1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неправда на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од teardrop, 8 декември 2009.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    па токму ова си требала да и го кажеш и добро ќе ја замислеше ако ништо друго ќе се засрамеше.



    ако можеш да најдеш работа напушти доколку не ти се работи со неа, доколку не, понатаму биди досадна за се нешто што ќе приметиш.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ми се потврдува секојдневно дека сопствениците од приватниот сектор имаат однос како животот да им го должиш ако ти даваат плата.
    Пред некој ден еден колега бил во своето родно село пред да дојде време на работа, а бил втора смена и се расипал автобусот и тој уредно јавил дека ќе задоцни некои 2 часа, напоменувам селото е прилично оддалечено и нема линии баш редовно и сериозно размислуваа да му дадат отказ поради ова и уште една напомена секогаш бил уреден претходно во однос на доаѓање на работа.
    Исто или слично - еден сопственик со кој соработуваме ми вели како не е задоволен од својот вработен кој не му бил достапен секогаш кога му требал а пак токму затоа ангажирал машко, бидејќи во обратен случај бременоста, болестите кај децата и сл. воделе до отсуства од работа :^) . Аманте веќе како продавајќи го својот труд и знаење да ја продаваат вработените и душата на ѓаволот, упс - сопственикот!!!
    Не сме ние на оној мануфактурен стадиум од капитализмот низ кој правел бебешки чекори западниот свет ние сме ти во неповрат заминати во робовладетелско и се повеќе се чувствувам ко инструмент или орудие како некоја наковална или менгеме во рацете на робовладетелот, упс сопственикот и во однос на ова проклето работно време три пати во една година ми е зголемувано и се пролонгира на 2 и пол часа повеќе дневно :!: и фактот што нема да имам годишен одмор на лето ми се сугерира дека ќе се компензира со вишок пари кои најверојатно ќе ги потрошам на гардероба која дали ќе ја облечам еднаш до двапати или ниеднаш во цело лето и тоа најверојатно ќе сум толку уморна на самото излегување што ќе ми е баш гајле за тоа како сум облечена.
    Сума сумарум не знам колкав капацитет нерви е потребен да преживееш во улога на вработен во приватен сектор, со оглед на тоа што нервните клетки се необновливи и одат во неповрат ...
     
    На Bellaa1234, okcenzi, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Една стара финта да ти кажам...Кога работиш со газда/газдарица знаат да ти остават пари вишок во касата (ќе најдат начин, дали кога не гледаш ќе ги пикнат во каса или сл.) за да видат дали ќе им го пријавиш вишокот или ќе го задржиш...Претпоставувам од таму тој вишок што често се јавува...Немој да паднеш во искушение некогаш, затоа што е тест...
    Едит Не видов ова одамна било али ипак совет за другите...
     
    На peperutkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kostarika

    kostarika Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    2.127
    magister sum po medicinski nauki i edvaj da si najdam rabota poso sum premnogu kvalificirana :^) rabotam privatno u smisla sama so ke si najdam i skoro me primija na edno mesto kako prodavacka na medicinski pomagala
    no na eden mesec probno i za dve nedeli me izbrkaa po izgovor deka ne me sakale koleskite mn sum bila konfliktna
    mn se razocarav poso ne se karav so nikoj a posle ispadna da me izbrkaat koa konecno najdov rabota pocnav da si mislam se i sesto deka ne sum dobra licnost deka ne znam da se ponasam ...depresii i placenje kolku sakas
    i sea brat mi mi kaza deka ustvari iskacal so edna od koleskite koja bila mazena i ima dete a maz i raboti u avganistan i najverojatno ona ja stvorila situacijata za da ne se doznae so pravi vo negovo otsustvo

    MI IDE DA JA UBIJAM :(((
    [mod-kirilica:1hvs6xt3][/mod-kirilica:1hvs6xt3]
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па јас разбирам да се криеш од маж типично, ама и од швалер да се криеш :?: а и што ќе скриеш :)
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    неправди гледам на сите страни и немам некој што не ми се пожалил за работното место, без ралика дали е бутик, маркет, казино, школо, итн...

