Непопуларни мислења (Unpopular opinions)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DaisyDoo, 6 септември 2023.

  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.412
    Допаѓања:
    158.239
    Пол:
    Женски
    Ако реши некој да те киднапира и да те однесе во Косово да ти вади органи секако ќе чека прво согласност да потпишеш кај матичен :D, дека они строго по правила и прописи работат :D.
    За други малверзации, приоритетни листи, правење профит.... не коментирам
     
    На Srckata28, FriendOfDorothy и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    741
    Пол:
    Машки
    Вадењето органи во Косово се случуваше за време на воените дејствија таму, пред 20 години. Денес главниот "пазар" за вадење органи во Европа е во Украина. Се додека не одите натаму, безбедни ви се органите.
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    191.863
    Пол:
    Женски
    Ова во Тетово е жива глупост. Да има повеќе базени, тогаш може да се збори и за фимејл онли базен, а не само саати. Со тоа што сите други би имале избор каде да одат на пливање. Такви базени, теретани и сл има насекаде во светов, што и има смисла. Со еден единствен базен и фимејл онли неколку саати е само неиздржан аргумент за некаква си заштита на жените.


    Па надвор побарувачката на органи е 100 пути поголема што остава простор за повеќе малверзации. Надвор исто има бизнисмени, политичари, луѓе од големото добро утро кои што ќе добијат орган оти се моќни, а не се ниту на листите за чекање. Ние може да ги роматизираме листите на чекање до утре сабајле, ама тие се за обичните смртници. Оние со моќ, не се на тие листи нигде во светов, ама пак ќе стасаат до органот пред оној што ставил 100 потписи за донирање. Манипулацијата со органи е широко распостранета и веројатно кај нас полесно можеш да добиеш орган оти секој знае некој, во странство ако имаш среќа на некој “битен” баш во тој момент да не му треба пред тебе. Какви работи токму надвор се дешаваат, некогаш имам чувство дека ние на Балканот сме мачиња. Да си поплукаме само во пазува да не ни тропне на врата.
     
    На Gosh, Billy Idol и pinklipstick им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    46.478
    Пол:
    Женски
    Многу интересен заклучок за тоа како функционираме "ние", претпоставувам водејќи се од сопственото искуство и мислејќи дека истото го прават сите? Бидејќи според сѐ што пишуваш на форумов ти си таа што се чини дека верува на сѐ, само смени го медиумот.
    Па океј, ако на Трамп му треба орган ваљда ќе му најдат одма без разлика дали има листи за чекање или не или постои или не доброволно дарување.
    Тоа не го менува фактот дека дарување органи спасува животи за обични смртници, што се гледа во пракса.
     
    На Munchmallow20 и M&M им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    51.515
    Ја не знам кај кажав дека сум против донирање на органи?!
    Кажав не се пишуваш донор жив и тоа е тоа.

    Да, ако си донор побитен им си мртов и тоа е фактичка сосотојба а тоа што вие си живеете у розови светови е ваш проблем. Имате интернет, гуглајте, читајте.
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow, Mia-Wallace и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    51.515
    Многу луѓе, особено жени што сите ги прават као ваууу, не се ништо посебно нит згодни нит убави по општи стандарди, туку се само слаби.
     
    На Maelina, Oxymoron, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Помогни си со хормонска терапија,на запад е скоро обавезна како одење на забар ,кај нас има жени што не ни знаае дека постои.Сериозно ова.
     
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    18.216
    Не се брани со наметнување врз другите тоа што е факт за тебе, кога веќе немаш што да кажеш...
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    20.778
    Пол:
    Женски
    Нит ако си слаба значи дека си згодна, убава, привлечна :drunk:

    Али ко шо знаеме искривена си е перцепцијата.

    Лошо е шо сево ова има огромно влијание врз луѓето, да праи да цело време се преиспитуваат, а со тоа и измачуваат.

    Непопуларно - Луѓето се глуперди од створови.
     
