А извинете вака како неупатена за кариерата на Вучиќ, кои песни ги има он? Знам една само Ќе те ќарам и не ми се свиѓа.
Таа и ,,Кате Катерина" му ја знам.Али у ист фазон како и песните на останатите фолкери. Потценет ради етикетата ,,сељак", иако Гоце, Наум и слични се исто срање.
Друг факт: Бројот на дијагностицирани случаеви на рак на кожа на годишно ниво расте право пропорцинално со зголемувањето на употребата на тие "заштитни" креми.
Фала што ме поштедуваш од твојот роман. Иначе нема подобра природна селекција од она на слепите верувачи на "науката". Тоа го видовме во 2020/21 т.е сè уште се гледаат ефектите од истата. Уживај и ти во неделата.
Ова го имам забележано само кај нас искрено, на плажа или пак во двор најчесто за време ручек - пуштање прегласна народна музика до даска на звучник ми е ептен без осет. Не мора цел свет да слуша заедно со тебе, можеби некој одмара, можеби некому му е лошо, можеби едноставно не сака да слуша народњаци, сеедно.
РоденДен... Денот кога си се родила, кога си дошола на овој свет. Што има врска колку време си билa во утроба @FriendOfDorothy Годините ќе ти бидат исти, нема да додаваш ништо. Кога ќе славиш 50 години, тогаш ќе биде твојот 51ви роденден.
Не знам колку е непопуларно, ама многу е глупо кога сте во врска/брак и на едниот ќе му стигне порака на телефон другиот исто гледа од кој е и што, а уште поглупо е кога гледате додека пишува порака цело време во телефонот на партнерот... И многу неубаво изгледа кога сте во друштво со други и така се однесувате...
Многу активна станав тука, ама не инспирираше пост што го видов. Не наоѓам никаква логика во објавување слики со партнер/дете со стикери/обезглавени со мозаик ефект за да не се гледа лицето. Која ви е целта, која е поентата? Демек имам партнер еве, ама пукнете не ви го покажувам.
И крштевањето и црковниот брак се свети тајни, а луѓето ги сведоа на фолклор и адети. Ако го правиш тоа само затоа што така мора, подобро ич не го прави. Наместо да се запрашаат за суштината, повеќето едноставно слепо го прават тоа што го прават сите, следи ја топлата и не му ја мисли многу многу.
Убаво ми е кога грми, светка и пукаат громови Спокоен вајб дава оваа појава Уште да немаше никакви штети, се' би било супер.
До пред некоја година така беше во Јужна Кореа. 9 месеци во стомак се сметале за година и секое новороденче имало 1 година на денот кога се раѓало. Исто така, годините на сите луѓе се зголемувале на Нова Година а не датумот кога се родиле, значи на првиот ден од новата година. Па така дури и бебињата родени на 31 Декември, веќе на 1ви Јануари имале 2 години. Ова беше баш актуелно по медиуми пред некоја година кога официјално преминале на интернационалниот начин на сметање на годините и со тоа граѓаните се “подмладиле” за една до две години. Кремите со фактор се апсолутно канцерогени. Имаат ужасно лоши состави и полни се со лоша хемија. За среќа денеска има голем избор на креми со фактор со минерални филтри. Секогаш бирајте минерални филтри место хемиски.
Не секој проблем со облеката како фармерки и пантоломи е проблем на модната индустрија како ги правеле, туку едноставно е само обичен сигнал дека телото се променило и дека можеби е време да се посвети човек малку повеќе на себе.
Една од најзабавните опции што ја воведе инста е да црташ по четот, мислам дека никогаш по уникатно не ми изгледале четовите со блиските.
Мора да има максимална возрасна граница до кога некој може да стане родител. Лудо е луѓе над 50 години да имаат бебе
Пасивна евтаназија си прават некои пациенти, по "своја желба" (или пак нивните блиски) со тоа што одбиваат третман во терминална фаза и само чекаат да дојде денот. Активна евтаназија, мислам дека нема кај нас во државава, како и во многу други држави. Тоа бара посебен третман и сметам дека многу луѓе ќе го злоупотребуваат. Од медицински, етнички причини, па дури и религиозни, многу луѓе се против ова. Ама па има и многу кои што поддржуваат, бидејќи на крајот од денот, секој човек треба да има право да одлучи дали сака, или не сака, да продолжи со таков живот.
Напумпани усни ретко на кој му стојат убаво бидејќи ретко кој ги прави со усул. Во повеќето случаи го унаказуваат цело лице и скроз вештачки изгледаат.
Точно, доста често е застапена пасивната евтаназија кај нас. Ама таа е далеку поболна и за пациентот и за семејството, затоа ќе беше убаво да постои ко избор своеволно. Секој треба да има право да си замине на колку толку достоинствен начин, а не во тортура. Ова важи само за терминално болните, сметам дека за нив би било најлесно да се регулира законски и не постои простор за малверзации и злоупотреби.