Колку си полуписмен, поголем си инфлуенсер. Буквално. Да патуваш, а не знаеш правилно да напишеш име на држава и регион е врв на глупост. Ај, барем е смешно
Деновиве читам мислења ,колумни и драми околу “женските ” часови два дена неделно на базенот во Тетово. Сосема исправна одлука. Може да ја разбере само оној кој живеел и живее воТетово, од скопска гледна точка не, скопјаните искочија со многу осуди, тетовчаните со многу понапредни сфаќања. Жената има право да избере да не сака да има мажи во близина кога плива. Идејата со термин од околу 3 саати е сосема ок за жени. Тоа е слобода Нека си пливаат жените раат и комотно. За другите граѓани си има слободни термини. Подобро ќе оди раат жена на базен кога се само жени, отколку неизживеани дијаспорци од Швицарска и Немачка да свиркаат и да гледаат.
Ако се иде со тој мајндест онда ќе им ја вратат и бурката за низ град да не им дофрлаат дојденците од Швицарска пошто им се гледа кожата и косата.
Дали ќе им ја вратат бурката Тоа е нивни избор, не наш. На жената треба да и се даде избор да плива на јавен без мажи и тоа им е дадено на сите. И на наши и на нивни.
Целосно оправдувам крвна одмазда у вештачкава творба Фиром. Кога институциите не функционираат од осамостојување, правдата треба да се зема во свои раце. Не можам да замислам да имам дете, некој да го тера да јаде измет и да го малтретира, или да го согази на пешачки, и потоа истите да шетаат слободно на улица, да завршат со некакви смешни казни, а јас да живеам со болката и загубата, до крај на живот да се влечам по судови и да се надевам на некаква правда, или да се тешам со некакви измишљотини како карми, божји казни и слични срања кои се последна утеха за обесправени.
Ова! Никој не може со сила да те “уназади” (барем не во држави каде што не владее Шариа законот). Освен тоа, насекаде низ светот постојат хостели/соби во хостели само за жени, фитнес сали само за жени, во Јапонија (што е напредна земја со минимално муслиманско влијание и население) има делови од метроата само за жени. Не сфаќам што толку прашина се крена? Никој не забранува ништо, напротив, овозможува. И искрено, често пати сум се чувствувала манијачена на плажи/базени и радо би отишла во период кога има само жени, целосно неповрзано со религија.
Опсесијата со “мислењето на другите” особено пак во помали средини е доброволно ропство.Фразата “Што ќе кажат луѓето?”се уште крои судбини,за жал.Ради стравот од туѓото мислење,има многу жени што остануваат цел живот во несреќен или токсичен брак,луѓе што никогаш не се осмелуваат да започнат сопствен бизнис или остануваат на работа што ја мразат затоа што “така е посигурно”.Има луѓе кои со години сонуваат да се преселат во друг град или држава,но никогаш не заминуваат затоа што се плашат од коментарите на околината. А реалноста е дека на луѓето реално им е гајле за тебе точно 5 минути дур пијат кафе со комшиките од маало и трачарат,а некој ради тие 5 минути туѓа досада си жртвува сопствени животни избори и среќа со години.
Тикток е топ апликација, само треба да си екстремно селективен со содржината, штом си го наштимаш алгоритамот, ќе налетуваш претежно на супер интересни и корисни ствари. Ако не успеваш да го наштимаш, можда интересите ти се срање. Истово важи и за Тредс.
Луѓе што не сакаат нивните органи да бидат донирани после смрт, треба да се последни при листа на чекање кога самите би имале потреба од пресадување орган. Барем еве нека се изјаснат и дали воопшто сакаат да бидат спасени ако им треба орган.
А можеби наместо тоа треба да се увиди во какво општество живееме, т.е се живее во Тетово за да воопшто има потреба од женски термини и простори? Овозможува слобода, привремено чувство на сигурност кое избледува откако ќе излезеш од тој сегрегиран простор. Тоа не е вистинска слобода, туку неколку часа одмор од опресијата.
Мојот кум на времето ко сум се родила сакал да ме крсти Муша по баба ми Маруша. Власи. Е тоа е име за булинг и исмевање. кај си ма Мушичке гарант ќе ме викаа. Арно мајка ми била при здрав разум и рекла или како шо се викам сега или мене кум не ми треба. Колку за во црква секој може детето да го држи. Вие шо ги наброја ниту едно нема да е за булинг, значењет ретко кој го знае.
Нема полошо од Македонец кој живеел неколку години во странство читај Америка, па се враќа да живее тука прауд то бе Американ
Овие не ги издвоив џабе иако има уште многу лоши. Доволно е еден од семејството да има широко познавање на темата и да им каже на другите. Тоа се шири. На пример моја професорка имаше кажано дека истражувала од дома во присуство на нејзините деца и тие се смееле на некои имиња. Па, морала да им одржи лекција и за смеењето. Подобро е на време да се мисли, како што направила мајка ти.
Зошто? Сериозно прашувам. Нас постојано ни стигаат писма за согласност. Некако шубе ми е. Мислам јас немам против, ама се осеќам како да давам согласност некој со комбе да ме собере и да си извади што му треба.