Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непосакувани „додатоци“ во храната

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Offspring, 29 јули 2010.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Многу мразам кога ќе најдам влакно во некое јадење. :x Одма ми се згадува и неможам да продолжам да јадам. Мислам дека погадно нешто нема, освен бубачки, ама за среќа не сум нашла досега такво нешто.
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    дефинитивно влакно ииииии цимет :rofl:
     
  3. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Сега за сега само 7-8 пати сум најдела влакно во сендвичот. Ако продолжи вака ќе банкротирам :D За среќа не сум нашла бубачка. :)
     
  4. ni-na

    ni-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Kога сме кај додатоциве!Еднаш така кефички си зготвив супа од брокула.Ја оставив да се излади сметајки дека имам готов ручек!арно ама кога ја отворив внатре за изненадување ме чекаа илјадници мали мушички,од секое топче на брокулата имаше излезено по едно :P додаток за добар апетит :D
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ова мајка ми ми го кажа..Во јогурт Баланс кога се потрошил го отворила тетрапакот и внатре нашла делчиња од гумени ракавици :D
     
  6. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Леле па зарем само јас немам ништо најдено, па ни влакно?! Се чувствувам отфрлено... ;( :P Се шегувам не би сакала сега да најдам некаде нешто... И вака ми е океј :) Инаку ваква останав :o кога прочитав за секаквите случки што ви се имаат случувано... Штрафови, лебарки и какви не чуда грозно...
     
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Во прва година со една другарка решивме да си земеме тост од мензата во училиштето. И јас како што јадев видов едно црно влакно, ама од
    препоните, такво
    Бљакк, ми се згрози животот. :puke: Оттогаш само 2-3 пати си имам купено од таму.
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    јас најдов камче во јадење еднаш и одтогаш никогаш веќе не купив храна на тоа место...леле ужас! ќе си ги скршев забите :worried:
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Вие сте се гаделе од зачини во исхраната, од прав, од растенија, од влакнести адитиви...
    ... а што да кажам јас со тост во “Кинг“ со пилешка салама и кашкавал и како специјален додаток на вечерта, на сметка на куќата, коска од риба...?! :o

    И тоа најверојатно беше некоја солидно пласирана риба, дали пастрмка, дали крап... можеби со добар рејтинг меѓу рибјите старешини - коската беше тврда и долга некаде 6 цм.
    Гледам нешто ми го ремети видикот, а богами и ми ја разорува усната шуплина, на половина од тостот гледам дека ми ја згрешиле нарачката!!! :wasntme:
    Ама мила душа, пуста глад, го дојадов од другата страна, па после тоа го викнав келнерот за да се расправам. :lol:
    Арно така, се најадов, а не платив. Класичен ѓупац. :lol:
    Епа кај ке најдеш тост со пилешка со рибини коски во едно? Ха!
    Ова на рандом е менито, што ке им дојде при рака во моментот. Пак чудо некое, секогаш добри финиши добиваат. :wasntme:
     
    На mims-89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Е, во Берово вегетаријанец меѓу нас си порачува прекрасна вегетаринанска тава од печени во фурна во земјена тава домати, пиперки и сиренце м м м и го гледаме сите уште крчка тоа, убаво мириса да посакаш да му го земеш на нашиов вегетаријанец, и си јаде човекот додека си чади тоа кога нешто чудно долго ама издуено модро во тавичкава си стои меѓу пиперчињата и доматите :wasntme: го зима со лажиче го става посебно во тањир :worried: гасениче да ти било, јадно пусто и оно вегетаријанче ;( си хрупкало во зеленишот и сосе зеленишот го збрале го нагостиле во тавата. Па прашањето беше дали умрело од прејадување, од премногу сок од патлиџан, па му се издуло стомачето, или :worried: живо се спржило во фурната :tmi:

    И јас еднаш си порачав убава баничка во Бугарија со спанаќ и сиренце и почнувам да јадам тоа ми мириса како на конзерва од риба :wasntme: викам, што ли ќе е ова едно јадеш друг мирис ти доаѓа, кога зимам со рацете кршам делче од баничката :tmi: што да видам сардинче од конзервата директно паднало меѓу спанаќот и сиренцето :wasntme: убавини.

