Непопуларни мислења (Unpopular opinions)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DaisyDoo, 6 септември 2023.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    138.023
    Пол:
    Женски
    Не е.
    Не мора да е родител за да знае како е. Веќе милијарда пати е кажано.
    Може да чува внуци или да биде нивен привремен или траен старател, или да посвои деца од друго потекло. Па да види како ќе ѝ оди.
    Ако е одговорна ќе ѝ оди, ако е неодговорна нема да ѝ оди и ќе се правда со ова типичново „како е“.
    Никој нема право да го нарушува туѓиот мир.
    И родители го мислат истото. Во моето семејство сите кои се родители го мислат ова.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    18.596
    Пол:
    Женски
    А каде пишав дека не може и посвоени да се? Не кажав дека мора да ги има родено. Не беше поентата на постот тоа. :?:
    Туку дека се силиме пред нешто вистински да знаеме како е, и јас бев така пред да имам деца. Затоа чил и без осуди. :)
     
    На Cosmic Girl, GirlLove, Buttermilk и 5 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    138.023
    Пол:
    Женски
    Осудувачки ти зазвуче. Не е во ред да се омаловажува едната страна.
    Не секое дете расте со биолошките родители.
    Еве и последните случаи во државава се уште еден доказ дека правењето и раѓањето на дете не носи со себе и правилно преземање на одговорност. Не се доволни тие.
    Сè почнува од развојот на карактерот на личноста која подоцно станува родител или старател на небиолошко дете. Од тоа ќе зависи дали детето ќе израсне во добра или лоша личност.
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    18.596
    Пол:
    Женски
    Не беше осудувачки, таман работа да осудувам некој што нема или не сака деца. Целиот текст нема врска со мојата поента, повеќе постот на Хермоса звучеше осудувачки спрема децата и родителите, отколку мојот.
     
    На Малечка Малинка, MeowMeow и M&M им се допаѓа ова.
  5. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    304
    Како ме нервира еден "родител" комшија што му се дере на бебето, тоа плаче он доста бе, прекини веќе, онака со сета сила
    и тоа уште повеќе се вознемирува и плаче, каков морон ми иде да му се качам горе, еднаш намерно се развикав кој идиот е овој што му се дере на бебево, се надевам ме слушнал. Колку ми се стега срцево така кога му се развикува, тоа не е свесно дали смета некому.

    И мене ми пречи плачење на деца ама не е криво бебето што плаче крив е тој изолацијата што ја правел. :D
     
    На Cosmic Girl, Buttermilk, Mięta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.985
    Допаѓања:
    10.644
    Пол:
    Женски
    Мене ми е повеќе жал за децата,ај бебиња така и така мали се многу,но дете кое се убива од плачење па грев е ,ми минат разни мисли низ главата.Жал ми е за тоа суштество,а родител треба да знае да го доведе во ред а не уште толку да го надвикува.
     
    На nextredstyle, SummerGirl, Elenpelen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Машки
    Нормално е дете да плаче, не секогаш значи дека плаче дека родителот нешто лошо му прави.. Тодлери плачи за ножици, нож да им се даде во рака, и што треба родителот да му даде само за да не ги вознемирува комшиите? Плачат кога се настината, затнат им е носот и се нервираат, плачат ако е вакцинирано па го боли, плаче ако малку се сопне и падне, некогаш плачат а не знаеш за што.. И сигурно не е секогаш лесно да го смириш и нормално е да плаче особено ако плаче за еве да речам нож, така си изразува незадоволство, и со време ќе научи, нема вечно да плаче, исто со време ќе научи да каже што го боли, зошто плаче, некогаш едноставно не знае тоа дете да објасни што му е, не е родителот лош..

    И нормално е да не може како возрасен да седи мирно по цел ден и да гази на прсти, трча постојано и тоа му е дел од развојот, му паѓаат предмети од рака, фрлаат кога се нервозни, и тоа е дел од начинот на кој растат и не може одеднаш тоа да го смени родителот, полека со време ќе научи..

