Едвај чекам утре да дојде, да прочитам кога и кој го родил неговото 11 то дете. 3 деца во последниве 3 дена, вау
° Руските мажи не се воопшто убави. ° Русинките се поубави од Украинките, а демек нели се ист народ. ° Сите Црногорци не се мрзливи. ° Египет како дестинација е преценета. ° Земјата не е рамна. (голем дел од луѓето се убедени во спротивното). ° Искинати фармерки не треба да носат девојки и жени па и мажи кои носат со прекумерна тежина, невкусно е ама на кого да му кажеш. ° Носење униформа на работа или школо не е лошо ни страшно баш убаво и претставително делува. ° Ако си прилично висок/а и имаш долги нозе, не значи дека по дифолт си згоден/на и атрактивен/на, не летајте во облаци до толку.
Кардашијан и Хадид не ги бива за ништо. Првите се распрденици без мозок, а вторите робови на мајка им монструм. Тејлор Свифт е болно створење што ги искористува мажите за да заработи. Гледање на мајчинството како на врвно достигнување во животот, е губење на себеси и давање согласност да му се робува на патријархатот. Луѓето кои често раскажуваат за нивните пијанства не се интересни. Не е интересно да раскажуваш по 100 пати како си уништил/а нечиј роденден, свадба или друг вид на прослава. Тоа што немаш слики со други на социјалните мрежи и тоа што велиш дека немаш друштво, не значи дека немаш никој. Некои луѓе не сакаат да ги користат и им ја почитуваш одлуката, па не споделуваш фотографии.
Пола од мислењава се утнати, не се воопшто unpopular opinions, повеќе се како лични исповеди. Несовршена торта со homemade изглед е далеку посимпатична за детски роденден отколку перфектно моделирана со сè и сешто на неа.
Ќе се надоврзам, јас познавам ама само една личност. Не би рекла дека непопуларно мислење е дека Земјата не е рамна. Напротив...
Во идеален свет не на секој му е дозволено да има деца. Со оглед на тоа колку многу луѓе познавам што 0 труд вложуваат во нивните деца и нивната добробит, ги мрзи да посветат време на детето и на неговиот развој, да не зборувам дека психички нестабилни се повеќето, сметам дека во идеално општество не секој треба да има таква можност. Sue me
Да, ги има. @Bitter-Sweet популарно мислење е? Добро, можеби е. Па затоа напишав за оние што се убедени дека е рамна и цврсто стојат на тој став, ги има доста, не се малце, за жал, и нема да се сложат они со ова никако. Има право @MissChievous дека малце забегавме со мислењава и некои делуваат како лични исповеди да се.
И темава се искористи за фурање слободно и 100% нерегулирано '' храбро'' и '' еџи'(edgy) '' бедесбичерство(позади тестатура), од дежурни бедесбичес (позади тестатура). Уау, значи уау, фрапирана сум. И unpoular мислењата не се тоа што беа откако почна '' еџи'' трендот каде секој втор е ''еџи'' и '' поинаков од толпата нели''. Spoiler: Unpopular opinion Не е.
Во тој контекст, непопуларното мислење е: земјата е рамна. Зошто популарното мислење е дека не е рамна, односно е топка.
Тaylor Swift e многууу overrated, не дека е лоша, ама скроз е mid, ниту има некој посебен глас, ниту песните и се нешто wow.
Да се умешам во муабетите погоре, не можи да имате мислење за каква е земјата, бидејќи факт е дека земјата е топка (или приближно на топка де). Исто ко што не можи да се има мислење за, рецимо, гравитација, или дека 1+1=2. Ама ај да не се оди надвор од темата. Уште едно мое непопуларно мислење, не можи да им кажувате на луѓето што да прават во врска со нешто кое не го засега вашиот живот. За имање/немање деца правам муабет. Ниту си паметен ако немаш, ниту глуп ако имаш (не знам ни дури од каде иди вакво црно бело размислување). Ама дека треба едукација за идни родители да, треба. Бидејќи многу деца растат во нездрави средини, и ако сакаме да градиме иднина со здрави и стабилни индивидуи треба многу повеќе време да се посвети на едукација.
Бел тен е поатрактивен од темен. Хрватите се поубави од Србите. Англичаните се добар и фин народ, ако не и најдобар.
Spoiler Да се надоврзам малку со ова мислење затоа што ме инспирира. - Такви луѓе што се дружат со секого и со сите се согласуваат се најлош тип на пријатели и се безкарактерни. - Луѓе што се секогаш неутрални, што секогаш избегнуваат (дури и здрави) конфликти се lame и незрели, а се кријат под маска на некоја фејк позитивност и добрина. - Парите НЕ го прават човекот лош и тоа што повеќето мислат дека имањето пари = зло во голем број од случаеви е доказ колку лош однос имаме со парите.
“Брат/сестра ти е”, “мајка/татко ти е”, е глуп изговор, уште полошо убедување од другите да толерираш токсичен однос. Без разлика за кого се работи, ако е токсичен е токсичен и за твое добро сечи врска и терај без нив. Семејството од каде што доаѓаш не смее на никој начин да ја ремети и нарушува хармонијата на семејството што доаѓа од тебе.