1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непопуларни трикови што ви помогнале да ослабете

Дискусија во 'Диети' започната од ecotte12, 27 мај 2026.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    10.768
    Пол:
    Машки
    Сето тоа е во ред, но таа вика дека внесува 400 калории по оброк што е сосема доволно за еден оброк и си активен, нели?
    Лично, 6 пати тренирам ако е затоа со тежини, не осеќам глад. А бананата се јади наутро или пред/после физичка активност за да стимулира брза енергија.

    Патем, енергија од шеќери во 21 часот на телото не му е потребна, може само да те остави буден :)
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.787
    Допаѓања:
    26.955
    Ти го препрочитав подобро коментарот и од ова пишаново, ако имаш 3 оброци и 2 ужинки, значи целиш кон 1600. Голема е шансата да внесуваш малце поготово ако подолго време ја имаш таа актовност.
    Патем, 5 до 8 кг најтешко е да симнеш особено ако и немаш толку килограми. Едно е да имаш 90, друго е да имаш 65.

    Трик 11: интерминентен пост, ако можеш почни со прв оброк во 10 ипол наутро и последниот заврши го во 6 ипол. Нема да ти требаат ни ужинки, 3 оброци по 500-600 калории.
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    13.547
    @quattro But, тоа што ти не осеќаш глад со 6 тренинзи неделно не значи дека истото важи за сите (tumbleweed)

    Гладот доста варира од човек до човек, а и не знаеме конкретни детали за членката (висината, тежината, вкупниот внес, протеините).

    Ако јаде 3 оброци по 400 калории и една ужинка од 200, тоа се околу 1400 калории дневно, што за некој што тренира 5 пати неделно и прави 12.000 чекори може да биде прилично малку :pizza:

    А нејзиното повеќе личи на тоа, отколку на недостаток на дисциплина :*:
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    10.768
    Пол:
    Машки
    Секако дека гладот е индивидуален, ама и пресметката со "можеби" јаде 1400 калории е исто така претпоставка. Без конкретно објаснување да каже самата, подеднакво е можно да јаде премалку, но исто така и да е навикната на поголем внес и затоа да чувствува глад, бидејќи чувството на глад не е секогаш доказ дека некој јаде премалку. Може да зависи и од распределбата на оброците, внесот на протеини и влакна кои го одложуваат гладот, па дури и од навиките.

    Само шо чувството на глад само по себе не е доволен доказ дека внесува премалку калории, оти има луѓе кои јадат многу па пак се гладни нон стоп :?:
     
    На GoodGirl45 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    13.547
    @quattro Да оставиме членката сама да си каже подетално, за клучните детали што фалат :D

    Секако нема поента поинаку да дискутираме, важно е врз основа на нејзиното лично на крај да се даде совет :*:
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    34.390
    Пол:
    Женски
    Пиење вода во текот на целиот ден. Го супресира чувството на глад а и секако е корисно да се хидрираме :)
     
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    5.967
    Пол:
    Машки
    @ecotte12
    Претерано кардио имаш, се чувствуваш после тоа преморено што доведува да се чувствуваш гладно, плус телото се става така во режим на преживување му се успорува метаболизмот.
    Спомна дека масло јадеш една лажица има 150 калории не знам дали ги броиш..

    Како и да е, еве ти неколку совети од мене:

    - Зголеми внес на протеини јади повеќе јајца, пилешко, риба..
    - поради тоа што се осеќаш гладна зголеми внес и на зеленчук со малку калории ќе те најде а нема да внесеш многу (зелка, салата, краставици, тиквички)
    - намали кардио 2 пати неделно трчај или вози точок, 3 пати тежински тренинг или тренинг со сопствена тежина. Ќе зголемиш така мускулна маса што после си трошат мускулите додатни калории нема да губиш тежина од мускули, само сало, може вагата по споро ќе се менува ама тоа е поради додадена мускулна маса, важно е во огледало како изгледаш и мери и обем многу подобро е отколку вага..
    - Оние 12000 чекори на ден задржи ги..
    - Исто не спомна колку вода внесуваш, труди се доволно вода да внесуваш.. И сонот ти е важен 7-8 часа гледај да спиеш на ден..
    Исто ако си под стрес може и тоа да има влијание..

    Пробај вака 2-3 недели..

    Исто добро би било да испиташ и хормони.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    40.292
    Пол:
    Женски
    Имаш ли проверувано хормони? испитај се за инсулинска резистенција. Постојан глад не е од психа, туку од ИР.
     
  9. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Дечки, проблемот ми е што ми е тешко одржливо да сум на 1500 калории, па прашував како да издржам хаха.. Издржливо ми е само ако јадам точно на 4-5 саата, а некогаш тоа не е изводливо, и максимум 2-3 недели можам да терам така - после оди binge на буквално било што пред мене (затоа спомнав дека можам и со банана и бадеми да се прејадам, инаку не чувам грицки дома) Тие 5-8 кг вишок, така се настанати, не се од нигде никаде:(. Хормони(тироидни) ми испитуваат редовно на систематски и секогаш биле ок, а за инсулинска резистенција како се испитува? Генералната крвна слика, со утрински шеќер , маснотии итн ми е океј, немам некаков проблем.
    Инаку да, се работи за 64 кг, не за 90.
    Со калориски дефицит слабеам, со 1600 калории -1кг за недела до 10 дена, ама едноставно повеќе од 3 недели не успевам да издржам.. и калориите се добро пресметани, свесна сум колку е калорично маслото, користам само неколку грама (имам купено спреј).
    Инаку пијам доста вода (над 2л сигурно) и спијам 7-8 саати. Севкупно имам здрав животен стил.
    Фала ви за советите :D
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    46.318
    Пол:
    Женски
    Воглавно, сакаш да се храниш како дете а си возрасна жена. Ама пошто тоа логично не е изводливо, се прејадуваш. Оброкот наутро и на ручек нека ти биде покалоричен, инаку секако дека до крај на ден ќе бидеш исцрпена и ќе јадеш се што ќе се најде пред тебе. Исклучи инстаграм и престани да имаш очекувања дека треба да тежиш 50 кг. Извини ама освен ако не си висока 145 цм, не разбирам зошто би симнувала 8 кг на тежина од 64 кг, при што сигурно имаш и мускулна маса ако вежбаш 5 пати неделно. Мислам, фокусирај се на тоа како изгледаш и се чувствуваш, не на целокупната бројка на вагата во која влегува цел телесен состав.
     
    Последна измена: 1 јуни 2026
    На Mr.Limonko, Munchmallow20 и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.787
    Допаѓања:
    26.955
    Мое мислење е дека не ти е до бројката на вагата, туку веројатно сакаш да намалиш масни наслаги, да зацврстиш тело? Поправи ме ако грешам.
    И тоа е сосема океј, да сакаш телото да ти изгледа на одреден начин, секако во реалистична и здрава замисла.

    Прво, сметам дека можеш да целиш накај 1800/2000 дневно, бидејќи ако стварно ја имаш таа физичка активност, 1600 се премалку. Всушност, можно е да си во мн поголем дефицит од што мислиш, не би ме изненадило ни тоа. Гледај на подолгорочен план, значи свесна си дека не можеш на овој начин повеќе од неколку недели, за да не се откажеш и да не дојде до епизода на прејадување, мора да смениш нешто, јас би додала повеќе протеин и зеленчук.
    Второ, 2 до 3 недели е претерано малку време за било што. Дај барем 2-3 месеци со конзистентна физичка активност и повнимателна исхрана и верувам дека ќе имаш резултати, телото ќе добие форма.
     
    На Mr.Limonko и ecotte12 им се допаѓа ова.
  12. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Околу мускулите имам сало,а и ми се таложи све во стомак така што ми тежи и на око и во буквална смисла. На сечие тело 64 кг различно изгледаат така што без осуди ќе ве молам. Не се работи за ништо критично, ама што е во "моја моќ" се трудам да го направам.
    Секој со своето, некој може и на 80 кг да се осеќа супер :inlove:
     
  13. TwistedSister

    TwistedSister Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    601
    А колку си висока?
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    46.318
    Пол:
    Женски
    Колку си висока?
    Па може и со 80кг да си супер ако си 185цм. Не е сѐ во бројката, тоа пробувам да ти објаснам.