    Проблемот не се децата толку во зградите како катастрофалната изолација.
     
    На Astrum.Obtutus, MeowMeow, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    138.023
    Пол:
    Женски
    Зборено е во друга тема.
    Бебиња и општо деца со атипичен развој не можат да разберат. Но оние со типичен развој треба од колку што може најмала возраст да учат како да се однесуваат.
    Нема сакам-нејќам. Нема „не е лесно и не знаеш како е“.
    Јааа, мајкатаааа...Истово ли ќе го кажат ако нивните деца станат жртви на некој нов Васил или Стојанче или се претворат во сторители на такви кривични дела?
    Едноставно е.
    Ако не ти се сноси сета одговорност, не прави дете. Ако правиш дете, подготви го да ги почитува другите.
    И онака не е задолжително да се има деца.
    А, детски педагог/психијатар/психолог за што служи?
    За украс ли?
    Не, туку родителите да појдат кај некој од овие во зависност од потребата и да побараат помош од него/неа кога не можат сами да се справат. Подобра опција е од глупави изговори.
    Мора да се почитува просторот кој се дели со другите луѓе и нивниот мир.
    Вревата е тригер за напад кај некои луѓе. Родителите не смеат да се однесуваат како само нивното семејство да постои на светот.
    Одамна помина времето во кое човештвото излезе од дивината, но дивината никогаш не излезе од него.
    Срамота е.
    Општеството не може да напредува вака. Сите мора да научат што значат одговорности.
     
    На SummerGirl и Аргентина * им се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Машки
    Да воопшто не е нормално дете да плаче.. Ако не е нормално тоа да плаче, како плачат возрасни луѓе?
    Никогаш не плачеш?
    Баш е кривично дело дете што плаче.
    Плаче зошто го боли рака, плаче од што ми растат заби, затоа што му е голема болка тоа за него , да го задушам со јастук за да не плаче?
    Ти како возрасна кога плачеш (ако воопшто плачеш) дали можеш истата секунда да се смириш само што некој ќе ти каже не плачи?
    Може за тебе е мало нешто што плаче за играчка за детето е големо..
    И не знам како дојде до заклучок дека ако плаче и искажува незадоволство ќе стане насилник..

    А на луѓето што им пречат други луѓе нека живеат кај што нема луѓе..

    Не знам зошто очекувате дете што вчера дошло на свет да се однесува како возрасен човек, па и куче дури е мало носи патики за да си игра после престанува, секој мал жив организам си игра и му е потребна тоа... Се буните како децата биле на телефон, а кога си играат ви пречат..

    Еве секое дете што уште нема прозборено или што допрва прозборува кога го боли нешто плаче, дали качува температура, дали настинува, дали нешто е проблем со облеката плаче и тешко е некогаш да разбереш зошто плаче.. Мислиш на родителите им е сеедно што плаче , а не знаат што му е? Демек намерно го тераат да плаче за соседите да се нервираат...
     
    На Cherry333, Astrum.Obtutus, ani23 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    34.306
    Пол:
    Женски
    И мене ми се плаче наутро кога морам прерано да излезам и скроз би го правела тоа ;( Ама не плачам бидејќи сум возрасна, имам контрола врз емоциите, можам да искомуницирам вербално и знам кои се општествените правила, имам свесност кон околината.

    Не знам стварно како родителите не можат да им објаснат на децата кои немаат развиено ништо од ова погоре. Свашта |(
     
    На azelea, kozuf, FreeToGo и 9 други им се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.985
    Допаѓања:
    10.644
    Пол:
    Женски
    Не ме вознемирува,жал ми паѓа за децата кои плачат,а и некогаш премногу бука пречи и на соседите, да.
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.066
    Допаѓања:
    190.909
    Пол:
    Женски
    Балските и сите други фустани на матурантиве денеска се претерани. Повеќето се кич во очаен обид да се поразлични и уникатни па со ракавици шљокици, светки невкусно вклопено, пошто едно не е доволно и мора да има се, ама дефинитивно сметам дека матурата не би требало да личи ко црвен тепих од Свирипичино.

