Мајки, ниедна од нас не сака да му се случи нешто на своето чедо. Но, некогаш и помал дел од секунда е доволен за да дојде до нешто лошо. Дали удирање, лапнување, зајдување, паѓање и незнам што уште не. Какви се вашите искуства и како сте изреагирале во тие моменти. Ете случајно зборејќи со другарка ми дознав дека нејзината ќеркичка од 1,5 годинка во големо плачење и паник голтнала јазик - тие тоа претходно не го знаеле, сега веќе внимаваат среќа што маж и бил туку во моментот и израгирал. Сега веќе знам дека при таква случка дете треба да се сврти наопаку. Кажувајте ги вашите искуства, со тоа можеме да си помогнеме една на друга. Дај боже никогаш да не ни затребаат, но сепак убаво е да се знаат!
со внука ми, ми се има скратено животот останатото што останало е дефинитивно за моите деца што се во иден план. али најнепосакувано ми е кога ќе се ѕвекне некаде и незнам како секогаш паѓаат децава на глава како викаше баба ми, Господ ги чува децата.
при такви случаи јас гледам секогаш да бидам смирена, не кревам паника, деца се, нормално е да паѓаат, само Господ да ги чува да не им биде нешто... моето ретко паѓа, ама ете за белја пред две вечери падна од неговото креветче, станало и кога по едно време слушам плачење, го зедов одма, го смирив, проверив да нема нешто и после тоа заспа пак... во такви ситуации најдобро е да бидеш смирен и да си при себе, само така може да му помогнеш на малото да се смири побрзо
Како мислиш голтнала јазик? Не те разбирам. Инаку јас на три годинки се имам попарено со пекол топла вода. Сум била настината и мајка ми ме држела на шпоретот да инхалирам (на коленици на столче сум била качена), и како што сум голем инат, сум побарала вода. Мајка ми ми кажала дека за две минути ќе ѕвони саатот и дека ќе ми даде, ама јас НЕ, сум се инатела. И мајка ми буквално да направи еден чекор до чешмата за да ми даде вода, јас сум се мрднала со столчето и со лактот право во тенџерчето и џран, цела вода во лице. Сум почнала да плачам и да врискам (којзнае колкава болка сум претрпела), и мајка ми ме однесла во спална, таму сум повратила од шокот, и од плачење сум се уморила и заспала. Ми ставила мајка ми ладни облоги, и првин ми било црвено како од сончаница. Заборавив да напоменам дека сме биле сами дома. Се јавила мајка ми кај свекрва и, т.е. кај баба ми и и кажала дека сум се изгорела малку! Баба ми мислела ништо страшно и кажала мајка ми зелка да ми стави. Од сабајлето дошла другата баба (на мајка ми мајката) и кога и се развикала на мајка ми: "Дали си ти нормална, види му го лицево на детето, одма си требала во болница да ја однесеш." И зошто другава баба (мајката на мајка ми) беше медициска сестра, одма ме однесле во градска и докторката им кажала:"Имате среќа што уште е многу мала, па кожата и се обновоува, па нема никакви рани да и останат. И уште една добра работа е што водата не и прснала во окото, инаку ќе останеше слепа до крај на животот." После тоа ми порачуваа некој фластери од Германија, за новата кожа, убаво да се истегне и да ми порасне и секој што ќе ми дојдеше во посета ми носеше некаква крема. Еве ги фазите низ кои моето лице помина: 1.Поцрвеното како од сончаница 2.Почнало да се лупи 3.Се направиле огромни рани 4.Цела сум била со корупки 5.Пораснала новата кожа 6.И фала му на господ што денес немам никаков белег, ништо. Во тој период се погоди да и е роденденот на сестра ми, и за мене тоа е најлошиот спомен од детството, кога сум била буквално на цело лице со огромни и длабоки рани. Така да родители пазете многу со вакви работи, зошто само секунда е потребно за некоја беља, не повеќе.
Од паника си го голтнуваш јазикот и мора да ти бркнат во грло да ти го извадат, зар не си чула за ваква појава до сега?
Немам детенце уште, ама една траума од детство имам. Јадев од оние cherry бонбони со рум што се, и во еден момент останав без воздух. Ми застана румот у грло, и никако ни да се накашлам , ни воздух да земам. Мајка ми беше до мене, прво мислеше се смеам, па кога се освести што се дешава ( вика дека сум пребледела за 2 секунди) , ме фати за стомак од позади, и почна да ме подига и спушта од земја....земав воздух, почнав да кашлам.... Се се случи у две секунди, ама да бев сама мислам дека ке се угушев....Многу лошо чувство.... Е мајка ми кога виде дека сум добро, седна на земја и си се изнаплака Се преплаши и она... Пред некое време се потсетивме, викам како знаеше што да ми правиш, она вика-појма немам, инстиктивно ми дојде.
