Сега (ради хормон блокатор) немам циклус и сум преродена. Ама, кога имав циклус ми беше знак за здравје. Опседната бев со то во која фаза сум од циклусот, дали сите параметри се исти и шо значи то (имав редовен циклус, целосно во граници на нормала). Кога имав отстапување се ангажирав да дознам зошто и најчесто имаше причина. Друг факт, колку и да се тинтарам, се немам осетено како ко ќе сум во овулација. Само ради то би сакала да имам пак. Ама ко имаше ризик да ми тргнат хормон блокаторот ќе се расплачев зошто ПМС една недела до 10 дена ми беа mental breakdown after mental breakdown и мигрена + јас со циклус сум многу поразличен чоек од сега. Уште една година и после ќе се убедам дека можам пак.
Цеден ладен портокал и смути од замрзнато овошје многу повеќе освежува од сладолед и 100 пати повкусно е.
Дали само уште јас немам пандора алка со триста привезоци? Или е overrated.. убава е ама прескапа некако, а има и други избори и брендови
Повеќе преферирам природни заби отколку порцелански фасети каде на километар се познава кога забите се се правени и се примеќа порцеланот.А и овде кај нас имам приметени дека често се прават премногу бели,преголеми и направени по ист шаблон што не одговара баш на секој профил на лице,не секое лице има иста форма,па затоа таквите заби не му стојат подеднакво добро на секого.Природните заби имаат своја убавина што никогаш неможе порцеланот да ја замени.
Треба да постои лимит на максимална старосна граница за издавање/продолжување на возачката дозвола. Опасно е 70+ годишни да возат секојдневно, ни рефлекси имаат ко што треба, ни ништо. И построги здравствени прегледи за утврдување на способноста за управување со возило.
Жени опседнати со утакмици ми се бламажа невидена. Не знам зашо ама ми имаат некој вајб као муживе пред кооперација шо се. No hate, гласно размислувам
Јас порано бев опседната со тенис, буквално не испуштав натпревар. И најмалите турнири од АТП 250 ги следев. Да знаеш како сум гледала у еднава рака на телефон пуштен стрим од терен бр1, на тв пуштено централен терен, на другиот телефон терен 2. и на лап топ исто тенис.
Казната за кривичните дела треба да е повеќе според превентивноста на делото, колку си бил приморан да го сториш нештото наместо според штетата. Therefore луѓе што вандализираат урбана опрема заслужуваат поголеми казни од некој што убил во самоодбрана. Првите немале апсолутно никаква потреба да го сторат делото, не биле во никаква опасност, никој и никаква ситуација не ги натерале, за разлика од вториве.
Немам ни јас. Искрено мене не ми се ни свиѓа и немам намера да купам. А и кога ќе видам дека нешто сите го носат, автоматски ми станува одбивно.
Апсурдно е постојано да се зборува на теми пари, штедење, финансиска писменост и сл., а од друга страна да немаш ни 2 месеца работен стаж на 30 години.
Користење било каква контрацепција освен кондом, како пример спирали, апчиња и слични срања кои си играат со здравјето на жената и кај кои нема никаква заштита од сексуално преносливи болести е чисто патријахално перење мозок и ќе кажам нефеминистички. Единствено го подржувам кај жени кои немаат глас и право на избор, како жени со пречки во развојот, неподвижни и жени кои се во установи и во кома. Ако не ви е јасно зашто, гуглајте си.
Од тука произлегува и второто, на мажи во професии каде им треба основна човекова емпатија не верувам, и смртам дека треба да пројдат ригорозни психолошки проценки пред воопшто да запишат некој ваков факултет, а особено пред да се вработат и плус да им се провери интернет историјата и да се разговара со лица од нивниот приватен живот. На прво место ми се мажи кои сакаат да работат со деца.
Политичарите се само одраз на народот. Не можи мицко жмицко виновен да е за копитото шо пред мене фрла ѓубре од кола, или поминува на црвено, или секоја минута од денот му поминува во размислување како да го зафркни системот. Се големи таблети за проголтување дека не сме толку паметни и интелигентни како народ, ама таа е вистината.
Па више аман од булшитот дека е океј жена да не придонесува ИЧ у врска, ама како така она ќе работела, еве она деца ќе му раѓала. Океј, значи ако е неплодна недајбоже, ништо од бизнисот, да ја остаи значи? Да, он нека те вози и нека плаќа све, па утре ако раскинете на 30 години, оди од твоите барај за влошки.
Да си жива и здрава за муабетот Разбирам ако не може да работи од оправдани причини (здравствени проблеми недај боже или нештп друго), ама здрава права да седам дома и со прст да не мрднам, додека маж ми работи цело време...себично ми е, не знам.
Ултра модерните имиња на децава родени последниве неколку години не се случајност туку очај на родителиве да бидат посебни и уникатни. И името ти е идентитет, го носиш цел живот, не знам стварно како некој не размислува двапати пред да го одбере.