Добро, вие слепи сте или не знаете да читате името на темата? Или одговорете или не го смарајте девојчето веќе... Си кажа дека бинџала, дека се храни здраво и дека спортува, али бара помош коа ја фаќа криза да не претера. И доста веќе со ЧатЏПТ цитати, провидни сте.
Вода ,вода ,пред јадење,многу,и она псилиум на природна база за бидеш како прејаден.Спиј многи повеќе од 8 саати ако можеш ,помалку време за храна .Тоа ми помогнало од природни препарати ,за хемија делува,ама не сакам јавно.Јадење модар патлиџан грилован,колку сакаш ,за да поплниш стомак,и кисела зелка неограничено.Ова ми е од искуство.Леб го купуваш најцрниот и најнеубавиот и да сакаш не можеш повеќе +заитува,замени урда место сирење,кефир за редовна столица,исто важно.
Кога ме фаќа криза почнувам да барам што да зготвам. Дома не чувам грицки и благо. И така барајќи ми се здосадува од самата помисла нешто навистина да направам и да јадам и ми прекинува вртлогот на мисли колку одма и веднаш морам да јадам, некако мозокот ми се заситува од мислење. Друго, кога сум во пмс мислењето на храна ми се зголемува тродупло. Тогаш знам контролирано да купам нешто и да го избинџам, на пример киндер чоколатца, знам колку калории се, посебно се спакувани, и знам какво пакување да си купам. И го јадам без грижа на совест, свесно, без да гледам серија и само да го проголтам. И продолжувам понатаму, без обвинување, а некако сум си го добила „фиксот“. Трето, кога не можам да престанам да мислам на јадење и ништо не помага, пијам чај, кафе, или излегувам негде да сменам околина. Почни посвесно да размислуваш за храна, зошто ти се јаде, дали ти е само досадно, дали си навистина гладна. Ако си гладна испланирај си оброк, не само да земеш што било да изедеш несвесно, мене тоа ми е ко да не сум јадела, ако не го испроцесирам свесно.
Можда звучи очигледно ама кога почнав да бројам калории ослабев 6 кила за 2 месеци. Сфатив дека сум јадела МНОООГУ повеќе од тоа што му треба на телото. Станав посвесна за храната што ја внесувам и за калориите во храната. Почнав да јадам храна која има поголем волумен а помала калориска вредност. Почнав да пијам многу вода и до некаде и тоа држи ситост. Искрено првите две-три недели ми беше многу тешко. Ме болеше глава, ми се јадеше многу благо, ама некако организмот се навикна и после веќе ми беше драстично полесно. Нажалост нема shortcuts со (здраво) намалување на килограми, и секој почеток е тежок.
Мене скроз непопуларни ми се и мислам дека ретко кај кој функционираат. Кога готвам губам апетит или кога гледам друг кога готви или јаде на видео, кога гледам слики со храна се тоа ме најадува некако и 60% може да ми се изгуби апетитот.
За благо мене нај ми помагало џвакање мастика и некои такви sugarfree mint опции. Ми ја убива желбата за десерт.
Јас ќе речам дека поентата не е да бидете во survive mode или да се оди на диети ,нутриционисти ..(ако не е веќе драстично голема килажа) Туку менување на вашиот цел life style во однос на храната. Тука имаш многу придобивки- здравствени, изгледот, и финасиски. Јас кога решив дека треба да извадам 8 кила од мене, на све што јадев и сакав си наоѓав здрава замена. Прво почнав да јадам јајца за доручек како 80 посто од времето, Многу сакам солено и си гарнирав со маслинки , сирење ниско маслено,салати пакувани. туна, палента и бонус како награда - кулен,чајна . Кризата за благо секогаш ја полнам со овошје и кризата за грицки со моркови, Мене морковите ме просветлија. Дома моркови колку сакаш портокали јаболки урми.. И да најчесто печам или правам манџи што буквално се налевам за да не јадам лебови. Mорков како да ме засити после ручек и обавезно благо пример јаболко ќе си исецкам и ке си го поросам со цимет,урми банана пола..све што ми е на дофат а не бара труд исто како брзата храна. Значи да блендираш оброци секој ден па благи , па да мериш по ваги..мене ми е лично исцрпувачки. И да секако ако ептен сум стрвна и пица знам да изедам ама тоа е понекогаш и не се ограничувам не смеам сеа 3 недели пица дека јадев вчера. Цело време надополнувај со суптитути.. и да јади кулен или што и да ти ќејф по малку. Ќе видиш со текот на времето дека и да изедеш повеќе од брза храна ќе ти е мака. Секако сокови зеро,кафиња црни избегнување на секаков шеќер што не е природен.Веќе вака живеам година ипол ми е супер, и одлично изгледам а не се ограничувам и изморувам од калкулации нон стоп што да јадам. Oва е моето искуство Среќно!
Хром. Суплементи кои содржат хром намалуваат желба за благо, до степен во белгиска продавница за чокалоди да влезеш, ништо нема да сакаш да земеш. И манган исто. Не знам дали има ист суплемент што ги содржи и двата, но поединечно можат да се најдат.
@ecotte12 јас имам Инсулинска Резистенција заради ПЦОС (ПМОС по ново). Се испитува со пиење раствор од гликоза и мерење на инсулин и шеќер на почеток, после саат време и после два саати. Тестот се вика ОГТТ. Ако немаш некои специфични проблеми (како сува уста, нередовен циклус и слично) тогаш веројатно немаш ИР. Мене ми личи дека ти имаш проблем со претерано вежбање. Намали/смени физичка активност и може ќе забележиш промени. Секој ден толку исцрпување на организмот не е добро. Со секое напорно вежбање креваш кортизол, кој го крева инсулинот, кој го топи шеќерот побрзо и побрзо огладнуваш. Најдобро е умерено движење секој ден и два/три тренинга во текот на неделата. Инаку јади волуминозни оброци, односно повеќе салати за ручек и вечера. Подобро да внесеш и некоја ужинка што ти се допаѓа и ја сметаш за „нездрава“ во умерени количини неколку пати неделно, отколку да избегнуваш и потоа да се прејадеш после две/три недели. Ова ми е совет од лекар/лекари со кои комуницирам во врска со ПЦОС и ИР: Еден ред чоколадо има 100 калории. Подобро е да си речеш секој ден ќе јадам по еден ред и ќе намалам нешто друго (за тие 100 калории) отколку еднаш неделно да смачкаш 100 грама чоколадо. Е исто ова издржувам три недели па се прејадувам е мнооогу поврзано со хормони. Веројатно прејадувањето е во фаза на ПМС и некогаш треба да се сфати како нормално. Во тие денови попушти си. Место еден ред изеди два реда чоколадо за да не бинџаш потоа.