Тоа е доста широка тема, некој од религиозни причини не сака да се согласи на такво нешто, некој од емпатија, самата психа на човекот некогаш не може да прифати такво нешто, се зависи од човекот, каков е и како гледа на овие работи.
Искрено не знам ни дали е непопуларно мислење ама мразам луѓе што постојано се во улога на жртва за да го сведат целиот живот како на нив им е најтешко а притоа не прават ништо да им биде подобро. There I said it, и тоа страшно ме нервира. Еден живот имаш и тој избираш да го живееш завидливо, несреќно и неисполнето. Зошто побогу?
Кога веќе од ракав правиме корелација помеѓу две статистики, ајде да продолжиме понатаму: Конзумацијата на маргарин по човек во САД соодветствува со бројот на разводи во државата Мејн Поука: Американциве да јадат помалку маргарин за да им ги спасат браковите во Мејн Популарноста на името Ламонт соодветствува со бројот на кражби во САД Поука: Друго име да им даваат на децата Загадувањето на воздухот во Ајова соодветствува со бројот на библиотекари во истата држава Поука: Да им се укине работно место на библиотекариве инаку ќе се отрујат луѓево Употребата на ГМО во пченката во Минесота соодветствува со бројот на пиратски напади на светско ниво Поука: Изгледа пиративе ја конзумираат оваа ГМО пченка и агресивни стануваат - треба да се укине скроз.
Треба музичариве да се пензионираат порано, не да пеат на старост и доживотно. Некаде до кај 60, 65 максимум. Многумина и светски и балкански музичари со надминати 60 год. се гледа дека не се за на сцена.
Го докажа, додека не заврши во болнички кревет. И јас го слушам ама помина неговото времe, сакале да признаеме или не.
Ми идат на нерви платени текстови по порталиве од локални сељобрити или обични луѓе со наслови: ја запросил романтично на зајдисонце, прстен и женска у солзи, или биле негде на одмор па доминирале со сексипил, те сите паднале у несвест од раскошна лепота на препарирана водителка. Досадни се и банални. Толку многу им треба некој да ги гледа и да ги коментира, мислиш измислиле лек за некоја гадна болест. Очајници
Баш имав една познаничка што ја објавија на еден портал. Запросувањето беше во Охрид, ништо специјално...
И текстот во стил: сите паднаа во несвест од ова огромно изненадување, невестата во шок - meanwhile запросувањето на најклише местото за запросување кај што чекаат ред да се запросат, со спремен маникир и фотографи.
Ајде да е некое запросување па да се сподели а тоа сите исто на плажа со балони и мери ми букви осветлени. Зборев и во друга тема мислам за ова не само јавните личности ама сите досадни се веќе со тоа запросување на плажа измислете нешто свое уникатно нешто не толку често.
Репост на Инстаграм е најдобрата опција што постои, барем за тие кои креираат нешто успева да се повеќе видени.
Пуштање сопствените мали деца да ти се шетаат скроз голи на плажа ми е забегано. Сфаќам, плажа е, се носи бикини, шорц, ама колку-толку можам белки да го заштитам сопственото дете да не му го гледаат половиот орган. А кога сме кај ова, ултра забегано ми е објавување слики од крштевка/плажа каде детето е скроз голо.
Носење на килибарно ѓерданче кај бебиња и мали деца е недоволна информораност на родители или негрижа.
Прочитав многу вакви мислења на темава, и не ми е јасно како возрасни луѓе имаат проблем со зборување на телефон. Не зборувам за долгометражни разговори, но да се јавиш на телефон за да договориш кафе, да резервираш во ресторан, или да закажеш термин за преглед, за мене е основна животна вештина. Океј е да си куцкаме лабаво ако нешто не е итно, но не секогаш имам време да чекам одговор, па back and forth, па не знам на што сум. Некогаш ми треба брза информација и да се договорам во моментот. Или треба некаде да одиме, и на другарка ѝ било незгодно да се јави да резервира маса, ајде јас или некој друг. И кој ќе резервира ако не сум јас тука? Мислам дека луѓето што имаат ваков „проблем“ треба да работат на тоа и да го надминат, затоа што зборување по телефон и снаоѓање што да кажеш во моментот е битна комуникациска вештина. И мене порано не ми било баш најпријатно, но со работата се научив, и сега можам да разговарам со секого во секое време.
Јаков Јозиновиќ не е ништо посебно како пејач. Мене дури не ми делува ниту доволно музикален. Ама затоа има некоја посебна харизма врз основа на која стекна инстант популарност како никој пејач досега.