Непосакувани „додатоци“ во храната

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Offspring, 29 јули 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Не видов оваква тема па ако не ви е грозно можеме да споделиме мислења :lol: Ви се случило ли досега да седнете така апла гладни во сендвичара/ресторан и кога ќе ви ја донесат храната внатре да пронајдете влакно или било што грозно? :(
    Мене тоа ми се има случено се сеќавам бевме во Битола кај братучедка ми и тетин ми не однесе во еден Млечен ресторан. Додека јадевме некои убави колачи здогледав како на братучедка ми и виси влакно од устата :|
    Друга случка во една сендвичара во Велес пиевме кафе. Кога го допив кафето скроз доле во филџанот забележав влакно свиткано. Ми се згади, ми идеше да повратам :|
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    35.545
    Пол:
    Женски
    На мене не ми се случило вакво нешто до сега. Во училиштето каде што учев (каде што учеше и сестра ми) има сендвичара. Едно девојче (генерација со сестра ми) нарачало тост. Таман да касне од тостот, внатре видела бубашваба. Директорот викнал Државен санитарен инспекторат, кој утврдил дека сендвичарата работи во нехигиенски услови и ја затворил сендвичарата.
     
  3. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    мене фала му на бога до нега ми се нема случено да најдам непосакуван додаток во храната но на моите блиски им се има случувано да најдам нокти,влакна,па дури и уво од глушец :puke: :puke:
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Ние во Стив често си наоѓавме такви додатоци. Буреци со бубашваби, манџи со влакна, или со измет од глушец... да не зборам понатаму :puke:
     
  5. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Боже господе хахаха свашта гнасно :puke: :puke:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.351
    Допаѓања:
    200.687
    Пол:
    Женски
    Се случуваат вакви работи, особено кај нас. Влакна многу често наоѓам - добро, не им текнува да носат капи?! :@
    А знам дека еднаш братучетка ми купи преклопена пица, ја отвори пред да ја загризе (среќа што го стори тоа) - и внатре имаше цркната бубашваба :puke: :puke: :puke:
     
  7. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Додека јадам било што обавезно гледам во тоа што јадам и нема нешто да не приметам. Ако најдам влакно повеќе не се враќам таму, главата нема да ми ја видат :puke:
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ееее пак и вие претерувате... можеби луѓето сакале да ви стават нешто гратис внатре, па и бубашвабата е месо :lol:
    Инаку немам најдено нешто грозно и се надевам нема ни да најдам. Бљак :puke:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Ми се случувало како не. Сум наоѓала влакна по сендвичите. И тоа кога сум била најгладна :puke: :(
    А колку ли сме изеле а не сме ги виделе, ехеј! Прочитав некаде ама не запаметив колку влакна во просек јадеме :puke:
    Гадно ама вистинито :lol:
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Кога прочитав бубашваби се сетив на една случка, малку повеќе грозна :lol:
    Братучедка ми се гледаше со еден тип кој беше газда на кафичот во кој она работеше. Редовно таму доаѓаше неговата бивша и и се изживуваше врз братучедка ми. Прво ќе и нарача, па ќе ја врати по шеќер, па ќе и текне дека сака вода, па лажиче и цело време така ја шеткала за да ја нервира.
    Еден ден дошла бившата негова со другарките и и нарачала на братучедка ми нескафе. Додека го правела зад шанкот паднала лебарка. Братучедка ми само ја удрила со нешто и ја усмртила. Потоа ја ставила во чашата и со машинчето за Нескафе ја сомлела и и го однела да си го испие па дури и добро го декорирала со чоколаден прелив :lol:
    Кога ми го кажуваше тоа се згрозив, ама така им треба на таквите :devil:
     
    На tralalala, BlondeGirl8, vickyy90 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    хахах се изнасмеав :rofl: :rofl: луда е до крај
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Леле многу мразам такви работи! Кога се припрема храна, треба максимална хигиена! Значи избегнувам пекари , сендвичари и сл......Незнам само ако ја имате гледано Момент на Вистината, гостуваше еден пекар.....кога изнакажа како работи.....мрак ми падна пред очи! :puke:
     
  13. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    А и јас така ме нервираше еден другар на дечко ми и кога дојде кај него на гости ми рече да му однесам чаша вода и јас му плукнав внатре и овој фино лепо си ја испи :lol:
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш нарачав тост од една сендвичарница по такси да ми пратат, мртва гладна и кога внатре вилушката изџвакана. Најтрагично е што јас веќе пробав едно компирче со вилушката. Одма вртам во сендвичарата и го правам тој таму што работи лом, од гомно подоле и типот уште ми вика нема шанси такво нешто да се случило. Е не бе викам, ја немав друга работа ја изџвакав вилушката и седнав на телефон да те реметам без потреба. После почна да се извинува, му пратија нов тост :) али ја више никад од таму не купив.
     
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    :puke: :puke:
    Како што ми се јаде, одма ми се одјаде.
    Сум забележувала влакна во храната, и кога сама го праам не се гадам, ама кога ќе го купам од негде.. :tmi:
    Ми раскажуваше една другарка(бидејќи работела во кафич) правела кафиња и плукала во него.. :puke:
    Од кај знам какво кафе ми даваат во кафич. :puke:
    Од тогаш.. од коа ми го кажа тоа.. Ретко пијам кафе во кафич :tmi:
     
  16. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25
    И мене ми се случило да најдам влакно и тоа во супа кај што бев на гости :puke: А друга случка, братучед ми беше дојден на гости кај нас и појдовме во една слаткарница,нарачуваме за секој парче торта и во неговото парче најде влакно големо и црно,и без срам го вика келнерот и му вели во тортава има влакно..Келнерот сиот зачуден му вели Нема шанси и се враќа по ново парче.Еве го, го зема братучед ми и го зема в рака и вели сигурно не е мое јас сум келав :D А друго нешто дечко ми ми кажуваше дека ко работел како келнер во некој ресторан во странство,гостинот ако не го бендисал јадењето или сл.овој се врајќал в кујна и му тресел првут над јадење :D :tmi:
     
  17. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Бљак :puke: Имам најдено во крофна.Бев мртва гладна и си купив крофна од пекара и јадам и само едно време како што закасав влакно ми идеше цревата да си ги повратам.Од тогаш немам чоколадна крофна јадено-јадам само со бел фил :D Еднаш мува најдов во бурек. :puke: Леле ми се згади животов :puke:
    Еднаш една душманка што ми се правеше другарка беше дома и јас и плукнав во кафето,во сокот и во водата :devil:
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Уф ептен се грозам од влакна во јадење. Ништо не може толку да ми го расипе ручекот,како некое долго женско влакниште.

    И кога сме веќе на темава да споделам со вас еден виц.

    Седи човек во кафеана и чита весник, а пред него полна чинија супа. Од прозор го набљудува некој бездомник и си вика ее како е човеков занесен во весникот ќе одам и цела супа ќе му ја изедам. И оди јаде ,јаде,а човеков не го ни приметува. Кога веќе бил прикрај со јадењето видел големо црно влакно и ја повратил супата. Тогаш човекот го тргнал весникот и му рекол: Што и ти стигна до влакното?

    :D :rofl: :D :rofl:
     
  19. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25

    хахахахахаха ме изнасмеа со вицов :rofl: :rofl: :clap:
     
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Сега додека ја читав темава ми дојде до една идеја.Сите оние кои во темите за диета прашуваа како до самоконтрола,еве го лекот - нека читнат од темава,се ќе им се пријаде :lol: