Поголемото внуче уште од мало секогаш на ќошот од масата си ја удира главата. Таман стане си ја удри главата пак падне на земја на газ и пак одново. Помалото внуче го држеше една братучетка и тоа како и се лизна од рацете,така како што е живо детево по природ,плачење но среќа немаше некои последици. Истото со дубак се движи по малку и незнам како се обрнал и сега му е „излупено“ челото.
За да не му остане страшна лузна мачкај го со маст за изгореници , темно црвена боја има, се прави од свинска маст и корен од една трева која за жал незнам како се вика а доста е распространета. Но, прашај некој сигурно знае. Таа е многу ефикасна за такви работи. Нема ништо да му се познава ако редовно го мачкаш нема да има лузна.
Го мачкаме со што веќе не сме пробале, од домашни до аптекарски најскапи, до баба рада домашна маст, ама има лузна, 8 месеци поминаа, кожата му е дебела и црвена, малку сонце да го фати одма се љупи, среќа скоро му се смири имаче нон стоп се чешашеи плачеше притоа. Кутро дете го осакатив за цел живот, само велам дај боже тоа да биде најлошото, да е здрав жив читав,
Eee dragi majki i kaj mene izgleda pocna fazata od neposlusnost, placenje, vreskanje ako besto ne e po negovo.... do pred 2 nedeli otprilika bese najmirnoto detence koe postoi, site se cydea kolku e miren i poslusen, duri mi go urocija si velam sega. Jas sum sega sama so nego po cel den i iskreno mi diagja moment da poludam, ne slusa za nisto, jas mu vikam edno toj drugo, se obiduvam da ne go tepam da mu ukazam so zborovi ama mn.pati e zaludno se i go udram po race, po gaze dyri i posilno odkolku so treba i nisto pak istata pesna.....faza li e, period li e, ne znam stvarno kako da postapam da me slusa pak kako porano, na ulica postojano mi bega saka aam da odi pa trce i go gonam....
Кај сите се јавува тој период кога веќе се на испитан терен и знаат што сакаат и како можат да го добијат како и кај когокоја тактика пали. А за 2 годишницитене џабе велат фаза на terrible two. Сега е таа критична фаза каде се формира карактерот, па ако за нешто го караш или зе закануваш пр. велиш нема да јадеш сладолед за казна и на крај сепак попуштиш, готово е, му даваш фора да те мота тоа тебе. Почитувам такво воспитување, со разговор, објаснување, компромис, безболна казна како нема чоколадо и сл, а било какво насилство, макар и плескање по рака, газе, шамар, дерење по дете... најстрого забранувам, не толерирам, не поднесувам, мразам, презирам и не толерирам ни на мои од некој друг, ни на други од нивни родители, баби тетки стрини.... Оправданието Да, Ама.... нема Ама за тоа!
Децата кога стануваат нервозни поради нешто, а притоа нема кој да ги смири, да им излезе во сусрет и да им го насочи вниманието, тогаш стануваат агресивно-нервозни. Посебно е важно луѓето кои се во нивно окруНајважно е да спречиш да дојде до нервоза.
Мислењето не ми беше допишано...Како надополнување... Посебно е важно луѓето кои се во нивно окружување да се смирени. Најважно е да спречиш да дојде до нервоза, зошто после се е излишно. Доколку однесувањето премине во агресија, тогаш чекај да се смири, па со смирен тон објасни му дека се што сака не може. Децата знаат да се залажат многу бргу и лесно, исклучиво со трпение.
Ama koga ne razbira so zbor? Sto da mu pravis? Mu objasnuvas deka ne e ubavo taka i toa posle 2 min.pak istoto go pravi i ti pak mu kazuvas deka ne treba taka i toj pak istoto......sto treba da mu pravish vo toj slucaj? Ajde da ne se tepa i da go tepash ne razbira dzabe e, malo e....a pritoa tebe zivcite ti gi iskinalo vekje....
Извини вака касно одговарам, ама ова не е точно. Јас сум алергична на пеницилин, ама не и на убод пчели/оси. Касната сум неколку пати, и ништо. Од друга страна пак, баба ми е алергична на оси, и ако ја касне мора на болница оти може шок да добие, а ете пеницилини си прима најнормално. Не се поврзани тие две работи
Лани зимата со ќерка ми ми се скрати животот.Ја ставив во туш кабина да ја бањам и дур ја бањав се лизна и падна директ на челото.Кога ја кренав прскаше крв на сите страни.Па ајде одвај се соземав ја однесовме на лекар и длабока рана за шиење ама ајде пошто беше малечка се смилуваа да не ја шијат,да помине со газичка и фластер. Со дете колку и да пази човек пак може нешто лошо да се случи,дел од секунда е
Не можам да кажам дека синко е немирно дете, ама е многу љубопитен и страшно е хиперактивен. Пред некој ден требаше да одиме да го земеме татко му од аеродром, и зошто му кажав дека тато ќе си дојде и дека ќе одуиме со кола да го земеме (обожава да се вози) не знаеше пто попрво да направи од среќа. Па така трчајќи низ двор, се потсопна и слета со брадата на онаков бетонски држач за чадор... среќа само со изрината брада поминавме. Битно сликата како паѓа не ми излага од глава.