    -мене најголема неправда ми беше што моите две колешки земаа три пати поголема плата од мене, а исто време работевме и работевме иста работа!, а само јас од нив бев со факултет!!!!
    -што немавме вц и немавме пауза за јадење!!!!!!
    -што работевме со газдата заедно кој сите комплекси си ги лечеше на нас. еден нетокму човек! кој ме тераше и неговите сметки да му ги плаќам (како јас да сум должна за тоа!), каде by the way само за мобилен плаќаше колку 7-8 мои плати!!!
    -работавме и за државни празници, и за Божик и Велигден дури!!!
    -на платен семинар ги прати колешките, а мене на неплатен одмор една недела!!!!
    -итн.итн.итн.....
     
  7. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    82
    Најголемата неправда се врши во банките по оваа жештина просторите им се претопли а јас еднаш отидов во 3/4 пнаталони и маичка на кратки ракави и одам ми рекоа дали сум тргнал на плаза и му велам на тој идиотот а девојкиве во миничи и со деколтирани маички во диско да не се тргнати? Туку нив убаво ти е да ги гледаш! Е минич било облека ...
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Ух, како дури сега ја видов темава, ова е моја „омилена“, т.е. најактуелна тема.....
    Па, мислам дека јас она што го трпам на работа не може да се нарече неправда. Едноставно, премногу е мал зборот и не може да ја долови ситуацијата.
    Можам (и смеам) да кажам само мал дел од работите. На пример, не сакаат да ме пријават со факултет, без оглед на тоа што на моето работно место по систематизација се бара ВСС. За летните одмори обавезно секоја година по правило се случува да излезе „нешто ама ептеееееен битно и важно“, па така јас морам или да го с***ам одоморот и да доаѓам секој ден на работа, (а као демек на одмор сум)или да работам од дома додека сум на одмор. Лани беше првата, а оваа година втората варијанта. Понатаму......за излегување од работа за приватни цели као ни се дозволува да излеземе, уствари и ќе излезеш......ама верувајте, низ нос ќе го извадат тоа твое излегување и стопати ќе се покаеш што си излегол на пола саат. И за службените излегувања мрчат дека не сме оделе онаму кај што требало, тоа било само изговор да се прошетаме.
    А за трачеви и муабети да не зборувам......Местенки и забодување нож во грб има за извоз. Од секого на секого, без пардон. И се ова се толерира како нешто најнормално. А со кого и да збориш од колегиве и колешките, све од фин пофин. Ама во секундата кога ќе се свртиш се менува приказната за 360 степени. Се сакаат да се знае, кој со кого е, зашто е, кај бил, со кого си отишол дома.....Многу е побитен приватниот живот на вработените од тоа дали они знаат и дали воопшто работат. Нема врска што некои не знаат да се потпишат, битно се „фаци“, и се знаат, и само они работат. А го гледаш дека цел ден си го прчат, а ти скапуваш од работа, не знаеш главата кај ти е. Мислам дека кај да е ќе ни вградат чипови на сите за да ни го контролираат приватниот живот, случајно да не пропуштат некој наш збор или среќавање со некој надвор од фирмата.

