Леле еднаш направив какао и во филџанот паднала мува.И така јас си пијам и наеднаш осеќам нешто во уста, кога вадам кога видов мува луѓе црева истурив.После долго време не пиев какао ми беше одвратен вкусот,а кафе кога варам не се тргам додека не се свари и после филџанот во рака го држам цело време а со другата го покривам да не ми падне пак некое изненадување многу ќе ми дојде
Бев на ручек со семејството кај другарот на татко ми и додека јадевме во јадењето најдов влакно и престаав да јадам.
Често наоѓам влакно во храната и одма ми се одјадува. А еднаш па купив сендвич од една бурекџилница со шунка и кашкавал. И јадам така и осеќам нешто чудно, после кога да видам, опаковката од шунката во мојата уста. Поточно, кога ја сечеле шунката ја исекле изгледа со тоа пластиката одгоре, во што е замотана. Ауух зе згрозив.
ЛЕлеееееее ај од влакно ми е грозно ам ане толку,ами луѓе еднаш во сокот мува ко ми летна Или пак во лебот делови од глушец моите имат најдено,е тоа е ептен за гадење Кога видов избегав во другата соба,па кога отидивме да им го вратиме демек не сме ние ктиви,пекарата кај шо се прај,до душа и така е ,но глушец бе
хахаха деца имаат најдено цело пенкало во ужинка па вие влакно .... а јас лапсуз правам торта на братучетка ми за 5ти роденден ама со готови кори и нели они се разделени со хартија по грешка од една кора не ја извадив и останала во тортата малку се бунеа ама си ја вадеа и јадеа па и не е толку страшно и така корите стоеле залепени со хартијата ама ке беше проблем ако ја голтнеа ...хаха ама веројатно беше толку убава што и со хартија не ја вртиа
Хахаха ми се има десено да најдам влакно,еднаш во пица. И искрено ми се одјаде.А бев толку гладна А в село еднаш,на гости ни дојде еден човек,и за бељата се шуткаше една мува дома,и чоеков си пиеше ракија и опппппппп баб,во ракијата кај него се удави мувата.
Најгнасно нешто ми е тоа...Во сендвичара порачувам сендвич со другарка ми, во мојот имаше влакно а во нејзиниот комарец...Буквално ми се згади го фрлив веднаш и никогаш немам јадено повеке од таму...
Ја отворив темата и очекував да видам што не сакате како додаток во храната, ама да е за јадење. Гледам на повеќето им се гади од влакна и инсекти, што според мене е многу нормална реакција. И мене би ми се гадело, но само ако храната сум ја купила од некој локал, а од домашните немам проблем.
Да, за жал . Бевме цел клас да јадеме во една сендвичара на центар, и другарка ми си порачи сендвичот да и е внатре со габи. И мене ми го носаат сендвичот прва, и јас проверив дали е со габи и кажав дека тој не е нејзин, и таа фино лепо го зеде мојот сендвич и со нејзините гнасни раци го отвори сендичот
Влакна,влакна,влакна.Исто така во школската сендвичара често може да си добиете хамбургер со расипан мајонез,со некое мравче/бумбарче па тоа како десерт да ви дое. Јас сум гадлива премногу ама не колку дечко ми -> ако види едно единствено влакно па макар и на земја,одма престанува да јаде. Кога бевме во Охрид ме тераше во 3 ноќеска да одиме да јадеме надвор,затоа што имало влакна на масата и колку и да ги чистиш не се чистеле.
хаахахахаах ме изнасмеа со ова со братучетка ти хахахаахах иначе мене ми се има случено мравка на сладолет уф колку е гаден вкусот се ежам кога ке се сетам
Ух сум наоѓала влакништа, еднаш бевме во млечен и во една слаткарница, нарачав чоколаден сладолед, абе се згрозив , влакно ко врвка у него и го оставив
Бевме кај школски другар на гости и неговата мајка не покани на ручек. седнавме, ни стави жената леќа и јас почнав да јадам, Една лажица, уште една и со третата лажца си уловив влакно , се извинив и реков дека неможам да ја дојадам леќата бидејќи претходно сум јадела. Од тогаш леќа немам пробано, а нема ни да пробам
Мува во нескафе во еден кафиќ во центар на Скопје кој веќе не постои, ми се згади животот. Бубачка во кроасан (внатре во тестото) купен во школското бифе. 2 пати гризнав и кога ја видов го фрлив ама џабе.. Добив толку јака инфекција на јазикот, ужасни болки, гноење и доживотна дупка-лузна на јазик од тоа. Како сум нае*ала, требаше да ги тужам да им се затвори бифето! Бубачка како поголема мушичка во зелена салата во ресторан на кеј. А од муабети имам слушано за влакна, нокти, лебарки... И кога ќе видам дека прават јадење т.е. фаќаат леб, месо и остало без ракавици, па после фаќаат пари да наплатат..ау! Хигиена ич! Грозно ми е и затоа ептен ако морам јадам негде надвор и на одбрани места.
Мува во салата во Еври деј Менаџерот мува не го полази дека сум нашла мува и имам слушан одека и порано наоѓале таму влакна или други работи и решив таму више моја нога не стапнува
Во салатките во Мекдоналдс си наидов на бубачка. Нарачавме со другарка ми овошна салата, демек нешто здраво да сме кснеле и кога отворив, имав што да видам. Низ тоа јаболкцата бубачка. Не ни знам што беше, одма се тргнав од што ми се згади.
Абе луѓенца, пеки влакно, се дури е од оние подолгите А да знаете само колку инсекти годишно голтаме дури спиеме, та за во храна пих, малка работа. Инаку се грозам, најмногу од се, дури ни бубаче во храна не ме грозни, како еден тон маргарин во торта, та не јадеш торта, ами сало , маргарин