Па со оглед на тоа што комшијата гради куќа , реално и ми брмчи 20 саати , ама куќа се гради еднаш , се реновира еднаш во неколку години .. Сигурно не брмчи по 20 саати и лето и зима секоја година , нели ? И не велам дека не треба ред да се има , ама дај бидите реални , кога ќе ти пукне цев , ќе го оставиш да тече по ѕидови ? Не , ќе земеш ќе го поправиш тоа , а со самото тоа , ствараш бука на комшиите , автоматски сметаш нели .. Реално , сите сме засметале некому со галама , ама плачење на деца , или некои такви работи каде не секогаш може да се влијае , не е за замерување . Е ова не го знаев , фала за инфо . Мислам , знам дека до 23:00 смеат да возат , меѓутоа дека им треба придружба , тоа не го знаев , јер Тетово . Тука од запрежно возило се оди во порше директ без никакви инструкции и претходни обуки . Лично сум видела дете од 10 - тина години како вози кола , само инаку , на регионален пат .
Не смеат да возат после 23 часот, ама можат ако има придружба со нив и тој треба да не е возач почетник и да е 25+ години, а не им треба придружба пред 23 часот..
Мразам полиестер и синтетички материјали, хулахопки па да не збориме, го носам само кога морам, инаку не можам да ги смислам. Детски алишта од синтетички материјали особено мразам, тек па тулови и фустани за девојчиња во кои личат ко теткици, скроз кич.
K pop е музика за деца, и тоа деца до кај 15-16. Не ми е најсоодветна да ја слушаат повозрасните. И делува на Аи вештачка творевина. Пробав да ги слушам тие тралалајки од песни, една мин не издржувам, гасам.. Емоција 0. У трансот и техното ми има поише емоција и те како
Премногу се форсира имање деца, што се гледа како ненормално кога некој не сака да има деца. Особено кај жена. I said what I said.
На темава стално ми текнува на Енди Ворхол кој рекол дека во иднината секој човек ќе има свои пет минути популарност преку масовни медиуми и дека за тоа нема да треба да е нешто посебно талентиран или успешен. Не го разбирав тоа како мала, сега го живеам и не ми излегува од глава. Гејмерите од моето детство сега се добро ситуирани, со убави плати и имаат креативни работи или барем имаат избор во кариерата. Најчесто се добри логичари, интелектуалци, брзи се когнитивно и најчесто се во ИТ сектор или сродна област во која се бара иновативност и оригиналност. Оние што не знаеа што е компјутер и им се смеаа, сега им завидуваат. Во светски рамки не би ни зборувала зошто некои такви направија империи. Мислам дека само мерка треба да се има и да не се изгуби контакт со реалноста. Мене лично и другите игри како шах, јамб и картање ми се корисни на повеќе начини. На пр со јамб научив да собирам напамет, за екстремно брзо време, зошто игравме многу брзо. Дружбата, шегите, забавата, натпреварувањето со другите, ама и фер плејот се исто корисни. Бараат и стратешко размислување и проценка на соперникот. Секој на својот уред гледа што сака. Телевизорот дури и дистракција е веќе зошто ми дрнда во позадина. Само за домашно кино ни користи. Ќе пуштиме филмче со пуканки и ќе исполегнеме пред него ...ако успееме да се сложиме што да гледаме
Никогаш не ја сфатив поентата на статии со слики и детали околу запросување меѓу рандом луѓе, мислам на тие што ги објавуваат од црнобело.мк. Изложување такви информации јавно за нешто што треба да е интимно и посебно ми е очаен крик за внимание.
