Во правилото влегуваш, исто како мене и многу други. Никој не ги санкционира за неплаќање, затоа и така прават.
Како тебе ќе те исплатат до 13ти ноември е работа на сметководство, програмот сам си пресметува точно до денот кога ќе ти престане работниот однос, ќе одиш 13 дена на работа нема да земиш ни 3.000 денари
Колку што знам јас мора, за да те одјави од агенција. @elimkd Каква програма за сметководство, ми скратија работни часа, нив како што им одговара.
тоа не знам пред колку време, но сега минимална плата е 12.000, ако нешто подесува без предходен документ фолијото нема да му биде прифатено од ујп
Ова се случуваше пред една година. Како да објаснам, сите беа ментални таму, преплашени да не им вика шефот. Буквално, ги третираа како слуги. Не жалам ни што заминав, ни што зедов смешна плата.
Договорот беше за плата од 12 000. Работев и прекувремено. Долга приказна, ама очигледно се извлекоа.
прекувремените, ноќните смени и работа во празник може комотно да ти ги скрати и да не ти ги исплати, но ако речеме месецот имал 170 работни часови- тие мора да ти ги исплати. не ти кажувам лаечи тоа го работам
Мора според законот, а колку фирми има ништо не плаќаат , а се работи и прекувремено и недела и празници..
Тоа сигурно ама дали на сметка има обврска да ми префрли. Дека ако нема нама ни тие пари да ги видам, а несакам сето време и труд да ми пропадне. Ама пак од друга страна овие 13 дена пекол ќе ми ги направи.
Каков закон Ели, немам потреба да лажам. Само му кажав на девојчето што може да очекува. Немав нерви и пари да се влечам по адвокати.
6000 се на дог и за студент не се малце,ама за нервозиве па ич не вредат. Зошто младите не работат после па мрзливи па вакви па такви а ни тоа што си го заслужил не ти го даваат. Те цедат до срж.
Земи боледување. Од матичен лекар ти следува 7 дена боледување, за уште 7 потребно е да појдеш на специјалист. Ќе појдеш во некоја од приватниве здравствени установи и ќе објасниш како тоа ти е многу лошо во пределот на тешкотијата и ќе го одесеш извештајот назад кај матичниот. За повеќе од 14 дена ти треба трочлена комисија, аро ама по 14 дена тебе веќе ќе ти помине болеста, а и работниот однос.