Абе не ја бришете, забавна е. Големата работа ако не биле мислењата по нечии очекувања, олабавете малце. Ни навреди некој некого, ни кавга има, ама мора се да е трн во око, макар и тема на фемина.
Нека си стои, не реков во тој контекст, туку општо дадов мислење за трендов. Ама тоа е сепак мое мислење, унпопулар
Не мора да се сложувате со ставот на другите. Темава изгледа ја сфативте дека штом некој го пише ко непопуларно, автоматски треба да е непопуларно за цел свет, не може баш така да биде. Колку и да се сложуваме со нешто или не, ќе се најде некој кој ќе биде убеден во спротивното и ќе контрира, затоа чил, темава баш е интересна, поттикна дискусија, не ја упропастувајте. Непопуларни мислења: - Не си секогаш во право, иако тврдиш дека е така. -Тие што викаат дека не се замараат со ништо и се лабави личности најчесто се спротивното. - Карактерот е побитен од физичкиот изглед. (Ќе речете ова е популарно мислење ама во пракса и не е баш). - Храброста во доста ситуации се покажала дека е еднаква на лудост, затоа не си храбар туку си луд. - Работата на себе не е така едноставна како што си мислиш. - Плажа и лето не се секогаш асоцијацијан за одмор. - Зимата и есента не се депресивни, туку луѓето.
Твоето мислење е баш најадекватно за темава. Непопуларно значи дека повеќето нема да се сложат со мислењето и секако ќе поттикне дискусија. Ако се сложат, што најчесто е случај е популарно.
Он топик. Брутална искреност е уствари негативна карактеристика и не е нешо за фалење. Ова може да боли малце ама не е точно дека жените потешко свршуваат. Партнерот или не знае шо (да) праи, или не сака (не му е гајле) да се потруди. Трето нема.
Тикток е срање и не е ич интересен. Изглеа мене само не ми е забавна апликацијава, уште кога се појави па и денес и не ја користам, ја имам, а не ја отварам воопшто, одбивна ми е скроз.
Епа една генерација сум под 2000 та, може затоа. Ама па тоа Тиктокот е полн и со луѓе и од моја генерација и постари и тоа доста постари, дури и пензионери. Тие што снимаат и се глупираат, а имаат начукано години не знам што да кажам за нив, ај може така се забавуваат ама што не има таму, какви све не будалаштини, да му се згади на човек. А и не мора да снимаат туку следат, си гледаат цело време видеа, како хоби им е, навлечени скроз се, ја не можам тоа ни да помислам, чудна некоја одбивност имам, а има и интересни и корисни видеа ама ете, ја хејтам апликацијава ептен.
Потполно те разбирам, и јас сум така. Луѓето дури се чудат дека не користам тик ток, од ко испадна па се до денес. А сум над 2000. Нема врска со годините јас мислам, до начинот на размислување е
Не има и родени после 2000та што ни е одбивен тик ток. Никогаш не сум користела, не ни планирам. Се сложувам со се што сте пишале за тик ток.
Не треба да се сфаќа форумов и речиси сите теми (особено темава) како нешто ултра сериозно и од кое ни зависи животот.
Тејлор Свифт е единственото нешто од USA поп-културата моментално со бар колку-толку квалитет (вклучувајќи го и и Холивуд и филмската индустрија целокупно,... со се Кардашијанс) и заслужено е overrated,иако да, E overrated. Spoiler: . (да, малце тролам, ама и не целосно)
Unpopular opinion за Тикток: интересна мрежа е. Треба само да заследите/лајкнете профили што ве интересираат и самиот Тикток ќе почне да прикажува слични. Има сé, од рецепти, комичари, смешни клипови од серии, корисни совети за низ домот и сл.
Генерално, физички убавите луѓе имаат и подобар карактер и душа, наспроти учењето: убава=кучка, грда=не е битно, душата е битна. Не значи дека ако е некој грд по дифолт е подобар од некој лепотан. Напротив.
- Многу е поубаво секој партнер да си има своја соба наместо да спијат во ист кревет. Дури и преубаво е секој да има посебен стан/куќа (иако е најчесто финансиски неизводливо за жал) Едноставно некои луѓе си сакаат свој личен простор повеќе од се и не се родени за живот во заедница