Рафаело - нула. Фереро - нула. Има вкус на бајата кршена обланда. Линдор - нула. Има вкус на ефтино чоколадо, полнежот е ок. Чери - нула. Забите ќе си ги испокршиш колку е тврдо. Порано беа мекани. Ама Бајадера да не сте ми пипнале. Омилена ми е. Ако е пресна. Некогаш кога е тврда има вкус на блок чоколадце.
Е ова е у топ 3 мислења на темава дефинитивно, тесно е за прво место помеѓу мислењето за јајници у пмс и ова
Бајадера на Краш ама ич не ми спаѓа во вкусна бонбониера, да не зборувам колку е прескапа за тоа што е внатре. Ако веќе сакам да подарам благо, Линдор, Мерси, евентуално Фереро или Рафаело бомбици.
Сите благи шо сте ги спомнале се исклучително невкусни. Искрено, ретко се наоѓа вистински вкусно благо.
Бајадера баш на нешто бајато потсеќа името, и прилега. Мене омилени чоколадни бонбони ми се Тофифи Ама тие сам да седнеш да ги јадеш, така се спакувани.
Линдор имаат вкус на лажица крем. Немаш некое 'искуство' со чоколатцата, само полна лажица поквалитетен крем.
На машките деца треба од мали да им се пере мозокот да бидат compassionate and kind. Всушност, на сите деца, но првенствено ним да им се обрати внимание бидејќи машката популација е долго време изложена на спротивната пропаганда.
За вкусови не се расправа, не за џабе е тоа речено. Грди ми се, не ја можам карамелата, најубаво нешто у нив е само лешникот. Толку. Затоа се топи у уста Не сите пралине се исти, боље вакви мекани топчиња ќе јадам него оние тврдине никаквине како што се повеќето чоколатца. Највише ценам чоколадото или кремот какви се, да не се преблаги, и да содржат и какао што е можно поише. Одма се осеќа дали има или нема какао, или е само млечно чоколадото или е тужно и одвратно шеќерасто ко евтинине чоколади за готвење. Кај Линдор се осеќа квалитетно белгиско чоколадо. Полн погодок за мене шо се толку кремасти Скапи се тие, ама си вредат. И бајадерата ќе вредеше ако не ја испорасипаа. Моцарт топчињата се исто така превкусни, ама оригиналните од Австрија Постојат ли тие уште или толку беше? Атлантис морските плодови само со оригиналниот вкус вредат, ама пак се преблаги.. Алпико од Кам порано ми беа омилени, сеа станале одвратни, као шербет да јадеш, превише опаднат е квалитетот, вкусот не е ист Рафаело не ми се свиѓаат, убаво е што имаат кокос, ама преееесуви се. Мерси освен поединечни вкусови, има и гадни чоколатца, убедливо најгадни за мене тие со марципан Овие им се може најубави и уште други 3-4 од оригиналното пакување има така поасални.
Леле, све шо неќам Ми се темнеше коа на времето ко дете ќе видев гостите дека донеле ледената од Краш Никад не ја засакав. И Фонтана се ewww. Од Краш и оние Фронди ми се грд производ.
Сите се преблаги, само од гледање се добива дијабетис. Затоа ја обожавам сладолед у секоја сезона, најубави ми се Алома и Фемили, не се преслатки. Не се бунам ни за Хаген даз и Карт д ор,ама многу цена им дигнале, за тие пари пица ќе нарачам.
Нутелата е преценета и претерано блага. Едно кремче без шеќер што е од КАМ ми е сто пати поубаво, не се сеќавам како се вика.
Во државата треба да се крене револуција со цел редистрибуција на целото богатство. Не знам колку е непопуларно мислењево, мислам дека е, со оглед на тоа колку послушни поданичиња гледам меѓу народот, почитувачи на хиерархиите и традициите.
Не ми е многу гајле за таму, искрено, ама да, ако се крене таму, ќе дојде и овде (промените ќе дојдат). A попрво таму ќе се крене.
Секоја револуција завршила така што на местото на тие што владееле, дошле други да владеат. Така да, револуцијата не е лек, туку одлагање од неминовното. Историјата се повторува.
Револуциите, на долг рок, се едни од наjдобрите нешта кои му се случиле на човештвото. Колку и да делувале хаотично и како крај на светот своевремено.
Nigde nema da se krene- jer mislenjeto e nepopularno Ono, se prai re- distribucija na bogatstvoto de, spored zakon na gravitacija- golemo bogatstvo "privlekuva"ushte bogatstvo. Otishlo sve u Honduras
,,Изгледаш одлично за свои години" е навреда, и кога ќе дојдам во тие ,,свои години", ако некој ми го рече тоа, ќе го тужам.