Не може да се избега од такви кои се дрзнуваат со претпоставки за тежината. Толку им сече оти од дома не ги научиле на граници. Може само да се игнорираат. Многу ми олесна откако престанав да ги слушам.
А коа ќе ослабнеш ќутат бе, ќе цркнат од мука шо си се трансформирал, не дај Боже да даат комплимент, попрво би цркнале. Ама да се здебелиш и те какоооооо јадат лајна. Ебате гадовите. Ств се слагам за ова, значи едно е ти шо сакаш да праиш со свое тело, да преферираш одреден изглед кај тебе или кај партнер, ама да те боли кур или патка друг како изглеал и да се дрзнуваш да го коментираш директно у фаца. Поубава сум била послаба, не ме личело мене не ми стоело вака, и тоа до грам те мерат, аааа мораш 5 кила да скинеш. Ви ебам глупите, шо ако мене и на дечко ми ни се свиѓа бе? Еве моментално се сакам со облини, посекси ми делува, и одредена облека поубаво ми стои, да не треба да ги слушам тие шо сакале помала тежина за факинг 5-6 кила Смешно е од шо е жално и бедно. Глејте која година сме, а со шо се занимаваат Најстрашно од све ми е тоа шо праат да се комплексираш, да се анализираш и преиспитуваш.
329 денари, 200гр. Бајадера. Просечна бонбона што народот колективно ја има прогласено за луксуз. Прв пат кога ги пробав, не можев да поверувам дека тоа бејзик вкусче е толку скапо. Сите ја носат за подарок и ја сметаат за вредна, тоа е доволна причина и ти да ја сметаш за вредна. Не плаќаш толку за вкусот, колку за статусот.
Порано имаше и како копија од Свислион исти такви како бајадера, во црвена ќеса, благцата во златно ќесенце спакувани, беа некои си 50 ден и беа 100 пати повкусни кој знае дали ги има уште
Домачица... Се заебавам. За по гости Балкан едишн пример оние малите планинки со цел лешник внатре, оние пралинине како гравчиња што личат со портокал полнење мислам беа, оние фејк Шери пралинине, НЕ ОРИГИНАЛНИТЕ прегадни се, Атлантик ( траума од детството у тие две секунди време додека другарчето у школо проаѓа да части за роденден од дете до дете да испипаш кое е морското коњче ( иначе ова и дома праам, нема везе шо сама ќе ги изедам сите)), локум со ореви тазе мек... Еххх, еве кај е Септември. Иначе ја сум алергична на тоа аромата од бадем, и така провалив коа сменија Бајадера состав пред неколку години.
Сум била и предебела и преслаба. Никако не им одговарав на луѓето. Се тресев. Ама, годините си поминуваа и ми прекипе, бе. Веќе не сакав да победуваат. Во паметот ги пресеков тие мисли исто како што ништам хартија со ножици. Повторно побарав помош. Психолог ми рече битно е само тоа дали тебе ти е удобно во сопственото тело. Ако ти е, тоа е доволно. Тоа е единствената вистина. Само себеси се слушам. Качив килограми, па дојде период да ги симнувам. По своја волја и убаво ми е. Хипс донт лај.
Јас благо не јадам баш, али Атлантис ми се свиѓаат ептен. Кај нас сите деца Praline частеа, со фил од јагода и портокал. Имаше кутии дупли, како на два спрата, првиот се троши, го почнуваш вториот. Имаш за цело одделение, плус одиш по училници, ги частиш другите учителки. Од тогаш немам јадено такви. Spoiler
Во поголемите маркети. Ако не, тогаш во слатките куќи на фирмава. Во тие има и нивни производи што ги нема во маркетите. @FriendOfDorothy Класичните Атлантис ги обожавам. Не сум толку по другите вкусови. Бајадерата ми беше поубава кога беше поевтина. Ем ја поскапеа, ем ѝ го расипаа вкусот.
Со Атлантис или Алпико школките нема утка, Линдор, Мерси, Шери бонбони од разни фирми (меѓу кои и на Краш), на Европа бонбониерите... Линдор имаат најубаво пакување, најлуксузно изгледа. Во живо е полично отколку на слика Второ и трето место по дизајн: Моцарткугелн од КАМ и Мадам Помпадур.
Ја расипаа бајадерата, затоа не ви е убава. Првпат коа ја пробав бев фасцинирана, баш имаше вкус на лускуз Богата беше, се осеќаше и орев, лешник шо и да беше, чоколадото беше поквалитетно, сеа се гола вода, упола дали вредат од цената. Леле грди ми станаа, траума иам од тие Ги јадев, и истиот момент ме фати нешто ко мигрена со аура дента, а дете бев Не од нив секако, тој период доста ми се дешаваше тоа, али згадени ми се ради тоа за жал. Иначе немаа таков премиум вкус ко бајадерата на времето, да не се лажеме. Првата не ја памтам, втората беше најнеодолива Иначе од најубавите благца ми се Линдт и секако Фереро И Гриоте се у игра. Сакам вкус на ликер.
Непопуларно мислење, Линдт или шо ги викам ја Линдит не се ништо посебно... Едино топлото чоколадо што го продаваат чат пат по нивните дуќани е најбоље топло чоколадо на цел свет.
Огромен љубител на благо сум. Али последно што пробав и искрено е перверзија - линдт со фстак....омг...сите што пробаа, абе се топат дур јадат многу ме нервираше фамава за дубаи глупостите, само уште тоалетна хартија не направија дубаи/фстак и никад ништо такво ни купив ни пробав. Благцава гости ми ги донесоа, не се опишува со зборови колку се предобри. Млечно чоколадо внатре е со течен фстак полнеж, ретко, за да се стопи истовремено со чоколадата..врв препорака
Мразам чоколадо од дете,не можам да поднесам тој вкус дури ни во сладолед.,ни благо нејкам ама чокалодо НЕ ГО МОЖАМ. Единствено што ми е убаво е шери бонбони со рум во црвено пакување округлести.Некогаш знам да си се почастам 150 грама,краш на мерње такви или од Европа.Тоа е 2 или 3 пати годишно.Црно чоколадо 100 проценти без шекер ,би пробала една коцка.Нјтешко е кога за роденден треба да одбијам торта,па викам за да не навредам славеникот-се прејадов ако не ти е тешко завиткај едно парче за дома ,ако веќе толку ме напиња.И да кажам ,нема да ме разберат,ова ми е најлесно,роденден поштувам.
Рафаело ми е засекогаш најомилено благо, Фереро исто е топ, а ги сакам и тие турските Даре црно чоколадо вафлата. Премногу шеќер ставаат во чоколадите затоа Милка никогаш не ми била омилена, преблага е.