    На Mumoftwo30 и lovely91 им се допаѓа ова.
  10. TwistedSister

    TwistedSister Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    660
    Од Gen Z па наваму генерациите се многу попаметни и поотворени и пошироки видици имаат за разлика од претходните генерации. И критичкото мислење им е подобро. Ова баш го имам приметено. Не знам дали е непопуларно бтв.
     
    На IvvaNeo, Angie1432, AlmaOculta и 3 други им се допаѓа ова.
  11. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    801
    Пол:
    Женски
    И јас го делам истово мислење
     
    На IvvaNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    9.973
    Пол:
    Женски
    Од хормонски терапии ми дозволија само вагинална крема. Орални лекови со гинекологот одлучивме да не земам заради други здраствени состојби што ги имам и можните ризици.
    Прво што направи е што ме прати на преглед за вените, за градите и на декса за коските. Заради проблемот со вените првенствено ми е најризично, поточно и на трансфузиологија ми рекоа дека не препорачуваат и дека ризикувам длабока венска тромбоза и згрутчување на крвта (што носи ризик од удари и сл.). Доколку ја почнев хормонската терапија ќе мораше да одам на секои две недели на контрола на трансфузиологија и ако се влошуваат параметрите секако ќе морав да ја прекинам.
    Хормонската терапија може се дава често во светот, ама мора да е персонализирана и прилагодена на пациентката.
     
    Последна измена: 10 јули 2026
  13. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Ајде вака, како медицинско лице само да објаснам што се се случува за да дојде до органодарителство.

    Прво, не треба да е човекот мртов туку само со клиничка смрт како што имаш и ти објаснето. Тоа се најчесто сообраќајќи во 95% од случаевите, кадешто има тешки повреди врз главата. Кома не е еднакво со клиничка смрт како што имаш пишано за детенцево. Лаички објаснето како што има екг за срце има и апарат за мозокот. Кога ќе биде рамна линија, односно значи дека во мозокот веќе нема никаква активност и до мозокот не стасува кислород, после некое време веќе се констатира клиничка смрт. Се случува некогаш после некоја минута да се врати активноста во мозокот и доток на кислород и тоа се тие случаеви што “преживуваат клиничка смрт”. Но и тие имаат големи последици, некаде траен инвалидитет, оштетување на говорен центар итн. Откако ќе се случи клиничката смрт имаш одреден временски период да се уште има кислород до другите органи во телото, потоа бидејќи мозокот е мртов не дава наредби до телото да продолжи да ги извршува основните процеси како дишење. Кога дишењето ќе запре веќе органите не се компатибилни за дарување бидејќи до нив нема доток на крв и тогаш веќе настапува смрт а не само клиничка смрт.

    Е во тие часови додека автономниот систем се уште работи и органите се “живи”, има листи на луѓе што чекаат органи и се гледа кој е пред се иста крвна група, а тука не е само крвната група туку има и милион други дополнителни анализи што ги прави секој човек на кој што му е потребен орган и треба сите тие испитувања да се совпаднат со кадаверот (органодарителот). Во меѓувреме доколку експлицитно самиот пациент нема дадено согласност дека органите можат да му бидат дарувани, се чека согласност од најтесната фамилија. Потоа за оние пациенти коишто ќе се согласат да примат орган, а ќе се изненадите колку од нив одбиваат заради страв, доаѓаат 2-3ца од 10 побарани и им се прават повторно испитувања, кардиолошки прегледи, анестезиолошки прегледи. И од 3ца во најдобар случај 1 ќе ги “помине” сите испитувања успешно и е спремен за трансплатација. Органите не можат да се извадат и да седат со денови тука туку трансплантацијата се одвива така што во две операциони сали една до друга, во едната е кадаверот и тим кој експлантира органи, веднаш во соодветни услови се пренесува органот во соседната сала и се трансплантира истиот орган. Трансплантациите исто така немаат 100% саксес рејт, за жал, ама е најдобрата шанса што може да им се даде на луѓето. Откако ќе се експлантира органот, местото се шие исто како за класична операција и човекот го враќаат на семејството и може да си го закопаат исто како и човек кој не би бил органодарител.

    Согласноста да бидете органодарител е само во случај кога би доживеале клиничка смрт, не може некој да ве киднапира и извади органи само затоа што сте органодарител и тоа да е легално.

