Многу ја сакам Рита Ора, ја слушам со години, некои нејзини песни ми се најомилени песни и едвам чекам да и одам на концертот во Охрид да се изнаиграм. Ете така!
Како го поврзуваш органодарителството во клиниките со црниот пазар? Како цел болнички тим ќе фејкне нечија мозочна смрт(што треба да се докаже), да го извади и безбедно го превезе органот на друг човек, притоа заобиколувајќи еден куп прописи кои мораат да се исполнат? Многу е поедноставно да се убие "небитен" човек, односно оние луѓе општеството ги смета за небитни - кои не постојат никаде во системот, екстремно сиромашни, зависници, сексуални работници, односно кои лесно стануваат жртви на трговија со луѓе. Многу поедноставно отколку цели болници да тајно учествуваат во ваков бизнис. И тоа се случува, да, еден куп луѓе исчезнуваат од лицето на земјата и завршуваат некаде, ама тоа е целосно друга( и битна тема) која ја испреплетуваш непотребно во оваа дискусија.
Апсолутно не цел, ами дел. Како да не живееме во истата реалност. Ама добро. Кој не ги одел тие ходници не може ни да замисли како функционираат работите по клиниките. И се е параноја додека… не е. Башка што, ја ништо не испреплетов. Дискусијата почна од моето мислење токму на таа тема. А е испреплетено, оти и во суштина е баш така.
Чувството ко те боцкаат за канила е прајслес, некако болно уживателно. Се радувам ко ќе треба да ме боцнат во вена.
На онкологија тие што треба да те лечат, уствари те убивале. На нив мислиш прв пат им текнало? Инаку со причина се викаат некои теории на заговор, но можеби и има трошка вистина. Мене ми е шубе да дадам уште сега согласност. Понатака ако е прашан маж ми, секако нема да знам, нека се согласи или што сака нека прави, т.е срцето што му вика. Инаку знам дека си медицинско лице и си ја браниш својата фела. Тоа зборува за твојата чесност, но и наивност. Се додека не заглавиш по оние клиничкине ходници и не видиш какви се монструми од персонал има, додека чесните и тие што си ја сакаат професијата се ретки. Се ми е верно, додека некој не докаже спротивно.
И јас не ги сакам. Идеален сетинг за хорор ми се, купишта луѓе во изолирана средина без пристап до копно. Страшните филмови, реалните дешавки со крузери и сликите од туристите што ја прикажуваат реалната слика на нив ми се доволни.
Можеби сум пишала, но пак ќе го пишам, плавите луѓе се НЕНОРМАЛНО ПРЕЦЕНЕТИ врз основа на изгледот. У суштина се ништо посебно
Боље ќе седам на карпа на море, него ли на некоја перничеста лежалка што секој ден различен гз се поти на неа.
Кога сме кај одмор за мрзливи.. Никогаш не сум сакала пасивен одмор, да лежам цел ден и да не мрдам. Спиј сончај се и јади...Ќе умрам од досада. Исто мразам масажи и џакузи. Зошто јас седам а однадвор ми прави циркулација некој/нешто друго... Првпат кога отидов во спа и влегов во џакузи ми беше многу глупо. И сега, си викам, што треба да правам? Се осеќав како јајце во ѓезве што се вари. Не можев да дремам во водата без да пливам. Досадноооо.
Освен ако немаш вени, мене смрт ми беше тоа кога се пораѓав царски. Со тие бебешките игли не можеа да ми погодат вена, цела бев избоцкана џабе
Нивен проблем, искрено, јас не се мешам. Колонисти биле и едните и другите, тие имале заедничко кралство во кое Македонија била провинција. Како и да е. Мене не ми пречат, српска музика не слушам, а и останативе 4 комшии се надвор од умот заедно со Македонците, не дека Србите се некој исклучок. Откако почина пејачот Владо Јаневски, ми излезе објава од евровизиска фан-страна и Грци оставаа умоболни коментари, така што, цел Балкан е оболен според мене. Исто и Бугарите спамираат со промени на Устав во коментари каде што би требало да се критикува корумпираноста и неспособноста на Мицко. Хрватска е подалеку од тука и не прави проблеми. Често навивам за Хрватска во фудбал. За Грција и Србија или Албанија, на пример, не навивам (ама тоа е поради сплет од фактори, а не оти јас нешто ги мразам). Сепак, Југославија не требало да се распадне, со што Хрватите не би се согласиле.
Денешните пензионери патат од конзумеризам, немаат друга работа и се врткаат низ маркети, прават гужви на каса. Кога бев мала, продавниците празни од луѓе и пак бевме снабдени и најадени.
Стој, полека - реков дека не сакам срби, а не дека сакам бугари. Мислам, нив дека не ги сакам и не е баш непопуларно мислење.