Предотераноста (вклучително нашите свадби, родендени на деца etc) ми е одлика на сиромашни луѓе, на луѓе што немаат. Spoiler: Читај. ние, балканштината.
Не може да имаме бесплатно здравство а во исто време да е најквалитетно и на ниво на светски реномирани болници. Во контекст на ова, исто така и поскапа храна, облека, материјални добра и сл. имаат директна врска со квалитетот, иако често се вика дека не е така.
Кога паметуваш и филозофираш автоматски не стануваш паметен ниту интересен. Смири доживљај, не си толку битен во очите на другите како што си мислиш. Десертот Toffifee е преценет, а уствари е meh. Синото мувлосано сирење е најубаво на свет. Приказните и анимираните цртани филмови не се само за деца.
Ананасот и мандарината не треба да постојат. Најгадни се. Мачките не се ладни, туку осеќаат кои луѓе не чинат и бегаат од нив. Барби е преценет филм.
Непопуларниве мислења на темава: - Х боја е најубава - Не јадам сардини во петок. - Водата е поубава ладна. - Исто е и мокра. - Треба да ме гласате за претседател. - Ко личен напад ги сфаќам вашите мислења.
Непопуларни мислења на темава - се за што сакам да и противречам на мајка ми/ другарка ми/ комшиката , ама од некоја причина не можам Непопуларно мислење иначе - најголемото срање што може да им текне на елитите во моментот, пласирано преку медиуми, па да видиме дали има двајца што ќе го прифатат - ако да, има проџа. Пример: - кравите на Нов Зеланд треба да се даночат како климатски ризик. Done - другите се криви за све-русите, украинците, кинезите, турците, црните, белите...Ongoing... - старите луѓе во Јапонија треба колективно да се самоубијат...Да видиме колку брзо ова ќе фати корен
. Уф... се ќе беше супер истово ова мислење да не го проследивме на дело во случајот со Амбер и Џони.
Ова нема да бидеш среќна што си го дознала, ама најверојатно децата се за матични клетки. Истиот пример со Ник Кенон, имаат деца со различни мајки заради компактибилност.
Исто и фотосесија со професионален фотограф за навршување 6 месеци е моментално во тренд. Исто и купување брендирана гардероба за мали деца, не е џет сет нивното бебе/дете како што се мислат родителиве, ама that is my unpopular opinion. ... А, и ќе заборавев, unpopular opinion кое во последно време многу го глеедам по младиве - Млади а штрбави и со забен камен до нос не се иде бре, а се фрла огромни пари на сѐ што носи статус!
Да, грумираат девојки/жени со кои патем никогаш не стапуваат во брак (знаеме зошто). Овој Кенон има некоја ретка болест и веројатно ова му е последна надеж. Еднаш на рилс ми излезе, вели бракот е институција смислена од жена и тој не го прифаќал тоа. Hollyweird.
Фотосесија на новородено, во америките ко што им прават, со рачињата потпрено, смотано како перек, мижи...е.....иссилено. 'Мамо' на свекрва е прими...офффф. Името, знамето, ацо, се шит се додека луге умираат од излечиви болести.. Трачање од рајот е излезено. ..
Ја отворив темава од прва страна и ова е баш популарно, испаѓа најпопуларно на темава. Моето мислење е баш непопуларно и спротивно на ова, а тоа е дека голем број луѓе ги поврзуваат проблемите кои ги имаат со најблиската дијагноза која ја имаат во моментот и иако може да е грешно, не значи дека лажат. Нема ништо зачудувачки фактот дека секој втор човек има некоја од состојбиве и нема потреба да се гејткипнуваат и резервираат само за мала група на најтешки случаи. Навистина, никој не сака болест, туку објаснување.
Големи усни со ботокси/филери не се привлечни и убави, природното секогаш е поубаво. Кроп топ е најголемата модна глупост што е во тренд во последниве години. Сликање со полуотворена усна е бизарно, а не тренди. Пијанчење и излегување во клубови и кафани е досадно.
Темава е утната со мислењава. А уствари и општо мене трендов со непопуларно мислење ми е чуден. Се нешто се пласира како вакво мислење, си мислиш ти единствен си што така мисли/прави, а уствари не си и така.