    Разбирам по фајловиве што излегоа дека се создава сомнеж и можеби е оправдан за држави како Америка со голема популација, развиена медицина а лош медицински систем односно не е во фејвр на пациентите ами на буџетот на државата. Ама кај нас бидејќи сме и помала држава случаевите на клиничка смрт се и за среќа ретки и не може да се пикне некој “преку ред” дури и да сака зошто треба да се совпаднат милион работи, а нема ни толкава листа на луѓе кои чекаат органи за да има таква манипулација, за среќа и тоа.

    Дополнително, секој човек кој е на листа за чекање на орган е човек кој одреден орган не работи, така. Еве ќе земеме бубрези на пример. Бубрезите имаат одредена функција во телото а тоа е да елиминираат токсини преку урина. Е кога бубрезите не си ја вршат својата функција, другите органи компензираат, најчесто срцето е најоштетено и засегнато. А човек со оптеретено срце долги години што нема да пројде кардиолошки и анестезиолошки испитувања не влегува во сала дури да е и Рокфелер. Зошто? Зошто ќе умре на маса во сала, ќе го предаде срцето. Така што во медицината моќта што човек ја поседува надвор од болница веќе не е толку доминантна.

    Е тоа што се има случено кај детенцево не било клиничка смрт со месеци ами кома со месеци и можеби на тестирања кога ги тргаат од апарат немал никаква реакција па затоа и заклучиле дека мозокот не го раководи веќе тој автономен систем па е малтене “клиничка смрт”. Но, не може да е клиничка смрт со месеци. Зошто? Ќе пробам најлаички да ти објаснам. Ако почнеш да се давиш во вода, имаш минута до две кадешто издржуваш без кислород, после веќе паѓаш во бессознание и има фора до некои 5 минути максимум и тоа кај атлета спортист што има одлична работа на бели дробови. Кај просечни луѓе може да е и помалку од 5 минути кадешто некој може да те спаси И пак ќе имаш последици до одреден размер. Е сега дали можеш да си замислиш дека некого нашле после месеци и е жив и учи наново се? Верувам дека не. Причината е токму таа што откако престанува дотокот на кислород во мозокот, мускулатурата се олабавува и за жал настапува смрт.

    Јас го разбирам твојот сомнеж и нормално е понекогаш човек да се сомнева и да пристапи со недоверба, ама ете се обидов најсликовито што можам да ти објаснам како одат работите и дека не е толку едноставно како што навидум личи.

    Органодарителството е најблагородната работа што еден човек може да ја направи и до сите оние кои ја направиле, лесна им земја но огромен наклон за нивната фамилија за храброста и благородноста во нивната болка да одлучат да спасат уште 1-5 други животи. :l:
     
    На CareTee, butterfly6223, Cosmi и 13 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.627
    Допаѓања:
    138.817
    Пол:
    Женски
    Ај што се објаснувате медицински, океј. Ама ич немате поим колку сте неинформирани и несвесни за валканите игри околку овие процедури. Не мора да ве киднапираат за да ви земат органи.
    Погрешно прогласена мозочна смрт не е нешто екстремно ретко колку што се мисли. Низ светот намерно манипулираат со податоците и статистиките за да не се открива лесно. И со листите на чекање може да се манипулира. Документацијата исчезнува или се менува.
    Големците лесно доаѓаат до органи, та легално, та нелегално. Не ги интересира за одговарањето, имаат пари да ги менуваат.
    И не, некои доктори не чекаат таква смрт. Некаде притискаат за донирање органи дури и кога пациентот е долго време во кома оти нема напредок и инсистираат за донирање органи.
    Нели секој има право да одлучува за своето тело?
    Епа, ако сака да донира сам ќе си каже.
    Нема потреба други да прашуваат. Тоа мора да се регулира добро.
    И она кога на некои за брзо време и примените органи не им вршат работа, покажува дека е време за нови практики. Ми се допаѓаат оние идеи од лаборатории што ги пласираат на тв и во списанија за манипулирање на гените и создавање органи во лабораториски услови.
    Звучи футуристички, но камо да стане реалност за никој да не страда повеќе.
     
