И мене ме занима, има ли некој ризик? Ја си праам сценарија, потпишувам и ме киднапираат, ме носат у Косово, ми ги вадат оние кои ми се читави, а ја ,,умирам у сообраќајка". Немам склоност кон теории на заговор, али живеам у држава каде онколози им давале грешна терапија на пациенти и уште еден куп скандали у здравство, па се сомневам у сѐ, свашта може да им текне за да профитираат.
@ArabellaStarfall @FriendOfDorothy Уф. Долга и широка е. Ќе пробам да сумирам најкратко. Прво, апсолутно се сложувам дека донирање органи спасува животи и звучи нели како благороден гест. Фактите се тие што, за да донираш орган треба да си “жив”, оти во моментот кога срцето престанува да чука, органите почнуваат да се распаѓаат. Значи некој треба да умре за ти да живееш. Се донира орган, кога тим од доктори ќе констатира дека си бреин дед. Бреиндед е легална и медицинска смрт, кога не постои веќе функција во мозокот, се смета дека човекот не може веќе се поврати од таа состојба, не чувствува болка и единствено што го одржува во живот се апаратите, ама срцето чука уште. И до тука е во ред, кога се доаѓа до тој стадиум да си билка, во ред е да се донираат органи. Меѓутоа, иако во теорија се вели дека бреиндед е не ревирзибилна ситуација, во пракса се покажало поинаку. Впрочем зборам од искуство на другарка. Внук на другарка кој на 9 години доживеа страшна сообраќајна несреќа и докторите го прогласија за “бреиндед” и страшно инсистираа и напињаа за донирање на органите. Братучетка и не може да си прости што се согласила, среќа зет и одбил. Детето има 23 сега, одново учел за оди, да јаде, да збори и денеска е со мали последици. И ова не е изолиран случај, има мал милион буквално вакви исти или слични искуства каде луѓето после “бреиндед” учат да прават основни работи одново, ама продолжиле да имаат функционален живот, некој повеќе некој помалку. Прашањето што се поставува е кога навистина е бреиндед ситуација? Кога навистина можеме да сме сигурни дека тоа е тоа и нема назад? Особено поради што сите знаеме колкав бизнис стои со органи на црн маркет, кога некој што има пари не му е гајле дал некој треба да умре за тој или некој свој да му земе орган и дека постојат доктори што за пари се ќе направат. Како да сме сигурни? Па и од фајловите на дегенерикот видовме дека и од Македонија оделе мозоци, живи или мртви, имам проблем да верувам дека луѓето дале согласност за тоа. Огромни манипулации постојат и тоа е страшно што никогаш не можеш да си сигурен. Во суштина и во некоја утопија, некој што навистина е бреиндед ќе донира орган и ќе спаси живот, ама во овој свет денеска да веруваме дека е така во секоја ситуација е малку налудничаво. И најстрашно е што, ова не се теории на заговор. Црниот маркет со органи постои и сите знаеме за него.
На вести нешто фатив дека матичните ќе не прашуваат за согласност, некој нов закон имало?? Али ќе потпишам дека ќе ги донирам, ме теши тоа што сигурно ми се крш органиве од нездрав начин на живот, па ќе ми ги вратат и зашијат откако ќе ме киднапираат.
Значи бил во кома не медицинска смрт, ама докторите не знаеле да препознаат.. Јас колку што знам нема шанси никој да те разбуди од медиумска смрт бидејќи практично си мртов мозокот ти е мртов, а се друго е кома дури и минимална мозочна рекција е кома и не смеат во тој случај да се донираат органи...
Па да де. Тоа е поентата. Кога можеш да си сигурен дека навистина е мозочна смрт, а кога е “мозочна смрт”.
Кој ги сликал диносаурусите кога во тоа време немало луѓе а не па апарати. Прашање од малиот мој. Хм.
@Mr.Limonko Exactly. Да додадам дека иако грешки секогаш може да се случат, сепак погрешно дијагностицирана мозочна смрт е екстремна реткост. Бидејќи проценката сепак се спроведува врз основа на строги медицински протоколи и не се поставува врз база на една проценка или претпоставка @MiloMalo Никој не ги сликал, тоа што денес гледаме се научни илустрации т.е како научниците врз база на фосили и споредба со други животни ги реконструрираат
Па затоа ќе си потпишете ете дека неќете да донирате. Ама ез ај сед, зошто вие утре да имате право на срце, џигер, бубрег од некој друг? Не даваш, не земаш, крај. Ако не се лажам, има земји кај што ова е пракса. Ако не си донор, последен си на листа ако утре ти треба тебе.
Освен што никој не збори за погрешно дијагностицирана мозочна смрт, која е екстремна реткост. И муабетот е во сосема друг правец.
Не мора да потпишувате дека сте донори, едноставно кажете им на своите или во тестамент пишете дека кога веќе е сигурно дека нема спас, да ги донираат органите на лице место... Кога гледаат дека некој е донор, едноставно не му се борат за животот оти повеќе се у ќар ако ги земат органите, а вие станувате колатерална штета... А да не праиме муабет што ги препордаваат органите на тој кој има да плати, особено срца а на нас ни продаваат муда за бубрези демек приоритетна листа, што функционира не викам не, али пара врти где бургија нече.
Никој никого не смее да тера да донира органи и сосема е разбирливо да не сака. Нели, мое тело - мој избор да одлучам што сакам со своето тело.
Трагикомично е колку родителите денес се трудат по секоја цена да бидат модерни со тоа што на своите деца им даваат странски имиња. Презимето апла македонско, а името... Неприродна и смешна е таквата спојка од име и презиме на сила.
После таа во 2020/2021 ова е на второ место. "Мое тело - мој избор" важи се додека таа одлука не се коси со нечии бизнис интереси и однапред зацртани агенди.
Апсолутно. Се согласувам дека одредени часови не се во ред. Мојот коментар бовеќе беше насочен на овозможувањето на female only простори, како и, подобро нешто отколку ништо за жените кои живеат во одредени предели. Целосно се согласувам дека заслужуваат слобода во било кое време и било каде. Се надевам не го разбра мојот коментар погрешно.
Леле луѓе што зборите? Да, едвај чекаат да остават да умре некој. Сите се собираат и викаат не бе не го спасуваме овој. Се потенцира и промовира дарување на органи зашто има листи на луѓе кои умираат додека стигнат да им се трансплантира орган. Има полесни начини да се стане жртва на нешто нелегално, не мора да се вклучат сите овие долги и детални процедури. Не ја разбирам одбивноста. Уствари океј, сфаќам дека за во Македонија постои (оправдано) сомнеж за сѐ, ама за вас што живеете надвор...
Башка за да се трансплантира орган, треба во моментот да има погоден реципиент што чека, не го вадат срцето да го стават да чека со денови и месеци да се појави некој.
Јас пак не ве сфаќам вас што прифаќате здраво за готово сè за што ќе слушнете на тв дека е уау нај нај, без притоа малку да имате сомнеж во нечија намера и без малку да пробате да уклучите своја глава и размислите. Нема врска тоа каде живеете, внатре или надвор... *овде 'сомнеж' и не е баш најсоодветниот збор, најсоодветен би бил англискиот 'questioning', што е секако неупотреблив поим за вас...
И не може никој да те киднапира/убие од толку многу донори што потпишале од кај ќе знае од кој ќе му одговара орган..