Не те разбирам. Какво год да ти е името, идентитет ти е. Затоа не сфаќам ставање имиња од ракав кои немаат никаква смисла. Па и препрестарински оти морало да биде по дедо.
Ако за тебе нема смисла не значи дека и за родителите нема смисла името. Идентитетот е уникатен и единствен, а и не може сите да се викаат Марија или Александар.
Пред сè, името треба да има смисла за детето. Детето да не трпи булинг поради име со лошо значење. А, во денешно време родителите често бираат имиња без да ги проверат значењата и со какви ликови се асоцирани. Потоа децата доживуваат пекол.
Па никој веќе не става имиња кои пример биле застапени во моја генерација, да не зборам за претходните. Што значи сите ќе бидат со чудни имиња и кој на кого ќе му врши булинг?! Искрено ме интересира, за кои имиња се работи, а ги знаеш и притоа имаат лошо значење или асоцирани со некакви ликови?
Како да сме сигурни дека баш тоа име ќе има смисла за детето? И какво е тоа лошо значење па и поврзување со некои личности? Денеска булинг се врши ако врвката на патика ти е лошо врзана и што со тоа? Ако сте слушнале некое име кое вас ви звучи грдо и ајде една теза да се напише па оти и зошто некој се вика баш така. Буквално како баби на клупа пред портиче се размислувањава.
Рецимо име Господин. Да не се зезам, има и такво. Ја булинг за име нит сум правела, ниту ќе правам. Али да имав некое име што треба некој да крши јазик да ми го каже или нема ич смисла, немаше ич да ми биде убаво. Моето кога ќе прашам луѓе веќе го сметаат за "возрасно", замишљаат само жени у 40ти со него ама е кратко, одговара на наш јазик и концизно.
И колку се такви? Вкупно еден или двајца? Колку што знам човекот што се вика така баш со гордост си го носи името зошто и по медиуми го имаше едно време. Значи нас може ни е пресмешно и џабе е кога човекот си го сака името какво што е. Со предрасудите испаѓа постаромодно и со закоравени ставови, отколку тоа колку се стари и глупи нели самите имиња.
Секое име има значење и се асоцира со некој. Луѓе со години прават истражувања и објавуваат на вебсајтови. Подобро е да се провери отколку да се дозволи детето да страда. Еве за неколку од наш и странски регион иако има купишта. Адолф-поради Хитлер иако пред него било доста омилено име бидејќи значи благородник, благороднички волк. Слично и со имиња на други диктатори (Бенјамин, Бенито, Николо, Тито и тн.). Иако некои имиња имале убави значења, диктаторите ги извалкале и сите луѓе со истите имиња биле/се навредувани дури и ако се добри луѓе. Азраел/Азраил-смрт, името на ангелот на смртта. Арес-руина. Афра-прашина. Бегонија-поради цвеќето кое е токсично за некои животни. Бранко-деминутив од име кое значи бранител, но кај нас се асоцира со Црвенковски и неговото лошо владеење сосе вмешаноста во транзицијата. Галена/Галина/Гала-за некои значи галена или преразгалена личност, а за други смирена. Дам(и)јан-потчинет и скротен. Дездемона-лоша судбина. Долорес-болка, тага. Емилијан/Емилија-завидлив, ривал. Елизабета-заклетва, но се гледа негативно поради британските кралици. Златан/Златана/Златко/Златка-значи злато, ама некои ги асоцира на зло. Јакоб/Јаков/Јакуп-измамник, наметнувач, подметнувач. Јов-омразен. Каин/Кејн-опседнат човек, освојувач. Исмејувано име поради библискиот запис. Калвин-ќелав човек, плус и дел од христијанскиот свет не го сака поради оној од Протестантската Реформација. Касимир/Касимира-уништувач на мирот. Катерина-според едни значи чиста личност, а според други тортура. И доста познати Катерини низ историјата не биле омилени меѓу луѓето. Ки(ј)ан/Ки(ј)ана-антички и издржлив човек, крал, но имало и малтретирач во ОК со ова име. Клаудиј/Клаудија-мрзелив, сакат. Корнелиј/Корнелија-рогаст. Леа-жалосна, презагрижена. Магдалена-од име на село што оригинално значело кула. За некои има негативно значење поради Марија Магдалена и нејзиното минато за кое до ден денес се дебатира дали е точно кажувано. Мара-горчлива. Марко-воен, не е веќе толку омилено поради тоа што порано почесто се давало на магарињата, а и на некои лоши римски владетели и офицери. Меглен/Меглена-ветар и магла. Мелани/Меланија-црна или темна личност, има негативна асоцијација со Меланија Трамп. Нејтири-по име на женски лик од филмовите Аватар. Почнаа да го ставаат на ќерките иако ликот е крајно наивна и смотана личност. Персефона-носачка на смртта. Ракел/Рахел/Рашела/Рејчел-вид на овца. Роза/Ружа-негативна асоцијација поради цвеќето со трња. Савко/Савко-стар човек. Сесил/Сесилија-слепа личност. Слободан/Слободанка-слобода, но Милошевиќ со своето однесување го загади името. Стојан/Стојче/Стојанка-стои. Близок го зафркаваа дека стои и не прави ништо, значи не го бива за ништо. Томислав/Томислава-во некои јазици значи двојство, а во други измачување или мачител. Тристан-тажен.
Кога ќе се рече дека детето може да е исмевано поради името се мисли на имиња кои звучат смешно, не заради специфична историска асоцијација за која никој не размислува. Можеш да бидеш сигурна дека никој нема да гугла дали Емилија значи завидливост па да врши булинг заради тоа.
Ама ги наброја....пола од имињава не ги ни ставаат, другата половина не се ни замараат. Ако веќе ви помага AI, барем нека имаат смисла одговорите.
Луѓе никако не се спремни да бидат родители на 18 години. Има приказни од такви што станале и испаднале добри родители, тоа јасно. Ама родителството е нешто што се планира и не би требало да имаш деца без стабилна работа или барем стабилен финансиски прилив и дом башка од родители. Барем зрела особа размислува вака пред да има деца. А не знам кој ја има постигнато таа независност толку рано. Тек си станал полнолетен ама више си независен доволно за да се грижиш за друга личност. Нема грешка. И оние кои добиле тогаш дете било од неедуцираност, од некоја пуста желба да бидат млади родители или мислеле нема од прва да бидне па ајде. Ама дека е разумна планирана одлука, не.
Немам време да ги видам сите цитирања, па ај на тебе. Прво ќе те замолам друг пат сама да си изгуглаш пред да се правиш паметна. Второ... Одамна постои цела гранка за изучување на потеклото на имињата која се слева во повеќе науки за да се валидира постоење на некој или нешто. Години далеку пред да се измисли компјутерот, па камо ли интернетот и ВИ. Во средно и на факултет ми се падна ваква задача за истражување на имиња на луѓе и места. На интернет има куп вебсајтови на кои може да се побара значењето на имињата. И кај некои дури има инфо за во повеќе држави (на пример behindthename.com). Нема ни потреба, ни смисла машко дете да се крсти Господин. Ако биде добро воспитано, секако дека ќе го сметаат за господин човек. Или за женско дете чие име значи катастрофа или несреќа. Како да не го сакаат. Зошто побогу така да му се прави на дете? И другите да не се потсмеваат пак самото ќе се чувствува лошо кога ќе дознае. Факт е дека секогаш и секаде може да се наиде на некој кој знае што значат некои имиња и може да им се потсмева на тие кои ги носат. Не треба да се потсмева, но тоа му иде од домашното невоспитување. Колку и да се обидува некој да ги смени луѓето, нема да успее сите да ги смени и да ги убеди да не се потсмеваат. Заради тоа е подобро идните родители на време да мислат какви имиња ќе им дадат на децата. Децата не се должни да трпат болка поради нивното незнаење. Можат да си сменат имињата кога ќе дојдат на законски дозволените години, но не можат лесно да ја санираат веќе направената штета.
Мајкичкиве дури ни едно сведителство не можат да земат без подарок за учителката . Ќе им напише минус и ќе паднат во немилост кај неа.
Многу ми иритара зборот искачам. Може да се каже како што е, излегувам. Или на било кој друг дијалект многу подобро е како излегвам на пр.
И мене а го користам после се нервирам зошто го користам. И ,,уствари" исто А луѓе чудно ме гледаат кога ќе речам всушност