Неправда на работното место

Discussion in 'На работното место' started by teardrop, Dec 8, 2009.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Една моја школска се вработи во маркет, а друга во казино.
    И обете се жалат дека како нови вработени старите вработени ги земаат *низ нозе*. Им натрупуваат повеќе работи, ги запишуваат за полоши смени и слободни денови на распоредот, им држат глупави предавања и слично. :^) И двете стискаат заби да издржат додека се навикнат таму и имаат свое јас.

    Јас бев во ваква ситуација на едно работно место досега и искрено, многу тешко се справував. Како сите (вк.4 вработени) да беа здружени против мене. Само јас купував поручек, чистев, трчав по банки, се јавував на телефон, пречекував странки, последна затворав, а тие дремеа пред компјутерите и не се мрдаа од место. :|
    Среќа си најдов подобро место и заминав оттаму, но остана тој стрва во мене, што ако пак се соочам со истото? Тогаш не најдов излез.

    Ова го сфаќам како буквално искористување на новиот работник. Да се шиша додека се може, додека е нов и неуходан. :puke:

    Знам дека треба да бидеш самоуверен, да имаш свое јас, да знаеш да отвориш уста за своите права, но што кога не можеш да излезеш на крај ? :?:
     
    vitomir likes this.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    ^Ова секаде изгледа е така, таков е нашиот простачки менталитет нажалост. Јас имам сменето повеќе работни места и секаде било истото. Додека си нов гледаат да те искористат, сите можни лоши работи ти ги даваат, смените како нив им одговара така ги прават. Затоа мразам кога менувам работно место.
    Ама не мора секогаш па и да се ќути. Јас на пример, ако ми речат да одам смена што не ми одговара се вадам дека имам нешто сташно важно за правење, многу ми е жал што ете така испаднало, бла, бла, правам лице за да се извадам. На почетокот и сум поќутлива, иако тоа не значи дека секогаш правам како што е побарано од мене. Ама треба да си биде итар човек, да гледа да се снајде. Со нашиов народ само така. Ќути си, трај си, ама по свое прај си. :rofl:
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,629
    Е лошо е кога веќе работата ти станува измачување, стануваш за на работа и не ти се оди, едвај чекаш да излезеш од местото и да го опуштиш мозокот и да се одмориш од самата атмосфера, да не ги гледаш лицемерните колеги кои си гледаат само за себе и го нагласуваат тоа дека треба да згазиш за да успееш. Тогаш веќе треба да мислиш на себеси, да ги прекинеш можностите за стрес кои влијаат без да сакаме.
    Најмногу ме нервира кога некој се прави способен шеф, а нема основно ниво на комуникација со вработените, а особено кога не знае да ја цени сета пожртвуваност на работникот кој работи како за своја фирма.
     
    Silver.E likes this.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,613
    Генерално секогаш имам проблем кога ми товарат други обврски за кои не сум задолжена.
    Тоа ми се случило скоро на секое работно место досега.
    Мене ми е мило кога колешка ќе ме замоли за помош, никогаш не сум одбила некому да помогнам, зашто знам дека утре можам да побарам и јас, па да ми излезе во пресрет.

    Но, ова е посебна група на мрцини и паразити кои се обидуваат да направат мајмун од тебе, да ти натрупаат работа која ќе им ја завршиш, а потоа си ја земаат заслугата за себе. Не ни спомнуваат кој и како ја завршил. Нема ниту грам признание и благодарност. Безмилосно те користат, а не сфаќаат дека ти сфаќаш колку се мизерни и провидни. Они живеат во филм дека уствари - те заебале, те насамариле.
    „Еј, види ја глупава, она работи цел ден, јас си чмаам на ФБ“.

    Ваквите пијавици ми се најубиствени. Се китат со туѓи пердуви и уживаат во тоа некој друг да им ја сработи задачата. Не знам која е сатисфакцијата на тоа. Ако не си способен да го сработиш - не заслужуваш да имаш работа.
     