    Скрати ги оброците, не ти требаат две ужинки, имај пообилни главни оброци и вежбај повеќе на сила наместо кардио.
     
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    5.967
    Пол:
    Машки
    Не гледај толку килограми, повеќе формата..
    Убаво е што сакаш да изгледаш така како што сакаш и немој да се откажеш..

    @MissChievous ти даде добра совет и гледај повеќе од зеленчку внеси за да те засити и со малку калории..

    Испитај си и инсулинска резистенција, не е исто со крвна слика, ама не сум испитувал и не знам како оди...

    И не прави кардио секој ден, почни и со тежински тренинг.

    Ми делува како или се прејдуваш па внесуваш многу калории или имаш проблем со кортизолот или инсулинска резистенција..
    Смени начинот на исхрана и тренинзите ако е до кортизолот или калориите ќе почнеш да напредуваш. И не се оптеретувај толку со бројки и стресот ти го покачува кортизолот.
     
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.055
    Допаѓања:
    51.055
    Пиење сокови без калории и купување специјални грицки без шеќер и ниски јагленихидрати, кога се мора у ресторан, исклучиво салата без дресинг и поховано, или ептен ако имаш зорт за нешто по мрсно изеди само пола порција па и помалку , јадење само еден голем оброк на ден и пешачење минимум два саати.
     
    На ecotte12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    13.547
    @ecotte12 Бидејќи тука опишуваш општо, да не погодуваме, отиди на ChatGPT и внеси ги потребните детали за себе.

    -Тежина
    -Висина
    -Возраст
    -Пол

    Воедно опиши го детално твојот просечен ден: Внеси ја целосната деневна физичка активност што ја правиш + опиши го менито што пример денес го имаш

    Притоа опиши го телото - како што велиш за салото, како и навиките, сонот, стресот итн

    Вака ќе ти пресмета колку внесуваш, колку трошиш, колкав ти е дефицитот, колку ти е протеинскиот внес итн.

    Види што ќе ти каже каде отприлика може да лежи проблемот врз основа на сè детално внесено :*:
     
  18. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Висината ми е просечна 168-9, свесна сум дека 64 кг е здрава тежина, и фала богу сум ок , не сум за дијагнози, и не гледам ништо лошо да сакам да сум во форма на младост и да стопам сало од стомак.

    Според chatgpt трошам од 2100 до 2400 зависи кои тренинзи ми биле таа недела.
    Има логика да е така зашто спомнав со~ 1600 cal губам кило на 7-10 дена, а за 1 кг треба 7700 дефицит, +- нешто е и од задршка на вода нели.

    Знам дека нема магичен напиток/намирница што може да направи да си лежам со благо, прженици и хамбургери по цел ден, ем да слабеам.
    Муабетот ми беше како да го издржам калорискиот дефицит полесно. Некои од членките пишаа fasting, zero сокови, one meal a day, волуменско јадење на зеленчуци итн. Такво нешто ми треба што ви помогнало, неочигледна навика што прави да намалите cravings и да издржите калоричен дефицит. А телото си работи ко што треба, кога не јадам слабеам , ако се опуштам се дебелам, ко што кажав,знам дека се "заработени" со binge епизоди низ текот на годините..
     
    Последна измена: 1 јуни 2026
    На GoodGirl45, MissChievous, Intergalactic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    46.318
    Пол:
    Женски
    Со еден оброк на ден и слични совети пак ќе се заробиш во истиот круг, ама добро, ти си знаеш.
     
    На MissChievous и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    13.547
    @ecotte12 Ќе го издржиш калорискиот дефицит така што ќе го намалиш. Агресивноста само ти прави стагнација.

    Цели барем да јадеш 2000 калории дневно и да внесуваш малку повеќе јахлехидрати околу тренинзите.

    Воедно распореди си го подобро менито во текот на денот, зајакни ги протеините, хранливите влакна, за да не се доведуваш на крајот од денот да си гладна.

    Внеси повеќе флексибилност, имај квалитетен сон и ќе имаш резултати.

    Тоа ти е решението на долгорочен план, да си имаш одржлив животен стил, а не трикови кои ќе ти траат само 1 месец :*:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.