1. Обожавам свадби. Посебно се радувам кога во прашање се блиски. Неделава ме поканија на свадба за во декември, веќе почнав да размислувам за комбинации на облека што би носела. 2. Интровертите треба да бидат поискрени и со себе и со останатите околу себе, дали не им се излегува затоа што „не можат“ или едноставно ги мрзи. 3. Чипсите со вкусови се одвратни.
Не си во право, не е се теорија на заговор. Да не беа тие бунтови, револуции, човекот ќе се сведуваше на роб. Еднаквоста и рамноправноста треба да бидат на прво место.
Елиот Пејџ е се погрешно што се случува во светов, собрано во еден комплетен нарцис, токсична, длабоко пореметена, несреќна жена, со неизлечени тригери. До скоро ми беше жал за него, ама откако ја прочитав книгата, сега имам само гнев… за неа.
Што има пишувано во книгата ако не ти е проблем да споделиш накратко? Сигурно нема да ја прочитам ама ме заинтригира со ова што го кажуваш
Spoiler Книгата е целосен хаос. Многу не доследна. Дел за едно нешто, одма во друг дел скока за нешто сосема трето неповрзано. Едвај се следи. На страна фактот што е многу лошо едитирана. Очигледни обиди да се звучи подлабоко, вртење, превртување зборови да пукнеш. Ај тој што очигледно нема врска од пишување, ама и тој што едитирал ништо не помогнал. Ја читав со месеци. Тортура. Во глобала цело време се преставува жртва. На родителите, на пријателите, на медиумите, на општеството, на жените, мажите, младите, старите, сите му се криви за се. Има дел каде опишува како му било во детството и како од мал знаел дека не се осеќа комфортно во телото и колку му било тешко така да живее, од мал сакал да си игра со играчки за момчиња ова ми е најсмешниот пример што го даваат. Ниедно девојче нема да си игра со кукли ако ти не им покажеш, имам личен пример дома, ќерка ми до 5 години си играше со диносауруси, количиња, авиончиња, вовчиња, оти сите деца сакаат играчки што светкаат и прават звуци, ниедно девојче не се раѓа со инстинкт да игра мајка со кукли и по свој избор никогаш нема да избере кукла пред количе. Цело време збори за трауматично детство, а од се што пишува може да се заклучи дека имал грижливи и добро ситуирани родители. Потоа неговите се разведуваат, татко му се преженува и маќеата е злобна ко што бива. А кога објаснува за неа, во неколку случаи кажува како баш таа се грижела за него кога бил болен и слично, ама еднаш се десило да напраи глупа шега и тој ги отпишува неа и татко му. Има делови кај што потоа води некои муабети со татко му кои лично поише ми звучат како фикција него реалност, ама ова си е мое, не го тврдам за факт, едноставно звучи ко муабетче што си го правиме сите во главата понекогаш зошто сакаме да се случи. Па со полно его се утепува од фалење како набедувал цис жени да спијат со него и да имаат бисексуално искуство, а после паѓа во депресии оти во медиуми се шпекулирало дали Ели е лезбејка. Претпоставувам ко и за секоја книга впечатокот е индивидуален. Немав мислење за него и онака, особено што го следам некогаш на интервјуа и неговото поддржување на ново компонираната “транс младина” и деца да транзитираат ми е апсолутно неприфатливо.
Не сакам да коментирам туѓи животни одлуки, само ќе кажам дека Елиот Пејџ кога беше Елен ми беше чуден некако (или чудна, како што мислев тогаш) и не знаев зошто, ама сега го поддржувам скроз.
Премногу е нормализирано тоа да велиме дека мажот помага околу децата, домот итн. Како да не се тоа негови деца и негов дом кои ги створил со партнер. И ќе продолжи ова вака сѐ додека живееме со менталитет дека сето ова е примарна женска обврска.
Треба да престанат предрасудите за тетоважи, без разлика дали е за работно место или општо како изгледа. Секако тука не мислам на секој сантиметар од телото да го покриеш или некои вулгарности да тетовираш. Тетоважите се најинтересна форма на себе експресија и не треба да се шејмаат или дискриминираат луѓето кои ги имаат. Треба добро да се размисли претходно да, но баш интересни ми се тетоважи на луѓе и љупобитна сум за приказните зад нив. Ме иритира кога мислат дека телото апсолутно мора да се чува чисто или дека тетоважа не е елегантно и ти уништува изглед бла бла. Сега по ново велат колку повеќе тетоважи толку потешко е АИ да те копира.
Филери на уста не даваат природен изглед во 99,99% од случаите. Непотребно осакатување за да изгледаш далеку полошо од претходно.
Изгледаат убаво ако има некоја значајна асиметрија па со филер устата изгледа "нормално". Ама кога на сосема нормална големина на уста ќе се натрупа филер и устата и носот се спојуваат мислам дека е веќе доволен знак да престане да се аплицира. Уствари тие усти изгледаат убаво само на слика, во живо не. Плус, не на секое лице и коскена конструкција одговара огромна уста, нешто за кое никој не зборува.
Camila Mendes e еден од ретките примери каде што филер на уста добро изгледа. И фалеше upper lip и си го среди, стварно добро и изгледа. Во 99 % од случаите, да, изгледаат многу лошо, се сложувам.
Многу луѓе (не сите ама многу) не можат да ослабат зашто немаат добра динамика на глад и ситост. Јадат додека не ги заболи стомак и мислат дека се тогаш најадени, а не кога веќе се осеќаат сито. И јадат во рандом време, а не кога осеќаат дека се гладни. Врска немаат на колку време им се јаде па така да си планираат оброци. Не е поентата да гладуваш туку да знаеш дека кога си гладен дека сега е време да јадеш, а не кога ти текне.