Ох има безброј такви ситуации со „додатоците“. Имам најдено влакно во бурек, во ѓеврек, во хамбургер... Најлошото беше кога најдов лебарка во лебот. Одвратно.
Мене ми се има случено да најдам камен во кифла,па го фрлив и продолжив да си ја јадам кифлата! Еднаш дете кога бев дома во чајот што го чекав да ми се излади кога го пиев за малку ќе голтнев мува удавена во чајот,но на време ја забележав,иако половина ми беше влезена во устата,на време ја видов и ја плукнав и го расипав чајот во лавабото! На мајка ми,пак,и се има случено во кафе да најде удавена мува,Бог да чува и да брани! Еднаш,пак,мала кога бев исто во чоколадата ми се имаше заглавено една голема црна чкрапја! Исто сум имала случај и со црвјосани наполитанки,па баба ми отиде да ги врати во продавницата и лом ги направи тие таму што на внучето му дале црвјосани и никакви наполитанки! Исто и цел рој мравки се имаше заглавено во кутија со чоколадни наполитанки којашто ја бевме заборавиле во шкафот! А,еднаш,пак кога купивме Madeleine чајни колачи внатре во еден од колачите имаше заборавено книвче што служело како мостра за правење на колачот машински,па најверојатно машината направила некој пропуст,нешто се заглавило и книвчето останало внатре,мајка ми сакаше да ја тужи фабриката,па се премисли бидејќи не беше наше производство,туку српско! Се надевам дека повеќе нема да имам вакви непријатни изненадувања!
Откако во какаото видов влакно, мало црно и дебело, веќе престанав да пијам какао. Во пирошка имам најдено мравка. Во салата црв.
И мене исто така, заедно со лукот, ама има многу погадни додатоци како што читам во темава. Инаку, темава е Досега не сум пронашла некој непосакуван додаток во храна, ама може сум изела некој без да приметам, според тоа што го читам во темава, и според тоа што често купувам готова храна Во овошје имам најдено црв, но тоа ме има згадено само во моментот.
Еднаш ми се удави оса во нескафето . Бевме на кафе во едно кафуле , ама беше топло пролет/лето , па си седнавме во летната бавча . Инаку јас кафе пијам цели 40 минути ( па и 2 голтки да е ) , и така замислена гледам една осичка правац кај мене во чаша . Сакала да плива , ама се удави ко секира во вода . Го викнав келнерот и си порачав друго кафе . Од тогаш па наваму , освен во затворени простории , кафето си го пијам за 15-20 мин , па колкаво сака нека е
За среќа, освен влакно не сум нашла нешто пострашно Е да, и црвчиња во зеленчук, ама тоа не знам дали се брои Самата помисла на нокти, бубачки итн. во храна ме исполнува со ужас. Кога нарачувам храна секогаш внимавам и прво проверувам (освен кога сум многу гладна )