Форсирањево јадење протеини ми пречи. Такво лобирање и убедување да се јадат протеини, на граница на култ е веќе. А се напнувало за се нешто и порано. Во моиве 46 години видов скоро секаква мода во однос на исхраната: - да се јаде интегрално, цело зрно, и лебот и житариците да се основата во храната - мода да се јаде макробиотички и да не се јаде свежа храна (правиот макробиотичар не јаде свеж зеленчук повеќе од една шака на незнам колку месеци и кога го јаде го пресира да излезе водата) -мода да се јаде нискокалорично (небитно дали е здраво), -мода да не се јаде месо, маст, путер и сл, читај вегетаријанство -веганство (само растителна храна, по можност термички необработена) -да се јаде еднолична храна цел ден, па друга еднолична храна друг ден И сите беа со научни податоци и сите имаа примери кои си зафркнале здравје со диетата. И ниедна не испаднало дека била добра за сите. Ама се забегува наваму, па потоа натаму.. На секоја акција, реакција... Ми текна на една стар филм (не се сеќавам на името на филмот) каде вонземјаните се населија на земјата и се правеа дека се луѓе. Ама имаа потреба од многу протеини во исхраната и само тоа конзумираа. И од тоа дали одбиваш или не протеини се препознаваа едни со други дали се луѓе или вонземјани. За да се инфилтрираат вистински луѓе меѓу нив глумеа дека обожаваат протеини и љокаа млеко кога им нудеа Кога ќе сумираш ќе видиш дека дека треба да се јаде разновидна храна и само умерено. Жута штампа и оговарање нема да умрат никогаш. Само формат менуваат... Потребни си се едни на други и тие што пишуваат и тие за кои се пишува. Од прва рака знам дека се нарачани од оние јавни личности за кои и е веста. Не толку за фалење колку за да се спомнувани и присутни.
Плаќаат на црнобело да ги објави. Да ги види повеќе народ колку се „успешни“. Не само запросувања, разни родендени, уредување на домови и сл. Имам познати кои секојдневно го отвараат порталот да бидат во тек со „успешните“.
Сеуште немам симнато чат џпт. Мислам дека стануваме се помрзливи со напредокот на в.и. место напредно да се развиваме. За мозокот сеуште е многу подобро да прочита повеќе различни извори и да размислува, место се да добие соџвакано за 3 секунди. Ме потсетува, порано кога родителите им пишуваа домашни на децата и овие не знаеја ни правилно да прочитаат на час оти не прочитале ниту дома, нели немало потреба кога друг завршил место нив. И сега се е копи пејст, честопати без воопшто да се разбере суштината на поентата што сака да се постигне.
“Позитивното размислување”ми е токсично искрено.Форсирањето постојано да бидеш среќен и да гледаш се розово само ги потиснува реалните емоции.Поздраво е да си признаеш понекогаш кога работите се за никаде и кога си лут или разочаран.Преплавено е по социјалните мрежи колку треба да сме позитивни и да мислиме се позитивно.Се продава илузија дека успехот и среќата се прашање на избор,а целосно се игнорираат системските проблеми,неправдите, лошите околности и едноставно фактот дека животот честопати знае да биде суров.Се креира лажна слика дека сите други живеат во совршенство,а само ти “заглавуваш”со негативни мисли дури да се запрашаш “што не е во ред со мене”. Продаваат приказни дека ако си несреќен,сам си виновен затоа што “не си манифестирал правилно” нели или пак “немаш добри вибрации”.Тоа е класичен gaslighting на сопствената реалност.
Не сакам маркети многу, сакам да се вратат маалските дуќанчиња и да бидат во поголем број. Маркети нека има ако се роботизирани скроз.
Тоа чувство како да пропаѓаш во нив, ко да ти ја вовлекуваат душата и ти го менуваат магнетното поле уште поубаво ми е башка кога гладна сум. Мазохисти
Малдиви е преценето. Не ја сфаќам лепотата и уникатноста на места каде једина рута може ти биде кревет - плажа, каде нема никаква интересна знаменитост, нешто интересно што го има само таму. Једино водени спортови што пак, не е нешто специфично за таму Али море и куќарки, ноу шит.
Ни мене, особено ако истото можеш да го добиеш во една Грција, на пример. Језиви ми се тие екстремно далечни и егзотични дестинации.