имам најдено влакно во помфритот во сендвичарата Круг, а не сум единствена.. и затоа веке таму нема шанси да стапнам//
Последен пат кога бев на гости кај баба ми , правела попарено благо ( мислам кох го викаа ) и јадејки најдов внатре нејзино влакно и го оставив така на пола
Драги феминки јас сношти наидов на еден супер додаток. Всушност бевеме соберени кај една другарка да славиме СНГ и кршевме лепче со паричка. Ни поделија на сите и јас отварам во моето лепче и гледам нешто црно и си велам во себе "Во мене е ". Си ја пуштам раката ииииииииииииии измет од глушец Колку гадно! И така фино лепо си го оставив лепчето, на никој не кажав, а другарките цели си ги изедоа..
Па драги феминки неморате да јадете во сендвичари таму навистина не се гледа на хигената, посебно кај Нино или Чичко Стоилко. Насвистина се чудам кога и да поминам од таму секогаш гледам малади како јадат некој сендвич со компири пржени во зејтин од лани со плескавици што цел ден ги подгреуваат итн... , па се прашувам овие деца излегле од дома да јадат сендвич на улица како кучиња па не ли можеле да јадат дома? Многу мои колешки јадат од сендвичари па покрај влакно нашле и по некоја лебарака како домашно животно во лебот.
Со другарка ми бевме во Прего на сокче.И си порачувам јас фино лепо сокче од портокалче,и таман да ми го донесат гледам го враќаат назад,и ми носат од праска.И јас ги прашувам зошто и ми вика дека паднала мушичка , па морале да го вратат. Арно што ја виделе инаку ... А за влакна да не зборувам, по сендвичи, по тостови наоѓам
Mајка ми кажуваше дека некој нејзин колега купил бурек со срчи внатре!Паметниов го извадил стаклото,си изел бурекот и отишол со срчите да се жали за тоа! Глеј памет еј! И уште побарал да се види со газдата,а овој газдава му рекол како не ти е срам ти сакаш дуќанот да ми го затвориш да немам леб да јадам, лом го направил и го избркал!И убаво направил и мене некој да ми дојде само со срчи ќе го избркам! Требало да дојде со срчите во бурекот! А јас само си се изнасмеав на паметот на човекот !
Ми се има случено неколку пати пиејќи кафе да ми налета цело зрнце. Да , да ништо гадно ама во тој момент незнаеш што е ... и секогаш ми се случува во куќа во која по прв пат влегувам.
Затоа ,ради вакви додатоци ич не сакам да земам јадења од секаде...еден колега во бурек најде цело капаче од мал јогурт неверојатно но вистинито....друг другар на свадба во хотел побарале сол -а во неа црв јас имам влакна само наоѓано......страшно е шо не се води никаква хигиена нити контрола на вработените и рестораните...затоа само домче-најпроверено си е
Мене не ми се има случено нешто во тост или помфрит да најдам нешто влакно,а не пак бубашваби! Ама грозно бе штраф да најдеш во тост па некој може да го голтне.
Во мојава населба има еден кафич. Во него кој и да влегол сигурно испил или изел ваков додаток. Лично јас кога влегов прв пат таму нарачав кафе и ок ми го донесоа. Одеднаш моја другарка списка ко да видела слон и ми вика имаш бубачка у кафето. Многу јасно освен мене, цел кафич и келнерите слушнаа и донесоа друго. И ок седиме што седиме коа гледам до мене на огледалото си шетка едно огромно лебарче. Абе ми се згади животов. Друг случај во сендвичара купувам помфрит и гледам додека нели ги ставаат компирчињата. Како што жената повлече со тоа да извади компири излегоа 2 лебарки од садот кај што беа компирите. И викам на таа, а не фала тоа на друг да му дадеш ама мене не. Позади мене имаше редица средношколци и тоа како расипан телефон се ширеше и сите до еден си искочија!
Ми се има случено да најдам мравки во сендвич порано, кога купував јадење во училиште. Среќа беше пред да почнам да го јадам, ептен ми се згрози и го вратив на продавачката - таа да си го изеде. Уште наидов на лут поглед и "Па добро де, се случува" Епа бидејќи се случува, оттогаш го заобиколувам тоа место.
После напорна потрага низ бутициве, седнуваме со другарка да јадеме у Клок сендвичарата... И ај прво што ми се изнасмеа кога побарав комбиниран без салама, во сендвичот црно дугачко влакно, среќа што не почнав да јадам. И идам на шанк да и објаснам, а идиотката уште безобразно ми вика аууу може е твое. Лом ја направив, ја по плава неможам да бидам, она ми вика црно влакно мое. Кога спомнав инспекција, почна фино да се правда, ми направи нов сендвич, па уште почна и со мила да ми се обраќа. Мислеше мутава сум па ќе преќутам. Нема лабаво со таквите....Она мене влакно у сендвич пффф хахаха
Бевме со другарка до една фурна каде се продава бело пециво, и така ние си разгледуваме по витрините и believe it or not, бубачка си легачи на еден кросан . Никогаш, ама баш никогаш веќе не купувам од таа фурна!
Факт е дека не се замараат до толку и да пазат во рестораниве и сендвичарите и каде и да купувате храна надвор од дома. И да не најдеш ништо може со прлјави раце ти го напраил јадењето. Доволно е да ја видам онаа кај Стоилко како се драпа под мишки па го сече лепчето за тост Не ми се има случено да најдам некошто гадно во јадењето надвор од дома, но дечко ми има најдено штраф во тостот на факс... да се знае дека сме машинци де
За среќа не сум налетала на бубашваба досега, ама на влакно да и тоа неколку пати. Што јас, што другарките ама грозно е навистина. Факт е дека кај нас не внимаваат нешто особено на хигиената, па тоа е што е. Ама не дај боже да налетам на бубашваба, има да ги викнам тие што ја подготвувале храната, па они нека си дојадат
Е ова мора да го споделам Од Специјал скоро купив бурек со месо, и верувале или не месото беше полу-ЖИВО. Значи не го пропржиле претходно па да го стават во корите, туку така живо го ставиле, и бидејќи бурекот се пече помалку време, месото не се испекло толку брзо, па си беше црвено и сирово ми се згади! Следниот ден земам бурек со сирење од истото место, ја отварам хартијата и пред да почнам да јадам приметувам дека смрди , корне на тешко, сирењето којзнае какво им беше. И претходно имам купувано од истото место бурек и ок бил (освен еднаш кога во тој со сирење најдов парче селотејп), али веќе нема да ми текне да купам. Инаку влакна стално си наоѓам, али штом еднаш најдам таму веќе моја нога не стапнува.
Претходното лето најдов влакно во пирошка (тие кај луна парк што се продаваат). Ама пак си јадам од таму, што да праам кога нема ништо поблиску, а сум гладна во парк