Не сите луѓе заслужуваат да имаат деца. Не е поентата само да ги имаш за да се вклопиш во општеството, бидејќи нели, нашиот менталитет и "ќути, мора да правиш се по однапред креиран шаблон, што ќе каже комшијата ако си во брак и немаш дете??" Е ваквите родители добиваат дете and they hope for the best, не треба воспитување, може едно шамарче преку нос, викање и урлање на цел глас и дигање на зградата у вис, па и нас не тепале, што ни фали?
Ванила сладоледот е супериорен. Квалитетно направена ванила е неверојатно освежителна. Можеш да ја комбинираш со се' и сешто и константно да добиваш нови вкусови, од парченца чоколадо, овошје, сирупи, слатка, до зачини.
На ова мислев кога ја отворив темата. Имаме победник, може да ја затвориме, од овде натаму се' друго е популарно. Сакав да пишам за пандора алките, ама нема поента..
Ако имаш потреба да го објавиш твоето дете со стикер на глава,подобро ич не објавувај.Две дијаметрално спротивни работи ми се тоа.Демек од една страна си “одговорен родител кој ја штитиш приватноста на детето”,а од друга страна покажуваш со тоа огромна желба да по секоја цена се пофалиш со тоа дете и да собереш лајкови. Ако навистина ви е битна приватноста на децата нема ни да објавите слика.Стикер преку фаца не е заштита на детето се дур родителот има потреба од онлајн валидација.
Иам другарка што ги обожава after eight чоколадине. Мене ми се ко да јадам чоколадирана паста за заби. Али се трпиме Дм обожава алва. И него еве си го сакам
Мирисот на липи е всушност многу тежок и задушлив. Едвај чекам да прецутат за полесно да дишам надвор
Седење на 18 степени под клима во лето е непријатно. Ме нервираат луѓе што климата ја пуштаат на најниска температура и некако уживаат во седење во ледена просторија.
Ако лгбт имаат право на цел месец посветен на нив тогаш и стрејт популацијата има право да има исто месец дена за покажување на нивната гордост. Ама некако тогаш лгбт би биле навредени а од друга страна стрејт популацијата не смее да се чувствуваа потисната и угнетена од наметнувањето на нивната ај да кажам шарена идеологија.
Нема ништо за гордеење и парадирање во сексуалните избори. Едноставно некои работи треба да останат приватни. Тешка пропаганда и искористување на нечија ранливост е парадирањето како кловнови по улица.
Зарем постојат такви?! Прашувам зашто обично тие истите луѓе што ја ставаат климата на 18 степени отвараат врата или прозор зашто климата го сушела воздухот многу! И после секако се жалат дека климата не работи добро, не ладела доволно
Полуматурантките години наназад дотерани во фустанчиња, а скоро сите со патики, а има сандали рамни за девојчиња кои со елегантните фустанчиња преубаво ќе одговараат. Ама тоа е некоја мода...
Со парадирањето лгбт свесно и намерно предизвикуваат rage bait кај повеќето. Многу лгбт лица што ги знам се против паради и не сакаат во такво светло да бидат претставени.
Не дека уживам во болка, не сум мазохист, ама дури од кога влегов во менопауза и ми престана циклусот, почна да ми недостига. Не болката, туку тоа што го спомнуваш - чуството дека нешто се менува, дека кругот се врти, цикличните промени. Зошто тоа ми било потсетник дека се е во ред и дека сум здрава. Дури повеќе ми фали чуството на фазата на овулација, бидејќи тогаш се осеќав како wonderwoman. Имав енергија, ментален фокус, брзина, оптимизам. Во менопауза 95% од времето си како во ПМС, brainfog, замор, подувана. Естрогенот штити многу нешта во телото и без него се осетив физички загрозена. Ценете си го редовниот циклус жени.
Баш така, цел циклус со секое делче треба да се цени. И ова е непопуларно мислење, дека не треба да се демонизира менструацијата како нешто непосакувано, лошо, страшно. Мислам дека место генерално негативниот став кон крварењето и "решавање" на проблемите како ужасни болки со целосно надворешно стопирање на циклусот, треба да се сврти погледот кон колку е овој цел круг уникатен и битен за секоја жена. Колку е нормален и правилен циклус интегрален за женското здравје, а не нешто кое е во втор план и кое смета.
Баш ова. Не сум ни јас мазохист, всушност сум огромна кукавица кога станува збор за болка. Ама секој пат кога ќе го осетам чувството, позитивно се радувам, дека пак добивам, сè е океј. И се предавам на чувството, го embrace-сум, го впивам. И така уживам во него и обожавам ко ќе почне.
Јас сум многу среќна што имам нормален и правилен циклус и без календар знам во која фаза сум. Е сега, понекогаш во ПМС ми иди да отепам некој или сама да се отепам ама кога конечно ќе пробие крварењето летам во облаци (и кога ќе се напијам апче против болки ). Многу мислат дека крварењето е најтешкиот дел, а според мене тие 2-3 дена пред да пробие ради хормоните.