Ааааааааааааааааааааааааааа............ јас сум гадлива мноооооогууу сеа стра ми е да купам нешто од продавницаа.... бљљаак :О :geek:
Јас сум прибирлива за јадење и тоа многу ама ако најдам влакно па не дај боже бубачка е тогаш некој ке убијам.Најсериозна сум.Јас се гадам да видам мравка не пак во јадење .
јас многу се гнасам.. па еднаш во чинија влакно видов одма ја фрлив цлеа нема шанси да јадам нешто такво..од самата помисла ми се гади
Кога излеговме прв пат со дечко ми бевме на палачинка.И јас јадам јадам и веќе при крај оооооооп влакноооо...ко ми се згадиииииииии го викнав келнерот и му кажав , се извини и не си ја дојадов палачинката уште ми е мака за неа.
Многу често ми се има случувано да најдам влакна во храната, ама бубашваби и такви работи не, а не ни сакам
Најодвратно нешто е да најдеш влакно, а не пак бубачки ауууф. А во последно време што наоѓаат заби, стакла и такви чуда.
На мене не ми се има случено да најдам непосакуван додаток во исхраната. Додека сестра ми одеше во средно, ова се има случено на едно девојче од нејзина генерација. Во тостот што го јадела имало бубашваба. После тоа сендвичарата (се наоѓаше во школото) ја затворија.
Таков непосакуван додаток имам најдено во еден сендвич кога бев уште основно. Сендвичарата беше до школото, сите купуваа од таму за голем одмор. Јас купив, мислам, сиви и во него најдов рѓосана жица. Од кај се нашла таму, кој знае какви болештии може така да се прифати. И многу се жалеа дека наоѓале се и сешто во сендвичите, ама сендвичарата ја затворија тек после 3 - 4 години. Сега мислам дека не е до толку страшно по сендвичарите, ама сепак треба да се припази.
со еден школски бевме вслаткарница и јадевме овошна салата... едно време тој вади нешто од уста ко гледаме желевце оние што ги има по тетраткине за хефтање...после тоа гледаме келнерката над тоа благото ко зеде да се чешла ни се згади...
нема каде не сум наогала влакна,скоро во сите сендвичари каде сум купувала почесто,изгледа најголема срекничка сум за тие работи секогаш на мене ми се погодува последен пат пред една недела си купив кифла и кога ја јадев дома осетив нешто на устата како ми мрда и гледам влакно,мало и кафено ,одма ја фрлив,и потоа другиот ден јадам сирење од оние вакумираните и сечам парче и гледам бело влакно којзнае можеби од некоја крава коза или овца е било оти беше мешано сирењето и ми се одјаде одма
Во една сендвичара во Струмица најдов коска во сендвичот што ужасно многу личеше на заб Тешко дека била од шунката... Ахам, и влакно најдов еднаш во шпагетите од менза. А за гадлива, гадлива сум. Пред повеќе од една година беше тоа со влакното, и се уште, кога јадам во менза 100 пати погледнам пред да каснам, и на крај редовно си излегувам погладна од што сум влегла
Мислам дека можат слободно да ми дадат признание за Гинисов рекорд за пронајдени влакна во храна. Пред неколку години, си купив гиро од Виена во кое најдов едно големо црно влакно. Го платив околу 5 евра, ама си го купив за носење бидејќи шетавме и не се вратив назад за да им го плеснам на маса во сендвичарата. Пред некој месец, најдов долгометражно влакно во пица од Ања (и тоа убаво замесено во тестото). Арно ама, пицата ја јадев дома, па и таа не можев да ја вратам. А денес најдов влакно во сладолед од Ред Кафе. Е сладоледот им го вратив, ми се извинија и ми донесоа нов. Па наместо 3 топки, испадна дека изедов 5
Имаше еден период пролета,секој ден наоѓав влакно во храната...Влакна имаше во се -отидов на гости кај една пријателка на мама и само што го земав првото колаче од масата,во него имаше влакно -порачав кафе у турција одозгоре имаше мало влакненце -мајка ми направи ориз,во оризот имаше влакно и уште милион ситуации...
да во средно ми се има слуцено неколку пати да најдам влакно во бурек и долго време после тоа избегнував да купувам бурек или симит погача
Конец. :geek: Еднаш најдов конец во мекица.Буквало во цела мекица го имаше.Ми се згади. Не сум премногу гадлива,но кога се работи за вакви додатоци во храна...
Еднаш кога бевме во Скопје отидовме во една сендвичара и сите си купивме тост(мама,тато, сестра ми и јас). И ни ги носат и кај мене и кај тато на тостот по неколку црни дооолги влакна ама замоткани во лебот внатре. :geek: Уфф, грозно. И сите ги фрливме тостовите!