    Со два збора.....тиња. Едвај чекам да заминам од овде, ако можам. Ако не, не знам до кога ќе се издржи. ;(
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    На оваа тема до сабајле ќе ви раскажувам...
    Јас работам веќе година и пол.Првпат кога се вработив,уствари менував девојче на породилно.За 2,3 месеца таа требаше да се врати,и си реков зашто да не,барем искуство ќе имам.И така,Маца фина со сите до еден,уствери и неможам поинаку јас,сите обврски ги прифаќав,дури и едниот единствен колега што е со нас,оти сите сме жени,неговите работи му ги вршев ,оти тој нонстоп си се шеткаше па ја виде Маца добра која незнае да каже не...Потоа дознав дека зад грб тој ме тужикал кај директорката-не сум била комуникативна,ваква таква,еден куп критики,сум зборела со дечкото на телефон нон стоп....и се чудев јас кога ме викаа во канцеларија и ми ги кажуваше директорката сите тие ствари.Значи под невиден стрес бев,ќе пукнев :@ Си плачев кога идев и доаѓав.
    И сеа што се деси-мојата работа никој неможеше да ја оспори.Он џабе ме тужикаше кога јас си бев вредна,и не правев никакви грешки.Колешките ме засакаа ,се зближив со нив,и една во доверба ми кажа дека овој колегава уствари бил швалериште со таа што беше на породилно-која ја менував јас,и дека најверојатно ме тужика затоа што се плашел да не ме остават мене на нејзино место пошто сум била далеку поквалитетна од неа.
    И така се врати девојката,а мене не ме избркаа,директорката рече ти ќе останеш на нејзиното место,а нејзе ќе ја ставам на грижа за клиенти.Ама таа ништо не работеше,само ќе ја земеше службената кола и ти ја мислиш на пат а ја гледале по Скопјево низ кафичи.Еднаш кога требаше да биде вон Скопје на пат,таа си била со сетра и на кафе,и и најдоа колешките во колата службена белешки од паркинг :lol: И кажаа на директорката,но таа според закон неможеше одма да ја избрка ,оти била на породилно,почека 2,3 месеца и ја избрка.
    Овој колегата сега му е незгодно ,ама ич не ми е гајле.Не му вршам повеќе ништо,а кога ќе згреши знам и јас да го кажам,после 1,5год имам образ, иако не е мој стил да се тужикаме ко мали деца,ама стресот никако неможам да го заборавам.
    Друга работа е што научив дека колку повеќе си добар,повеќе те газат.Затоа,си ја вршам само мојата работа и веќе не се замарам за никој.
    Друга неправда е што имам ВСС а сум осигурана со средно :(
    Трета-требаше да одам само прва смена,ама ете и втора почна да ме мачи.
    Кога сака ни зема слободни денови ;( Пример -за некој државен празник нема да работиме ,ќе ни рече ова ви е ден од одмор ;( кој ќе се буни-никој.Чиста експлоатација е во приватна фирма.Кој работи-знае :sweat:
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    како и да ти е на работа, извршувај си ја работата поштено и чесно, барем совеста да ти е чиста и утре никој да не може пола збор да ти рече.
    а, за оговарање на работното место, не мора нешто да направиш за да бидеш оговарана. напротив, ако и ништо не направиш ќе бидеш оговарана.
     
  11. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    местата на кои работиме прераснуваат во класични бојни полиња,во кои владеат законите на војната прилагодени на војувањето без класична употреба на оружје...но сепак со сериозни жртви..разните дискфалификации,проследени со постојаните закани за губење на работата а со тоа и на егзистенцијата стануваат реални причинители за нарушување на менталното здравје на послабите единки...
    ..работам вредно,чесно и чекам награда за мојот труд е нереален и преоптимистички чин кој ќе ја докаже само вашата инфериорност и слабост...сакам да кажам борете се против неправдата и дигајте глас секогаш кога некој започнува да ве омаловажува,ценете се себе си и ценете го она што го работите..
    ..во спротивно и покрај тоа што својот дел од работата ќе го завршите коректно,секогаш ќе ви се најде некој надреден кој ќе биде неупадливо,,уплашен,,од вашето знаење и умеење и ќе проба да го разнебити вашето постигнување со нереални критики..нормално од страв да не го загуби своето место...
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Се ова би било супер и би функционирало, но можеби во друга фирма. Овде не. Се побунив, и ништо не добив, само уште повеќе погледи попреку од страна на надредените. И муабети од типот „ма, остави ја таа, само знае да се буни и ништо друго...“ И пак се бунам и кревам глас на секоја неправда направена спрема мене-пак исто......Нема спас од тоа овде. Спасот е-нова работа :D . Се надевам ќе биде наскоро.
     
  13. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    на мене овде во македонија ми се случи и одма во истата минута дадов оставка после ме молеа ама јас вејке во странство најдех си работа
    и сага и е мака затава што лани на еден тендер и беф конкуренција и холдингот во тоја работа ја зема поточно шефот кога ме виде остана како да видел дух
    затоа ти не се секитај ке најдеш работа на друго место и каде што ке те ценат
     
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Скоро една год сум во фирмата кај што раб. Откако дојдов бидејки делам канц со шефот, се спријателивме. во тоа спријателување тој негде изгледа погрешно ме разбра и почна да си ги пушта рацете повеќе од пријателски, и секогаш тоа беше додека поминував покрај него, или во некои такви ситуации, се обидував без кавга да му дадам до знаење дека ми пречи , но тој моето избегнување на неговата рака како да не сакаше да го сфати, многу станав нервозна, не знаејки што да правам му се пожалив на директорот. Тој му рекол на него а шефов ја извртел вистината, не признавајки дека нешто такво направил и плус додал дека јас сум му се местела и сум му кажувала приватни детали и сум го заведувала :@ . Директорот му поверувал на него , тоа по коментарите ми стана јасно, но исто така му дал до знаење да внимава како се однесува... Збеснав..Не сакав повеќе да го видам шефов, но не сакав и сите да дознаат дека сум била во таква непријатна ситуација, а најмногу ме болеше фактот што кај се осеќав ко жртва уште не ми ни поверуваа :x ... Реков ќе се правам ко ништо да не било ..
    Од тогаш престана шефот така да ми се пушта, вака изгледа ко да сме во фини односи, но како индиректно да ми се одмаздува... Бидејки ја работам истата работа како и него, тој и за наједноставни работи на другите вработени им кажува да контактираат со него, он ќе ги завршел, и луѓето ги остава со впечаток како да јас не сум мн способна :devil: . Многу пати сум му открила грешка, и го исправувам без никој да знае, а тој неколку пати се обиде да ми наметне нешто како да сум згрешила, а всушност не бев... Потоа виде дека не сум , но самата негова насмевка кога мислеше дека сум згрешила и начинот на кој задоволно и гласно го кажа тоа ме вади од такт... Чувствувам дека тој на директорите им збори како јас многу не работам, за се сака да си придаде значење , сака да се прикаже како да не знам јас ништо а тоа што сум го сработела е зашто тој ми кажал како ( а не се работи за ништо комплицирано) а и мн пати ме трга на некој начин на страна за да се осеќа тој како незаменлив ... Пред мене е насмеан, но всушност од тоа негово однесување кога јас не сум присутна, веќе како да се одразува и на другите... И оние кои се "под мене" не ме фермаат многу , се обидуваат да биде по нивно , бидејки тој на нив на само им кажувал ОНИ да пазат и да се грижат за работата, како да нема доверба во мене, иако јас одговарам за некои од тие работи и не смеам да им ги предадам... Сега почна и директорот и за најмали работи кои секако јас ги сработувам да не сака да контактира со мене и на шефот ќе му кажел што да направи. Секако пак јас ќе го завршам тоа на крај , бидејки шефот си мисли само на неговата друга приватна фирма, но ова откачување многу ме погоди...
    Не размислувам за отказ бидејки работам во јака фирма, со солидни примања, и во денешно време би била премногу неодговорна како мајка да го направам тоа. Се мислам дали да барам преместување на друго работно место, знаејки за ножевите кои тука секогаш ќе ги примам во грб, или можеби е срамота , што ќе помислат другите колеги, еве ја вчера дојде и одма наоѓа маани :worried: бидејки не примија повеќе луѓе од еднаш и сите си се задоволни, а јас имам можеби помалку раб од некои други, а поголема одговорност, но кога тој што е до мене ми работи зад грб се прашувам дали некогаш ќе биде подобро ;( :x
    Инаку да напоменам дека сето ова се случува речиси без да се види , бидејки е голем лицемер и улизувач, а и му знам некои работи приватни а и службени кои се :x и затоа пред мене се прави ко да ме сака :x
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Eдинствено ти преостанува да си ја работиш работата како и што работеше до сега.Додека те читав мислев прво да ти пишам да пробаш дали на друго место ќе најдеш работа па потоа да си дадеш отказ,ама кога видов дека си во голема фирма со убави примања,денес многу значи нели.Ти паралелно пуштај CV-a во такви слични големи фирми,кога ќе го видат искуството твое во таа фирма има шанси за нешто нели.
    Ако веќе не можеш ништо да промениш,тогаш побарај преместување.И немој многу да се замараш,сошто можеби само ти се чини дека тој им зборува така на другите.Немој да ќутиш,ако му наоѓаш и понатаму грешки не му ги исправувај.Денес стана така лижење-г'з,најмака ми е кога некој маж од 40,50 год ќе го видам како се лижи ко педерче некое.Јас ти советувам сега за сега да не го напушташ раб.место и што помалку да се нервираш.И задругпат,пази,само колегијален однос,не се опуштај премногу.Некогаш несвесно и со не таква намера,си правиме проблеми,зошто некој погрешно ќе го протолкува сето тоа.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Фала на советот :hug:
    Да ти кажам искрено, форумов и сите вие ми помагате да заборавам на неправедностите кои ги чувствувам овде :) и затоа издржав до сега .. Си мислам на темите од фемина , си пишувам нешто додека немам работа, и заборавам за тоа што се случува околу мене ..
    Ако продолжи ова подолго , ко што викаш ќе барам преместување, но не знам и за тоа дали кај газдите кои се мн фини со мене а ретко ги гледам, или кај директорот, бидејки тој од летоска откако кажав не ми е наклонет, а ако отидам кај газдите а него го скокнам може да се навреди :worried: . Ај нема да размислувам сега за тоа :doh:
    А грешките морам да му ги преправам зато ашто никој надвор од канц не знае кој ја сработил работата ( секогаш е обично неговиот потпис) но ако кај другите се појави грешката тој ќе им рече дека јас тоа сум го направила ( и тоа го доживеав) и се онака тајно, а пред мене пријателски, а пред нив како демек нова сум , не се крева голема врева околу тоа па јас да можам да отидам и да кажам дека не е така , туку како дел од секојдневните случувања , само да добијат другите лош впечаток за мене :worried:

    Едит : Нервозата ми е поголема бидејки имаме една повозрасна колешка која малку работи и сите зборат како нема поим од работата,а откако му рекоа на шефов дека треба да ме внесе во работата и да можам да го менувам , како конкуренција ко да ме гледа, и се обидува да ми го сруши интегритетот на најнефер начин, со неговата блискост со некои директ. и колеги :@ и го гледам дека сака баш како таа да ме прикаже :devil: a кога не ми отвараат тема пред мене, не можам да идам и да им кажам сама дека не е така ... Уфф некогаш работите кои се случуваат без да се видат, се мн опасни :x
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Јас не знам од каде да почнам..ако може некој нека ми даде совет..значи работам веќе 4месеци во една фирма,а ме пријавија дури пред 3 недели и тоа денес дознав дека сум пријавена на 4 саата, а јас сум таму секој ден од сабајле до вечер,скоро секоја сабота,значи нонстоп!! Плата немам земено колку што беше договорено, немам потпишано никаков договор и не ми е јасно како воопшто сум пријавена без договор. Толку незаконски работи на едно место не сум сретнала..не ми е јасно која е поентата и што можам да направам јас во врска со ова.... :^)
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Пријавувањето -Одјавувањето иде по електронски пат сега нека не те чуди ако имаш дадено л.к можеле да те пријават.За вакви случаи можеш да побараш број од трудова инспекција .Таа служба се грижи за правата на работниците итн .Можеш да посочиш дека немаш регулирано работно време и дека трпиш притисок од газдите .Пријавувањето е анонимно колку што знам .Сепак размисли дали се гледаш во таа фирма повеќе и колку газдите се врскаџии :rofl: има сешто и секакви дупки во законите кој им овозможуваат да поминат не казнети и само со опомени
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ако сакаш да останеш да работиш таму треба да разговараш со нив да кажеш дека сакаш да потпишеш договор да се договорите за точното работно време плата итн. твоја грешка е што 4 месеци не си побарала договор и копија од м1/м2 образец или пак плави картони. договор не е потребен за да се пријави вработен само лична карта. договорот е чисто помеѓу работодавачот и вработениот и е задолжителен во случај да имате инспекција. јас не ти препорачувам да пријавиш во трудова инспекција бидејќи сигурно ќе дознаат кој пријавил и може да ти стане уште потешка положбата. можеби те пријавиле на 4 часа за да ги скратат давачките а останатиот дел од плата да ти го дадат на рака. сепак ти си вработената и треба да побараш објаснување. со среќа.
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    До кога со вакви ставови ке се подржуваме.Зарем некој е должен да трпи нешто кој е претеризам.Не велам дека не погрешила што не се информирала за точната процедура и правила за работникот.Но ако сите си мочиме нема да има никогаш подобрување .А за трудовата инспекција хехе ме насмеа ,после е..њ. нема каење .Тоа не е локален маркет па да си дознаеш се што те интерсира.Само храбро барајте си ги сите права но според редоследот и 1во информирајтесе што точно ви следува.Зборувам од искуство каде што имав работено сакаа не платен летен одмор само прокоментирав да не се расправаме со инспекции и веднаш се смени муабетото после 3 год раб не сакаа да загубат човек кој голем дел од работата им зависи од туѓите раце.За моја среќа веке сум со нормални луге и нормлани правила но во МКД мора да се помине трнливиот пат .Да си се подржуваме кога сме во право ,макар и вака виртуелно .Поз