За жал кај нас е општоприфатено дека така функцинираат работите и никој не прави ништо за тоа да се смени. Има и нормални личности кои не би го правеле тоа ама немаат друг избор. Посебно ако живееш во мал град каде што шансите за нормално вработување ти се плус минус блиску до нула.
За жал има цели професии каде што единствена шанса за работно место и напредок е тој. Само што, тоа е круг и сите кои учествуваат на крајот на денот имаат одредена одговорност за истиот. Ама реалноста е таа, за многу луѓе изборот се сведува или на партиски врски или на напуштање на земјава.
Искрено ги сваќам, не се замараат, зимаат колку што зимаат може по некое покачување, празници не работиш, до 4 завршуваш. Да си во странска фирма во смени да работиш викенди и празници е нормално и да немаш социјален живот влијае на психата.
Макароните ако се од поасалните, се повкусни да ги јадеш без ништо од додатоци, ако ги свариш убаво и ја погодиш солта Кечапот/доматниот сос, сирењето у тој случај само ги расипуваат на вкус.
Никој не треба да дејта надвор од своите преференци, од висина до килажа, боја на коса, професија, ма што и да е оти грото лечат после комплекси после цел живот на партнерот или партнерката.
Секогаш кога ќе се најадеш лук ќе ти испадне ситуација да мора да се видиш со некој и така да си поразговараш и тоа е
Мразам кога ќе видам мажи да објаснуваат за менструација, бременоста, раѓањето и сл во смисла колку крв се губи ,како боли итн.
Секоја година прв ден на работа после одмор - ич не си поцрнела. Ко на некој натпревар да сме кој е потемен. Им викам - јас не се сончам. Чудо како ме фатило и толку. И стварно не се сончам. Ставам 50-ка и под сенка седам. Никогаш не се сончам на сред пладне. Кремата за сончање ми е во ташна. Кога одам надвор сум заштитена. Зимно време ставам со ист фактор, особено на снег и на планина. Не ми се фаќа меланом, фала. Плус, бев на преглед за бемки кај дерматолог, рече имаш повеќе бемки од маж ти и треба да се пазиш од сонцето.
Леле истото си го мислев вчера кога ми излезе еден за слабеење и вежбање кај жени во перименопауза и менопауза. И почнува со она - не си вежбала цел живот, си се запуштила после раѓањето деца, си јадела јх и сега на 40+ телото се здебелило. Не бе идиоту еден! Цел живот сум вежбала по 3 пати неделно минимум, секогаш сум пазела на храната и ништо не сум сменила во тој поглед, а сепак се здебелив. Едина разлика е што веќе немам естроген. И сега што правиме? Маж ќе ми кажува како изгледа тоа?! Мрш! Класичен victim blaming. Исто ми е и кога 20-годишни ќе ми се прават експерти за вежбање кај средовечни жени. Девојче, јас на мои 20-ина имав six pack, изгледав и од неа позатегнато. И на 30 и нешто бев таква. Не сум се замарала со диети, ама сум јадела цел живот здраво. Килажата ја контролирав кога и да посакам и со мали интервенции. Сега не е исто. Телото не е исто. Ништо не оди лесно. Преку ноќ ти се менува телото. Во огледало не си го препознаваш. Се што ти било мускул станува сало. Купуваш нова гардероба. Кожата и косата не се како што биле. Зглобовите не се како што биле. Вежбите имаат помал и поспор ефект. Јадела- не јадела, струкот отишол. Така да не ми требаат такви, одма ги мењам ако ми излезат. Без чувство на вина и срам, правиш она што ти треба на начин кој ти одговара и што е најубаво - ме боли уво за туѓото мислење за мене.
Општо за се во животот според мене важи: ,,ако не си доживеал не може да сфатиш како е" Ама за овие работи ни физички не е возможно да ги доживеат господата. И затоа ме нервира Да се прашувам јас со менструален стимулатор барем еднаш во животот да работат цела недела и + на пораѓаите на партнерката задолжително ќе е да присуствуваат да можам него да го стегам кога боли
Не треба да е толку нормализирано, да си земаш за право на слаб човек да му коментираш колку е слаб, сув, дека треба повеќе да јаде… На подебел човек, никој нема да му каже ништо, а на слаб, скоро секој се дрзнува да му искоментира нешто околу тоа. Не значи дека ако некој е многу слаб, по дифолт е среќен за тоа. Некој можеби сака да се здебели но не може. И може да му биде комплекс. Едноставно никој не треба да коментира за туѓ физички изглед.