  15. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Некстредстајл просто се одушевувам на сѐ повеќе од твоите постови со “аргументи” прочитани на тик ток.

    Дадов мислење и аргументи кои што не само ги имам учено на теорија ами и на пракса. Дали ќе го променам твоето мислење? Не знам и не е важно. Доволно е на еден човек од тука со доволно отворен ум да му дадам до знаење како течат работите и да покренам свест околу органодарителство.

    Од тие “валкани игри” и перење пари еве јас живеам во стан кој го плаќам со хипотекарен кредит исто како и 90% од колегите коишто се оператори на истите операции, асистенти и анестезиолози кои се грижат за токму овие луѓе.

    Тоа твое футуристичко правење органи во лабораторија е токму маркетинг бизнис. Тоа не е впрочем ни од сега. Постои повеќе од 25 години. Тоа е бизнисот со матични клетки од папочна врвца. Идеологијата е дека кога ќе се земат тие матични клетки од папочната врвца кои веќе еднаш на сите нас додека сме биле фетуси ни “произвеле” органи, ако во лабораторија се имитираат услови како во утроба ќе можат уште еднаш да ги реплицираат истите тие органи кои ќе се 100% компатибилни за истиот човек ако не дај Боже некогаш му притребаат. Е арно ама тој бизнис и покрај тоа што постои повеќе од 25 години сѐ уште нема во пракса искреирано орган и никој никогаш не ги искористил тие матични клетки напротив ако пратиш вести имаше и кај нас сега скоро дека луѓе кои зачувале матични клетки после 15 години немаат ни трага ни глас од банкиве во кои зачувале. Е тоа е манипулација. Зошто чини 2.000€ едно зачувување матични клетки.

    И за крај, како човек кој е со клиничка смрт ќе даде согласност за давање органи? Кога тој би бил контактибилен тогаш не би била клиничка смрт.

    Искрено се истресе глупости до немајкаде. Ама ок. 300 људи 300 чуди.
     
    На Peperutce6, Cosmi, tanjita и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    191.863
    Пол:
    Женски
    Ги ценам твоите мислења, особено што знам дека збориш од лично образование. Меѓутоа, знам јас што е клиничка смрт, а што кома. Апсолутно дека од клиничка смрт не се враќаат назад. Но, кога постојат милион сведоштва како од “клиничка смрт” се вратиле назад, така излегува, оти ниеден доктор не вика на крај направивме грешка, па останува дека се вратиле назад од “клиничка смрт”. Затоа и ставам наводници во мислењата.

    Уште во првото мислење пишав дека донирање органи спасува животи и тука нема дискусија. Тоа не го намалува фактот за оние премолчени листи, кои кога ќе се деси сообраќајка први се чешлаат да се најде компактибилност, пред да се премине на официјалните. За жал.

    И ова не е од фајловите. Ова е нешто за што знаеме сите, ама страшно е колку овие страшни работи веќе не ги ни перцепираме се додека (чука 3 пати во дрво) не ни се десат нас.
    Да, огромни манипулации постојат. Така што не е само ќе потпишеш и си донор. Тоа донирање органи исто стана маркет и дел од синџирот на бело робје каде дневно милион луѓе исчезнуваат за нивните органи. Каде пред некоја година, две девојчиња од Грција беа во Албанија на забар демек поефтино да поминат, ама едното плати прескапо. Успано едното од нив и изваден не памтам кој орган. Така што, колку и да звучи хумано, многу поголем од тоа е бизнисот и уште поголем црниот маркет. Така што со право повеќето бараат да се повлечат од листите. Што рече Гош, кога доктор ќе каже нема назад тогаш фамилијата нека предаде. Многу така се имаме договорено и не ни значи ништо јавниот аплауз.
    И така малку простичко е да се мислиш за голем човек оти си потпишал за донор, а истовремено да ликуваш дека некој што не се потпишал за донор би бил најдолу на листа, кога тој што не потпишал може секако ќе донира а ти нема, а може и донирал и помагал многу додека бил жив, ама егото мора да лапрда. Ова не е насочено кон тебе, само надоврзување на дискусијата погоре. :)
     
    На MeowMeow, Mumoftwo30 и Gosh им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    27.143
    :yawn:
     
    На Peperutce6, bookslover и Gosh им се допаѓа ова.
  18. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за тоа дека не треба да се омаловажува некој што ќе одлучи да не донира органи, јас во ниту еден момент не направив такви споредби и би си ја погазила хуманата природа на работата доколку го направам тоа.