Девер ми ми кажуваше пред некој ден во сити мол,на мајка и се обрнало бебето од транспортерот директно на земја. можам да замислам колку се исплашила она а и бебето.Плачело душиче мн.Дај боже да е добро.
Кога имаше малиот околу 4 години го оставив во Тинекс кај Раде Кончар во делот за деца, и после некое време кога поминав таму го гледам со насолзени очи, офка. Делот за играње ми личење прилично безбеден, и таму го оставав многу често, па се изненадив, особено што тој никогаш не плачеше. Си отидовме дома, се потсмири, си легна, и сред ноќ се разбуди со болки. Ми стана јасно колку е саат, сред ноќ отидовме во Градска болница на снимање и излезе дека му е пукната раката кај зглобот. Слично, пред неколку дена, ќерка ми ја однесов на прв тренинг на одбојка, милата таа ептен имаше мерак и многу беше возбудена. На крајот од тренингот се лина и падна, ништо невообичаено, ама кога излезе од тренинг почна да плаче и да се жали дека ја боли малиот прст од раката. Го консултирав тренерот, ми рече дека е само набиено, ама поучена од претходното искуство сепак ја однесов во Градска на снимање. Излезе дека и е скршен и еве ја сега со лонгета.
Ова е интересна случка која и скратила 5 год. на свекрвата. Се шетале во луна парк во Скопје кога мојот вереник имал 4 год. и наеднаш детево исчезнало... потрага имало низ цел парк и неможеле да го најдат. По 2 саати барање, сите потресени, расплакани дошле дома... тука сите плачат него дека никаде го нема. Мајка му веќе не знаела што да прави и се вратила пак во луна парк, кога по 10 мин барање го видела на возот како се вози и гајле нема, си седел до тој што ги качувал децата и се возел 3 саати
Ај и јас да ја споделам досега најнемилата случка со моето бебе..пред месец и фазла кога имаше 7ипол месеци ми избега со дубакот по скали... се беше во прекраток рок..секунди беа во прашање дури се свртив по неа таа веќе паѓаше по скалите..Т.е дубакот се вртеше по скали и среќа во несреќа заглави во оградата на пола скали...бебево беше преплашено јас исто така..но по краток период се смиривме двете и таа заспа...фала богу немаше никаква повреда..ниту една гребнатинка..ми ја чуваше господ
керка ми на 4 годишна возраст ке се задавеше од ситните зрнца стиропор што ги има во играчките правосмукалки.играше со нив ги истураше и метеше и ние со мм бевме во собата.јас излегов на кратко а таа ја наполнила устата со зрнцата.тие лепливи ,нешто голтнала ,нешто и се залепи во устата и по грлото.почна да се гуши помодре.мм и ја пикна раката изваде дел од тоа што и беше в уста ,ја провоциравме да поврати ама не можеше.ја однесовме во ургентна и ни рекоа да ја следиме во дишенјето и да ги очекуваме во каката наредниот ден.така и бидна...внимаванје со играчките ...а и многу доверба во децата нема,иако знаат што е погрешно некогш од лјубопитност прават нешта што знаат дека не треба. и со храна многу внимаванје треба -ке се задавеше од чокостоби флипс-а голема беше знаеше да џвака.
Мајка ми кога јас бев мала ќе слегувала по скалите во двор, ама тие замрзнати дека зима се лизнала и паднала заедно со мене, јас имам лузна на веѓата од што ме шиеле на болница, а мајка ми на половината. Кога бевме на одмор во Грција сестра ми сакаше да ни се скрие мене и на брат ми и се изгуби и ја баравме... добро беше што ја познав по плачењето инаку не знам каде ќе завршеше.
Јас кога сум била мала сум падната од скали и сум ја завлекла другарка ми, јас завршив со шиена веѓа а таа со помодрена уста. Исто пред 7-8 години кога бевме во Дојран, сестра ми се изгуби на плажа, jа баравме насекаден, таа чекала пред автомобилот со гумата во рацете.