Имам приметено дека многу луѓе си дозволуваат да коментираат за доколку некој е слаб. Мене така поранешна другарка се немавме видено неколку месеци и прво гледање ми вика леле чоек многу си слаба ептен и јас за да и доловам дека не е ок така да зборува она и реков а ти кога и да те видам се подебела си и на крај она мене ми се налути
Претпоставување и обраќање кон жена како да е бремена или општо напаѓање со прашања на тема бременост и деца. Можеби не е сѐ така како што изгледа (кај покрупни жени особено), можеби некој има одреден проблем со кој тивко се бори, многу е безобразно да се навлегува вака во нечија интима. А кога сум кај ова, на работа имаше случка кога една колешка на другата ѝ вика дека имала голем стомак и дека за малку ќе пукнела. Најмалце вакви коментари ѝ требаат на бремена жена.
На другарка, која беше покрупна, откако се омажи, најчесто возрасни жени ѝ викаа: аааа, тешко одиш некакооо, хехе, да не има нешто? У бутик се сеќавам исто, пробуваше нешто колан со фустан и продавачкава ѝ вика - да не те стегам, пошто си бремена. Другаркава ѝ добаци - Не сум трудна, дебела сум!!!! Продавачката: На овие простори каде вирее раја со iq80, овакви прашања и добацки се секојдневие, особено од постари. Па сред маса со роднини ти добацуваат - што чекаш, ајде деца, ти посакуваат женење/мажење, пошто тоа е круната, единствен доказ дека нешто си постигнал. Сиротињи кои живееле ради туѓи очекувања (за народ) ти посакуваат ,,успеси" како нивните. И искрено, мислам дека најчесто не ги ни заболе дали ќе се ожениш/омажиш (роднини, комшии, познаници и слични), дали ќе имаш деца или дали си среќен. Тоа е само ефект на стадо, празна фејк љубезност и социјален ритуал, да ти посакаат ,,нешто убаво" пред сите, на маса, затоа што така сите прават. Папагали.
Слична случка - седиме пет жени на маса во кафич во кој редовно одевме и келнерот не знаеше и си беше слободен со нас во комуникација. Ама еднаш беше изгледа преслободен - на едната и вика кој месец си, честитки. Женава му вика не сум трудна. И глупо му дојде, па ајде се извинуваше. Жената се мачеше со килажата и се обидуваше да ослабне, мислам дека и на нутриционист одеше и баш ја обесхрабри. Друга ситуација - пред куп колешки едната и честита на другата дека ќе стане мајка. Бремената колешка се најде затекната зошто беше во рана бременост, не сакаше да разгласува. Подоцна го изгуби бебето и мораше на сите што ја прашуваа како е и како напредува да им кажува дека имала спонтан. Многу се озборува, многу се меша нос во туѓи ствари
И кај нас на работа колешка што криеше рана бременост ја напнаа буквално да каже оти една почна да нагаѓа, па пренесе на друг, па на трет и сите ја нападнаа бремената колешка додека не кажа на сите за да нема веќе препрашување. А имаше и тешка бременост, особено на почеток имаше компликации. Како најнормална работа да е ова кај нас, ужасно е колку е нормализирано.
Леле колку невкусно! Резил.. Абе, знаат луѓево да ја држат муцката затворена? И да помислиш, зарем се' мора да се изнесе бе? Ова едно превисоко ниво на простотилак е. Шо ако бил опуштен, зар вака да се дрзнува.... Па и тие у колективот да знаеле детално ццц, шо е со луѓево? Жими се', се' повеќе глеам дека најубаво е и највише чини да си див и дистанциран од сите. Нит да се зближуваш, нит да споделуваш, нит да слушаш шо имаат они да кажат. Глеам дека не сум грешела со ваков пристап.