    Но, ова што ти го спомнуваш веќе не е органодарителство ами баш бело робје. Не го знам случајот но девојчето што го спомнуваш ама тука нема документации, барање компатибилност туку е типичен црн пазар на органи. И ова за жал не е од сега и нема никаква врска со органодарителство и потпис дека си органодарител. Работев на едно истражување во странство на темава и многу мрачно е дека таргет група се деца, адолесценти и млади возрасни и најчесто медицинската документација е изложена од член на семејството, потесен или поширок круг. Зошто забаров во случајов точно знаел медицински статус на детето за жал. Немаат они профит да извадат орган од човек што не е комплетно здрав. Многу е морбидно и језиво ама тоа се веќе виши политики врз кои ние обичните луѓе колку и да се трудиме немаме влијание.

    Јас зборувам за легалното донирање органи, дека се секогаш запазени протоколи, никогаш не се форсира фамилијата, секогаш е првата цел да се спаси пациентот и доколку веќе нема надеж за истиот, зошто да не се искористат органите за други луѓе да си го продолжат животот. Кај нас можам одговорно да тврдам дека нема такви манипулации. Ама пак ќе речам а убаво рече и ти. Ние сме мала држава, ниту има голема листа на луѓе кои чекаат органи, ниту на кадавери. Додека во Германија кадешто си ти, Америка и останати огромни држави има повеќе луѓе со таква нужда и повеќе кадавери па и простор за манипулација и менување приоритетни листи. Се согласувам дека е нефер, но тоа може да го спориме тука и за жал немаме моќ да го смениме светот и сите неправди во него.
     
    На Cosmi, eliesaab, Alek90 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    6.140
    Пол:
    Машки
    Многу е потешко фамилијата да одлучи, отколку самиот ти...
    Стави се на место некоја твоја сакана личност да е на тој кревет во клиничка смрт, ти во шок и од тага ќе можеш да размислуваш дали да ги донираш органите? Дали низ глава ќе ти се вртат илјада сценарија "што ако.."?
    Дали ако се одлучиш да ги донираш нема низ глава да ти се мота цел житот " Ама зошто потпишав може ќе се разбудеше, дали сум виновен" или ако не потпишеш а почине "Можеби денес да потпишев некој ќе живееше а со него и дел од таа сакана личност"?
    Во тој момент блиските не размислуваат свесно и оправдувам и кога не се согласиле...
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    191.863
    Пол:
    Женски
    Не зборам фамилијата да одлучи. Зборам ти да одлучиш како сакаш фамилијата да постапи во таков случај. Тогаш се почитува твојата воља а не вољата на фамилијата. Толку е едноставно. Со маж ми така сме договорени, освен што не сакаме официјално да сме на листа. :)


    @EnaEnA30 па тоа е проблемот денеска. Јас верувам дека секогаш се почнува со најдобра мисла, ама некако успеваме од се да направиме бизнис и пазар каде богатите секогаш имаат предност и најголем бенефит. На крај, црниот пазар е секогаш поголем од легалниот оти токму таму поише се профитира. Илегалниот пазар и легалниот се меѓусебно поврзани, оти врвот што го води работи на двете страни и затоа не може да се збори само за едниот, а другиот да е целосно исклучен.
    Македонија е мала земја точно, искрено не верувам дека кај нас се е толку легално кога кај нас корупцијатата е навлезена дури и во најниските слоеви, ама верувам дека помал пазар помалку малверзации. Во Америка практично се форсира во клиники донирање дури и ако не си на список. Германија си има своја приказна. И така тоа..
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.