И бтв скроз оверрејтед е Zara. Луѓево се ко овци ако светов ја поштува Zara и морало и они покусо дан останат
Пошо пребирате Ок тоа да, но пазарски не изгледа како што ја претставија. Изгледа на нормален бутик. Вие очекувате некоја висока мода излеа.
Катастрофа е Zara, прекласични модели ништо интересно. Имам земено само trench coat од таму ништо друго.
Zara на времето беше далеку поквалитетна и облеката не беше од пластика. Уште имам маички за по дома ги носам што ги купив во далечната 2009 во Софија и ништо не им е. Ама тоа е памук. Башка да не зборам колку поефтино беше порано. Сега цените огромни за полиестер, ретко кога наоѓам нешто што ми се допаѓа. Е едино лајфхак ми е чизми и патики од детскиот оддел у зара
Спушти се на земја ти, прошетај до Сити мол па ќе видиш каква штала е Зара. Вработените тамо за што се, да буљат у небо или да следат како се понаша купувачот. Не знам кој им купува али стампедо не им е равно. Не спомнав ни стил ни укус, култура елементарна на понашање ја нема. И девојчице, не се сите фиромци на форумов а и да се шо ѓи вреѓаш, ти грофице шпанска, дај не лупај
Бреј и ваква тема ли е тригер. Факт е дека во Сити Мол Зара е баш хаотично, Ист Гејт е посредено. Ама тоа суштествата внатре што го прават хаосот не се луѓе, да се луѓе ќе имаат осет и култура, па и барем малце срам. Збориме сега за облеката, не за хаосот, не е само таму така ама еве кога сме веќе кај тоа, во Манго, Reserved, Stradivarius не сум забележала дотолку да е расфрлано.
И Ваикики понекогаш знае да е расфрлано, но тоа е друг муабет. Таму се наоѓаат добри парчиња, голем дел од гардеробата ми е од таму. Ова Зара навистина не знам што е толку уау. Никогаш не сум нашла ништо од таму, буквално како партали им се алиштата и во многу досадни нијанси. Е сеа едино за парфеми сме влегувале таму во последно.
Непопуларно: Луѓето купуваат брендирани скапи работи (облека, телефони, коли бла бла) не затоа шо навистина им се потребни, туку за да бидат видени, да се пофалат и да покажаhт статус или моќ. Во реалноста, не ги ни користат нити пак ги употребуваат тие работи, најважно им е за впечатокот шо го оставаат кај другите зошто живеат за туѓо внимание шо ќе речат, дали ќе пофалат, наместо за себе.
Некои работи со причина се поскапи од нормалното. Не може да очекуваш ист комфор, квалитет, функции од ефтина и скапа кола. Не може да очекуваш исти функции, брзина, добра камера меѓу ефтин и скап телефон. Обувки исто така, има огромна разлика од ефтина обувка и квалитетно изработена, не само за комфорт, за трајност и одржување на првобитниот облик. Некои да, чинат премногу затоа што го купуваш брендот пред се, други го купуваш квалитетот пред брендот.
Не секогаш мора да значи дека скапите работи или бренд се и квалитетни. Многу често поквалитетни се работи шо се наоѓаат value for money отколку некои expensive luxury, ради конкуренцијата овие другиве мора да понудат поефтино ама да не е звучно името. Btw, и едните и другите имаат исти добавувачи на материјали само различна етикета, па која е логиката за истото да платиш повеќе а го нема само името?
Не е моја логика. Логиката е нивна. За Diesel и Sinsay во Бангладеш шија една гаража на земја и само лепи етикети, овие само праќаат нарачки. Тоа е исто ко Тетекс во Чаир да работи и за Најк и за Адидас. Сигурно Zara нема да отвора фабрики на секој ќош за тебе да ти продај Made in Spain, ти текнува ? Ниту пак Шпанија и Германија изобилуваат со толку памук да го заситат цел свет Исто и за бела техника, кинезот прај во една гаража и за Самсунг и за noname брендови. Си имаат соработници.
what? Најк е мултикорпоративна комапанија, тоа што има фабрика у Виетнам не значи дека квалитетот е намален, по исти стандарди работи само што поевтина работна рака е таму, можда единствено за некои пазари да има разлика у квалитет. Тоа мејд ин апсолутно нема врска ако е оригиналниот бренд истите материјали ги употребуваат без разлика која земја ги произведува..
Не е баш така, едно е German quality tested друго е Bangladesh и имаш толеранција од 0.5мм за грешка а ваму е 0.30. И затоа работната рака не е иста цена Најк има само една фабрика во Виетнам шо нуди оригнали и уште 100 други гаражи низ Виетнам шо прај патики за пазари во развој.
Тие реплика патики ќе ги најдеш на бит пазар, сигурно нема да се продаваат у официјална најк продавница.