    А, влакненца и чуда.. :clap: уф!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Jaс сум немала влакнест инцидент досега, ама затоа денот кога умрев малку во себе беше кога дознав дека и во кајсии имало црви.

    Порано знаев само за црешите, па ги расчеречував пред да ги изедам, зошто ако нешто ми е погадно од црв, тоа е пола црв. И еднаш случајно ми текна да разделам кајсија (а ги јадам како луда дур им е сезона, никогаш не сум обрнала внимание на внатрешноста). И таму ме чекаше еден мадафака огромен црв, како Тим Бартон да го изрежирал.

    И сега морам да го дисецирам секое овошје пред да го изедам, пусти страв.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Мене ми се има случено да извлечам влакно од пица во една од најдобрите пицерии во населба. :puke:
    Покриено со салама и кашкавал замалку ќе каснев, но среќа мајка ми примети. Кога го извлече од пицата, долго дваесетина cm. :puke: Ми се згади. :puke:

    А еднаш пак во праската внатре кај или во семката имаше една грозна бубачка, не како црв туку како со крлушка одозгора, како бубашваба нешто... Прв пат да видам таква бубачка во овошје... :worried: :puke:
     
  13. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Па до сега само влакна имам наогано друго не фала Богу :D

    А еднашка кога јадевме со другарки во еден ресторан, кога ни донесоа приборот за јадење, вилушките беа прљави :x се гледаше, залепено стврднато нешто.. и фино лепо си побаравме нов прибор :)
     
  14. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    еднашка во бурекџилница најдов мртва мува во бурек ми се згади :puke:
    истотака имам наоѓано и влакна ... :puke: :puke:
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Имам најдено влакна ,парче хартија , камче во ориз и не знам уште што , но има една случка која ми предизвика страшна траума во детството :rofl:

    Бев излезена со тетка ми , имав некои 5-6 години ,и ај ќе јадеме сладолед од Ванила (слаткарница,веќе бивша). Супер сето ,идејата беше одлична ,арно ама, кога стасав до корнетот - ми се придвижи нешто црно !
    Тоа да ти биди штипалка ,чкрапја ,не знам како се вика стручно , ама ми се згади животот !
    Му се вративме со тетка ми ,двете наосени , и му го покажавме сладоледот сосе чкрапја ,низ низа омаловажувачки зборови ,да видат што служат :swear:
    Оттогаш не сакав да каснам сладолед во корнет , особено не од таа слаткарница .
     
  16. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    ми се случило да најдам влакно во панцерота. :puke:
     
  17. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Правев тостови ... и додека ја сечев саламата најдов цела метална прачка, значи долга негде 10тина см и тенка 2 мм.

    Свашта...
     
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    9.990
    Пол:
    Женски
    ја обично наогам влакна,ама еднаш коа бев на гости кај тета јадев од онаа салатата со макарони што е и ја така си јадам и гледам црв во танјирчето ама не беше жив...тета пак ми вика ако де јади црвот се испекол внатре и тоа е месо :puke: ја само го тргнав танјирчето и не каснав пак од таа салата
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Најгрдо нешто.. :puke:
    Онака гладен седнуваш да јадеш , со душа го чекаш јадењето и на крај од некаде ооооп се провлекува некое влакно... :@
    Ова ми се има случувано неколку пати. Но еднаш татко ми седнува да јаде отвара нова пита кашкавал. И човекот почнува да си сече и ножот нешто му заглавува- има што да види останал штрафт во кашкавалот. Веројатно од машината, но како и да е уште еднаш немаме купено кашкавал од таа фирма.
     
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ми се случило неколку пати влакно да најдам во нешто.

    Еднаш јадев супа со брокула и како што јадев со лажицата и случајно загледав црв. И само ја оставив лажицата и :puke: . После тоа ми требаше долго време да почнам да јадам таква супа и ставав во тањир со лажица а не со црпка за да гледам да не наиде пак нешто по грешка :D.
    Овошјето обично си ги сецкам па ако има нешто одма фрлам.Црешите ги кинам од дрво и директива во уста :lol: . Мислам дека немаат црви (бар до сега немале) :?: . А ако сум изела некоја животинка ајт наздравје :?: :tmi: