Многу мразам од нашиве самопрогласени “јавни фаци” и “инфлуенсерки” кога ќе се случи некоја трагедија и одма како тоа да чекале,распламтуваат по социјалните мрежи сите со статуси за “подигање на јавната свест” одма они се најпаменти се знаат како и што треба, а се тоа за лајкови и прегледи.Да користиш туѓа несреќа за себепромоција само покажува колку немаш грам човечност и емпатија во тебе.
Насилство секогаш имало и ќе има. Нашиот однос кон истото е нешто кое е менливо. Нормализацијата на насилството не почнува со удирање боксови во долгогодишна врска. Почнува со тепање на сопствените деца. Продолжува со ќутење на булингот кои го доживуваат помирни деца под изговор дека само се закачале и е нормално. Еволуира во строги родови улоги каде се очекува од мажите да бидат силни, водичи и насилни за да нѐ "бранат", додека истовремено секој кој одстапува од шаблонот е пак карактеризиран како педер, лигав и слични етикети. Се крунисува со директна поддршка на насилници, абе незгоден е ама знаеш добро си стоиме; не се мешам во домашни работи, нивна работа итн. Мислам добро, ќе излеземе на протест, ама се бориме против...кого? Системот кој дозолува насилници да поминат под радарот, океј тоа е јасно и е нужно. Ама превенцијата е исто така неопходна и истата не се добива со затворска казна. Превенцијата е барање одговорност и од мажи и од жени кои толерираат и оправдуваат насилни однесувања. Согледување на проблеми со бес и психијатриска поддршка. Признавање на очигледни вистини во структурата на оштеството наместо слепо префрлање на вината. Гледање на напредокот до кај сме стигнале наместо да романтизираме времиња кога вакви работи се криеле уште повеќе. Сечење контакти со луѓе кои не поседуваат никаков морален водич. Малку оптимизам и многу повеќе лична одговорност за тоа каква иднина креираме.
Луѓе што украсуваат елка пред 15-ти декември го убиваат духот на празниците форсирајќи еуфорија. Најчесто тоа се истите луѓе што на 29-ти август ги вадат тиква перничките оти нив се' мора нешто да им се дешава за да им има смисла денот. Ноември не е за елка, сијалички во ноември не се празничен момент.
Бизниси кои користат АИ постери/реклами не заслужуваат поддршка, макар и да се мали локални бизниси. Нема да купувам од кај вас кога на пример ве мрзи да ја сликате храната што ја правите па мора АИ да ви ја направи. Како да ви кажам, одма се познава и грдо е, вештачко и скроз личи на другите. Попрво ќе поддржам некој што во Paint си нацртал сам, мада има и други методи.
Да се надоврзам само. Исто и со бутиците. Ги одследив сите кои ставаат нереални слики. Имам уште неколку бутици кои за секој модел (и во сите бои кои ги имаат) снимаат видео и прават слики и купувам најчесто од нив.
..едно време старите викаа „вчерашно го*но“, не знам зошто тоа се изгуби кога треба да се опише некого, се кладам дека секој кога-тогаш доаѓа во допир со некое вчерашно го*но.
Во Италија во еден ресторан има вело мени рачно нацртано и обоено со текст и слика, баш беше онака уникатно и кјут.