сум долу на тркалото најмалку шо можам да напрам за то дете е да заздравам за да има достоен живот. Му должам на то дете да има достоен живот и јас да ги креирам условите. Не можам да остам на судбината да му креира добар живот зошто многу сакам да сум мајка. Да на сите „ништо“ не ни е од сиромаштија и од ќотекот шо идел од рајот. Мхм. Сепак на крај на ден delulu rly is the solulu. За мене Исус е реален чоек кој живеел во некое поинакво време одамна. И за мене, тој чоек е многу прогресивен за своето време, кој кршел леб со секој грешник кој го сретнал. И не ми е јасно ако Исус е љубов, и стварно мислам дека е, зошто Христијанството е толку многу конзервативно? Внеси која религија сакаш со прашање зошто е конзервативна, ама па еве наредната шо ми текна не е засновата на љубов (према мене), за разлика од Христијанството шо пропагира љубов со чекан и тупаница. Мислам дека ако Исус беше денес тука ќе беше карактеризиран како ''woke'' зошто ќе беше прогресивен за ова време, како шо беше unapologetically прогресивен за тоа време. И да, инспирирано од темата за ќофтање. Возрасен чоек не удира возрасен чоек ради неколку причини, еве две: 1) се плаши дека ќе му врати fr fr и 2) го вреднува како чоек и можи да идентификува дека не е во ред то. Вреднувате (свое) дете помалку од рандом возрасен.
Се спомна Википедија во СДК и ми текна на нешто од минатото. За да почниш да читаш за нешто - Википедија е одличен starting point. И полека се проширваш на изворите и така се одделуваш од та првична точка. И цел мој живот сум изложена на "Википедија лоша" ставови шо буквално е смешно некој толку да се плаши да прочита текст пишан од чоек на страна модерирана од чоек и редовно апдејтирана (ради "субјективност") иако буквално има референци на сериозните текстови, а утре - други ден истиот чоек шо се плаши од Вики ко да е лепрозна, користи ВИ за да му генерира текст за да можи да се искажи. Едноставно прочитај статијата на Вики. It's not that deep. #ПравдаЗаВикипедија Не си академски писмен/паметен ако избегнуваш богатство од информации свесно. Едноставно си ... ај нема врска.
Луѓето кои коментираат под секој скандал пост по фејзбук, да речеме фамилијарен случај кај што маж тепа/силува жена/ и обратно, јасно е дека повеќето се постара маса и у главно луѓе кои биле неслушнати во животот и сега достигнале некоја возраст и слобода преку социјални мрежи и на некој начин се “издувуваат”. Може некои коментари се завидливи, љубоморни, но тоа произлегува од неостварени/несреќни особи. А, коментари од типот “колку да се каже нешто” значи луѓево се израснати со “ќути и прави што ќе ти се каже”, дефинитивно повеќе од половина народ во државава не само што живее од некој тип психолошки трауми (нема друго објаснување мене и ми е жал за луѓево и не им земам здраво за готово никаков коментар) туку и сеуште се “лечат” и ќе продолжат така по фејзбук у главно.. Може не се сите луѓе злобни под коментари, само се неслушнати, неискажани и со тоа недоволно едуцирани. Кога се искажуваш и да погрешиш пак нешто ќе научиш, за жал сега е касно за некои, мозокот не им дозволува да сфатат дека грешат, и кога читаш можеш да се згрозиш што ќе се изначиташ.
Со слика со испружена рака на маса со саат на рака и мускулчето. Воедно го имаат на насловна на фб цитатот "The eyes chico, they never lie".
Поддршка за младите кои седат. Деновиве има полемики околу вмровскиов пи-ар, ова е фотографија на оној што снима гомна низ Скопје, Видиновски. И ја би седел ако околу мене чистат овие кои си ги дигнаа платите за 78%, истите овие го усмрдеа и уназадија Скопје за време на мандатот на претходната градоначалничка, пошто беа у фајт со неа. А бе стаорци шетаа низ Скопје!! Не само што нема да станам да чистам, туку ќе ги кренам нозете и ќе речам - Претседателке, тука има книвче, соберете го.
Не ми се јасни луѓето од другите градови што најлошо зборуваат за Скопје а пак тука цело време доаѓаат. Ако не ти се допаѓа што бараш тука?
Тело со сапун не се мие! Ај што може да ја суши кожата, туку не ви е така гадничко чувството што го остава на кожата? Нз како да кажам, ко да не ја измазнува, и не лизга по кожата, не го можам тоа чувство Златен гел за туширање, совршениот продукт за бањање