Никогаш не оставајте две мали деца сами. Кога сме биле на одмор во Охрид како мали, еве што се случило. Моите си отишле во длабокото, а ја оставиле сестра ми со мене на плажа, бидејќи јас ептен малечко, годинка и пол. Нормално, и таа сакала во вода. И ајде, земање душек за во вода, јас на душекот и накај длабокото. Но, баш во длабокото за деца (накај метар длабочина некаде) го стиснала душекот, јас во вода, глу глу, мислам, се знае што се случило. И потоа се трудела да ме извади од вода, за да не видат нашите и да ја караат. А јас се давам. Среќа некако ме спасила, ме качила пак на душекот и накај мама и тато. Хепи ендинг. Претходно, кога сум била неколку месеци, мајка ми требало да испере облека, а испраната да ја стави на сушење. Секако, со даде ќе го остави бебето. На масата имало некои чоколатца, госпоѓицата станала, на бебето да му даде чоколатце. Срамота било да не подели. Ми набутала во уста, а јас ни едно забче не сум имала. Сум почнала да кашлам, но не знам што направила и како. Потоа дошла мајка ми, и сестра ми и рекла:" Мамо, јас и бебето јадевме чоколатца. " и знаете среќна што успеала да ми набута во уста чоколадо.
За малку ке ја изгубивме ќерка ми на игралиште. Она си трчаше лево десно а јас и мм си пиеме кафе. Реков ќе одам до тоалет и ќе дојдам. Ќерка ми тргнала по мене а мм мислел дека сум ја викнала со мене во тоалет.. и јас си излегувам во тоалет и мм ме прашува , малата со тебе е? јас викам не. Леле кога почнавме да ја бараме јас на улица он низ хотелот ама нигде ја нема. Тој момент сакав во земја да пропаднам милион мисли низ глава што ако негде паднала , што ако некој ја земал со кола и избегал , па како ќе живеам без неа... и кога гледам таа си се симнува мртва ладна по скалите од хотелот. Влегла во хотелот и отишла кај собите што се.. мм почна да ја кара ама ние треб а да гледаме таа е 3,5 години се уште не разбира се како што треба и ни малку не се исплаши дека е без нас
Денеа и давав на малата сируп и наеднаш се задави не можеше да диши па кога ги заврте очињата како луда почнав да се дерам душичка не можеше да се смири цели 5минутки се преплаш и она а и јас си умрев од страв уште сум преплашена... Се молам да не се повтори нешто такво пак
И нам ни се случи исто. Бевме на шетање низ чаршија и од рака го изгубивме малиот кој беше на иста возраст. Се растрчавме натака- навака испаничени, сопругот во еден, јас во друг дуќан. Среќа една жена, (не знам како успеав да ја слушна во трансот во кој бев), рече "таму е". Го видела како плаче и кога не видела нас така избезумени сигурно си поврзала. Ме спаси во тие 2, 3, 5 минути, кои мене ми се чинеа како цела вечност. Затоа вечно сум и благодарна на таа непозната жена, Бог да ја благослови!
Само на страна вртење .кога ќе се засркне свртија на страна . Моево исто така се дави од памет ме вади,помодрува цело. Биди смирена во такви моменти
aj i jas da si kazam za sinceto moe e togas zivotot mi se skrate skroz na skroz .. go isprativ sinceto na skolo i jas i mm zaminavme na rabota a mobilnite gi ostavivme doma. pominaa nekolku sati i se vrajcame od rabota i pred zgrada brza pomos tatkomi majkami bratmi i cerkami.cerkami se strca nakaj nas cela ispanicena tatkomi cel skamenosan ni napred ni nazad..mene celo telo mi otrpna ko sto bev na tocak samo go metnav na strana i se strcav na kaj brzata pomos doktorot me gusna i mi rece da vlezam vnatre i da bidam tivka..koga se kaciv vo brzata pomos sto ce vidam sinmi cel izbockan vo racinata (neznam kako se vika ona na makedonski za zastita na vratot da nemozi da go vrti glavceto) takvo imase staveno ..se iznaplakav vnatre a sinceto samo me gledase cel so solzicki vo ocinata jas ostavav vo brzata .. so sinceto a mojte po nas so kolite.. vnatre vo kolata sinceto moe se skapa povrajcajne doktorite non stop go prasuvaa za imeto negvo dali si go znae i da ne zaspije .... koga stignavme tamu uste povrajcase i so trista maki mu go snimaa glavceto ..imase potres na mozokot.. nekoe besno dete na pauza na skolo da go turni sinmi i sinmi padnal bez da se zadrzi na racinata tocno na glavceto..stanal i po 20 min pocnal da povrajca i da se gubi ucitelkata viknala brza pomos i probala mene na tel da me dobija a jas tel ne nosev so mene .. i da si dokazam tamu zaedno ostanavme 1 nedela pa ne pustija doma i ni rekoja 1 mesec deka ne smej na fiziko da odi