Кај мене такви ѓи има 2-3 вработени што све одма кај директорот кажуват меѓу нив и шефот тоа му е начин да се покаже.Како мали деца се тие според мене одма да се жалат. Вака до кога јас мислам дека до никад . Нема да се сменат и се повеќе и повеќе вакви лица ќе има
Неправда на работното место секогаш ќе постои. Кодоши, улизувачи, сплеткари колку ти душа сака. Немој да мислите дека доколку со некого станете добар пријател дека нема некогаш да се сврти против вас. Избегнувајте оговарања зад грб и ширење на лажни информации. Избегнувајте споделување на информации од приватен живот. Се додека си ја гледате работата и само работата ќе си имате некоја сигурност колку-толку. Треба да имате сериозен пристап и да разберете дека од таа работа некој плаќа сметки и рани фамилија, па и понатаму произлегува несигурност и страв дека доколку дојде некој нов тој ќе остане на улица. Животот е секојдневна борба. If you want to stay, you must play!
Голема неправда. Најнова сум во фирмава, се трудам да си ја работам работата и секогаш сум исполнителна. Не се замерувам со колегите имам добар однос и пак едниот шеф ме гледа поинаку од другите. Ме игнорира, не ми обрнува многу внимание, а и се сомневам дека има шанса да ме откачат. Што е проблемот?
@Matotheja дека си нова да не се однесува така? Да се постави построго од почеток, па можеби со тек на време и со тебе да се однесува како со другите. Не знам, друго објаснување немам. Во краен случај разговарај со него, ако не пак работи си ја работата и не замарај се со него. Тешко е, ама ќе издржиш.
Логично размислуваш. Ја е смешкам и си работам, не ме фаќа инает па да забушавам, али ете така малце ми мава рецки. Инаку неколку месеци е така.
Луѓе сакам совет Работам во бутик и студиам истовремено и бидејќи ми е многу напорно со предавања и кажав на газдарицата (на 13.10) дека до крај на месец и заминувам. Денес требаше да ми е последен ден тие цело време се обидуваат да ме премислат. Денес само да го потсетам на газдата му викам денес последен ден ми е и одма настана хаос како си одам нема кој да работи, а оглас си има ама никој жив кај него не сака да работи. Сега цела работа е што несака да ми исплати плата. Сум морала да седам до 13 до датумот кога сум го најавила отказот. Ама сето ова мене некако не ми одговара. Гледам дека е голем манипулатор ама гледа дека сум млада и неискусна и сака да го искористи тоа. Ве молам за совет и дали на некој нешто слично при отказ му се има случено.
Отказ се најавува еден месец пред да заминеш. По договор меѓу вработениот и работодавецот тој период може да биде и пократок. Ти можеш едноставно да прекинеш да одиш ама мој совет е да го испочитуваш законот и договорот за вработување за да не се сносиш со некакви правни последици. Должен е да те исплати до последен ден само тоа може да биде и откако ќе заминеш, кога ќе исплати плата и на останатите вработени, доколку има такви. Не верувам дека нема да ти плати затоа што и тебе те штити законот и не му оди во прилог за една плата да си направи проблем кој може многу повеќе да го чини.
не се плаши ништо не може да ти направи, те одјавува од агенција за вработување и тоа е тоа, ако си пријавена тој мора да ти префрли плата, а ако си работела без никаков договор и чим е преварант може да не те исплати, а ти немаш кому да се жалиш и докажуваш
Може да се жали. Ако е преварант и не ја има пријавено, ќе го "испоштува" отказниот рок и ќе пријави (сама, за освета) во Труд и социјала. Покрај тоа, работи со луѓе, па има и сведоци дека работела. Што значи дека може и судски да го гони. Малку повеќе сум нервозна па ако продолжам што се може да му сервира, ќе мислите дека Халовин ми удрил во глава Сериозно, ако сите правиме по нешто да се заштитиме, нема да може да се занесуваат толку. @Бубаче1
девојката колку што разбрав не побара освета, нема потреба да се плаши затоа што ништо лошо не направила, кај нас има случаеви каде нашле подобра работа и си заминуваат без да го испочитуваат тој рок од еден месец кој е оставен чисто ради работодавачот за да има време да пушти оглас и да најде замена
Тоа е кај издржав досега. Несакам и јас да испаѓам неодговорна, ама така се испонаша а можеше на убав начин да напави муабет.
Не постои такво правило, кога да си дадеш отказ и дали ќе те пушти газдата да заминеш, каков нонсенс. Само во Македонија ова. Ти си била фер, си им кажала дека сакаш да заминеш. Поради тоа што си најавила, немаш ти никаква потреба да продолжиш да одиш на работа. Ете, кажа и дека оглас пуштиле. Еве мое искуство. На првото работно место, кое беше компанија која можеше слободно да се вметне во рамки на ментална институција, си дадов отказ поради мобинг. И мене ме притиснаа на ист начин како тебе, ама јас бев спремна и на тоа да не земам плата само нив да не ги гледам више. На крај, на сметка ми стигна некоја смешна сума на пари. Може да се случи тоа и во твојот случај, да не ти исплатат цела плата, туку да ти ја намалат многу. Претпоставувам, важен ти е факултетот па затоа сакаш да заминеш. Прежали ја платата и замини си од таму. Не им дозволувај да те уценуваат! Таков е приватниот сектор во мкд, треба многу пазење за кого одбираш да работиш. Приватниците имаат долгогодишна пракса на неисплаќање плати.
Може и таа половина да не и ја пушти ако потпишала изјава дека самоволно напушта и без претходна најава
Смешно е стварно. Јас октомври го изработив од каде пак сега тие 13 дена да морам од ноември да ги работам и како тие ќе ми се платет. Јас и за ова го прашав како ќе ми се платени тие дена рече како плата од ноември. Стварно се осеќам во многу безизлезна ситуација парите ми требаат а време е на колоквиуми. Јас се испланирав кнап и ете се најде овај паметњакович..стрес невиден ми е...
Во претходната фирма кај што работев кога кажав дека ќе си одам го смени понашањето газдата и не ги одработив преостанати 12 дена, според него отказ се најавува 15 дена унапред, денот кога реков си одам ми даде изјава да потпишам дека самоволно напуштам и без претходна најава и не ми ја даде последната плата.
За да се заштитиш од дополнителни стресови, кажи му на газдата дека сакаш да потпишеш дека даваш отказ. Не може да те присили да останеш! Јас мислам, сепак побитна би требало да ти биде колквиумската. А за газдите, шефови, се е тоа исто ѓубре. Никогаш со нив неможеш да се докажеш.
Значи овај со мене само манипулира за да добие на време. Плата мене ми следува барем таа како што е во договорот.