    Машките од друга страна, возат коли без дозволи, дадени свесно чак и поттикнати од родителот. Развеани знамиња, грми музика и дел под дејство на алкохол. Без возрасен надзор и плус полиција ги пропушта ко да не прават 10 прекршоци во исто време оти нели се е простено…. слават матура!

    Што беше погрешно со скромноста и кај ја испративме?
     
    На butterfly6223, azelea, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.772
    Допаѓања:
    26.829
    Требало да се родат со on/off копче. :D

    Да ти кажам искрено, и мене ми е кошмар. Кошмар ми е и дерењето на моето дете, а не па ли на нечие туѓо. :drunk:

    П.С. Нормално е деца да плачат.
     
    На azelea, lovely91, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.426
    Пол:
    Женски
    НепопуларнИ мислењА ..

    Кому му пречи било каква бука , може да се пресели во планина каде нема жив човек ( еве предлог с. Сетоле , Шар Планина ) и да си живее во мир . Таму бука нема , освен птиците , волци и по некоја мечка .

    Друго , возачка се вади и на 17 ипол ( мислам со потпис од родител ?! Или грешка сум ? Или може часовоте да ги поминеш од 17 ипол ?! Исправете ме ако сум грешка , не сум баш сигурна за ова ) , а и не сите матуранти се 17 годишни , деца родени во јануари , во приод на матурите , се веќе 18 годишни , иако се матуранти ( исто и февруари и март ) ...

    Факт е дека Tabi чевлите се ружни ! За удобност , не знам не сум ги купила , а и не планирам :D
     
    На azelea, Astrum.Obtutus, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.789
    Допаѓања:
    20.186
    Пол:
    Женски
    Ама не е така, па никој не е дужен реално да слуша галама 20 саати, мислам хелоу..
    Луѓе треба да одмараат, да спијат, на некој не му е до музика во моментот, друг може е вознемирен, болен итн, итн.

    Дај да ти брчи комшијата 20 саати со бургија, па да видиме дали сеедно би ти било. Ќе уживаш у вревата?

    Дива лига сепак не е населеното место, баш од планина симнати делуваат оние безосетните, примитивно и нецивилизирано е скроз, и нив им е местото у дивина, пошо не се за у цивилизација.

    Непопуларно мислењето ти е, океј, али чим не забранија да се цитира, затоа и ти реплицирав :)
     
    На SummerGirl, Panda00, LadyD и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    50.529
    Место Гета, требаше Џајковски да држи диџеј сет со најголемите македонски хитови, од детски песни, па поп и рок, и на крај да завршат со народно, секако со пеење у живо... Али полесно е да платиш само и да не се замараш со организација и креативност.
     
    На azelea, Bozica1980, sparklie и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.066
    Допаѓања:
    190.909
    Пол:
    Женски
    И? Малолетни или полнолетни, први две години сеуште според Закон, не смее да возат без придружба ноќе.
     
    На azelea, Gosh, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    705
    Пол:
    Женски
    Старосна граница за возачки, минимум 25 години.
     
    На azelea, Amellie13 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    11.420
    Пол:
    Женски
    Поокеј ми се учтиви лицемери, отколку дрски особи без влакна на јазик кои си зборуваат што ќе им текне под изговор дека биле директни и искрени. Тие се полицемерни, врати им со иста мера и гледај како ги пука суета/тантруми.
     
    На ani23, sj *O*, Cosmic Girl и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    18.596
    Пол:
    Женски
    Апсолутно! Да бидеш искрен и да бидеш безобразен, не е иста работа. |-)
     
    На sj *O*, M.B., Vikktorr и 4 други им се допаѓа ова.