Уф денеска животот ми се скрати. На син ми му падна лаптопот врз нога и му го повреди палецот од ногата. Има расекотина и оток на прстот. Посегна за да го земе и јас додека изреагирав...трас. Којзнае и компјутерот дали функционира, уште не сум проверила, а искрено не ми е ни гајле. Не можам да си простам никако, многу ми е криво. Си поплакав од мака :'(
Pred edna nedela so sin mi na oazar, imase mnogu guzva, jas gledav nesto na edna tezga i go drzav za raka, koga naednas toj se otpusti od mene i go snema, dodeka se zavrtam nego go nemase nikade Sok !! Vikam po nego, trazam levo desno , pod tezgata vikam moze se skril, nego go nema, lele zivotot mi se skrati za 10 godini lugje kako zemja da go goltna, vikam po nego se deram trcam negi go nema mislev deka srcev napad kje dobiham si velam koj mozese za sekunda da mi go grabne od raka, koj?? A lugje polno kade da go baras vo taa guzva? I odejkji nadolu edna zena mi vika tuka e, tuka, dojde do kaj mene i vikase mama, go poznav po ocite plavi oti e na toj i toj - go znae maz mi oti odma tamu ni e kaficot...uff koga go vudov kje umrev istiot moment, a on takov nazalen me gusna mi vika mamo! Ne daj boze na nikoj da mu se sluci ova, oti nikogas ne se znae sto bi mozelo da se desi i sega ocite 12 otvoreni i nikako peski oti mnogu mi bega, vo kolicka i raat
Ова и нам ни се случи со големата.Со таа разлика што лаптопот беше качен на метар над неа(на комода).Исто посегна да го дофати и дур скокнав јас ја удри на глава и тресна цел на земја.Срека без последици.За отокот само ладно помага и камагел мачкај за посекотината.Ке ви помине .А ти не плачи ,се дешава ете и кај други Живи луге сме
Ретко навраќам во оваа тема, децата ми се големи... Ама кога ке прочитам наслов што ќе ми го привлече вниманието, сакам да споделам и јас нешто за децата... Сите ние што имаме деца, сме поминале и низ несакани случки... Тие во моментот кога се случиле ни биле престрашни, иако можеби не требало толку да се паничиме... Се секавам на првата несакана случка со постариот син. Беше оддамна, пред повеке од 25 години... Син ми беше бебе, седеше во количката и незнам како се удри по устето... Почна да крвари, а јас и мм цели успаничени, правец - болница... До таму крвта престана да тече, па докторот што не прими ни кажа дека само си ја гризнал устичката од внатрешна страна... Нема потреба од шиење, ништо страшно!!! А, ние млади родители се ни се чинеше престрашно!!! Од таа прва несакана случка имаше уште многу слични, и кај постариот и кај помалиот син... Но, ние „поискусни“ се трудевме во моментот да останеме со „ладни глави“, да не паничиме и да ја решиме ситуацијата најбезболно!!! Нескани случки се случуваат, но само да бидат без последици!!!
Sme imale dosta nemili slucki no edna ke ja pamtime i jas i mm dodeka sme zivi.Sinko imase 9 meseci i 2 dena bevme doma,predhodno bevme vo bolnica kade pred 10-12 dena imase operacija.Sakav jas da se banjam i go staviv vo kolicka a mm i drugar mu bea nadvor i im go ostaviv da go gleda.Ja izmiv kosata koga slusam aaaaaaa plac i glasot na sin mi noze mi se stresoa.Na brzina se oblekov ispagam a mm go drzi,prasuvam so mu e i mi vika edna sekunda go svrtiv pogledot i padna od kolicka...Gospod mi dade sila da se soberam i da ne go otepam vo toj moment.Isplaseni odma na bolnica,ranata mu bese prevrzana i nemozevme da videme dali ima nekoj problem.Posle pregledot koga ni kazaa deka ne e nisto seriozno no i sto mozelo da se sluci,na mm ne mu zborev dosta vreme.Srekna sum sto ne se sluci nisto seriozno no i den denes koga ke mi tekne uste sum mu luta iako znam deka toa moze na sekoj da mu se sluce no nemozam a da ne mu prefrlam..posilno e od mene .
Таман помислив дека ниту еднаш не ми паднала посериозно, и ете ја уште истиот ден јако се тресна. Криво ми е бидејќи јас сум виновна, многу глупаво дозволив да падне не размислувајќи дека буквално ја пуштив во опасност. Се бајнаше мм и малата цело време му тропаше на врата ,,тата, тата, тата..,, Кога конечно се отвори вратата од купатилото без да размислам ја пуштив да влезе, а плочките мокри. Се лизна и јако тресна на тилот. Ја немаше неколку секунди (за мене цела вечност) дури да пушти глас, помодре од плачање а мене животот ми се скрати. За среќа брзо се смири ама мислам дека цело маало не разбра. За да биде уште потешко веќе беше време за спиење а мене после таков удар не ми се заспиваше. Одвај успеав да ја додржам будна 2 часа после падот, немаше никакви последици па ја успав. Можеби малце глупо звучи ама јас скоро цела вечер око не склопив слушајќи ја дали дише, ептен бев уплашена дека лошо падна. Уште не можам да си простам како можев да ја пратам боси нози во водено купатило, нормално дека ќе се излизга и ќе падне.