    CameliaMiller, Thallia and Sexybaby86 like this.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2011
    Messages:
    2,031
    Likes Received:
    15,673
    По некое непишано правило секогаш оние со поголем стаж го сркаат кремот додека новајлиите го јадат подебелиот крај. Јас кога се вработив во сегашнава фирма почнав буквално од нула, ниту знаев да работам ниту имав поима што треба да правам. Колешките јес дека беа фини, барем дел од нив, ама ми ги даваа најглупавите работи да ги правам кои немаа врска со работната позиција ниту пак беа од некаква корист за мене. Првата година признавам се нервирав и си ставав многу при срце, секоја реакција, незадоволство, секој лошо кажан збор, буквално СЕ. Бев најмала, нова и плус не знаев ништо - добитна комбинација за ремет. Од една страна ја сакав работата и имав огромна желба да научам ама од друга ми пречеше што постојано потенцираа дека сум нова, не знам ништо и тоа наполно ми ја рушеше самодовербата.

    Колешката што беше над мене упорно ми ја префрлаше сета нејзина работа и само си ги прибираше заслугите додека она се шминкаше, лакираше или си го планираше наредниот одмор. Прифаќав секаква работа, трчав кај што ќе ми кажеа, сама со минималната плата си финансирав курсеви што ми беа потребни и учев постојано нови работи. За среќа тие што требаше видоа потенцијал во мене, ми доверија поодговорни работи и откако се уверија дека умеам да ги завршам и повеќе од одлично, ме окуражија и ми дадоа поголемо значење. Не ми беше лесно и ниту еднаш не се пожалив ама затоа денес јас сум на нејзино место, а она веќе со години не е тука.

    Не треба да се молчи, напротив, треба ненаметливо истакнување онаму кај што се бара тоа, ама не и кај колегите. Надредените сакаат да знаат дека ја работиш работата со жар, ти значи и дека вон работно време размислуваш за тоа и бараш идеални решенија. Кога од таму ќе те подбутнат работите почнуваат да се одвиваат во поинаква насока.

    Најтешко од се е додека се пробиеш и изградиш став во таа нова средина, потребно е време додека стекнеш некакво име и значење, а најважно е кога ќе го добиеш да не заборавиш како си дошол до тоа. Не за да се одмаздуваш, туку за да не дозволиш повторно да те газат зошто тук таму секогаш ќе има некој гладен што ќе сака да си го нахрани егото.

    Работата не е место за забава, со колегите немој да бидеш соперник ама не и премногу отворен и ранлив. Ако некаде зашкрипи ретко кој ќе се понуди да ти помогне или покрие.
    Многу често љубезно НЕ е подобар одговор отколку секогаш ДА на своја штета.

    Ама ако колегите се тотални кретени неретко и газдите се, тие две работи ми одат во тандем.
    Во таков случај подобро плукни си и барај вода на друг извор.
     
    Florenca, Mayyya, Hipster and 2 others like this.
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Уште поголема фрустрација и нервоза е кога колегите те прават пореметен во умот, како да си приглуп, па ти се прават паметни за глупави работи. :fubar:

    На едната другарка во маркетот некоја колешка само и покажувала како да скини и отвори кеса. Како оваа дотолку да е проста, па не разбира, или не разбрала од прв пат. :puke:

    Уште потешко е кога со сила се прави колегата паметен над некој, како да работа во лабораторија на Наса, па има многу за мудрување. А, работата е за луѓе со основна школа.

    До некаде зошто сакаат да те понижат, намерно ти преповторуваат: нов си, ќе научиш, не секирај се. А, ти одамна веќе си научил. :tmi:
    Овде кажувам за поедноставни работни места.

    Сега на најновото работно место кое сум, шефот имаше многу доверба во мене, ми остави слободни раце, никој не смее над глава да ми досадува и затоа ми е супер, во поглед на ова прашање барем.
     
    macigv and vitomir like this.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Joined:
    Jun 18, 2011
    Messages:
    3,227
    Likes Received:
    25,837
    Gender:
    Female
    Само што почнав на новава работа месец и недела сум тука,многу сум среќна што сум супер прифатена од другите постари колешки,после само две недели вработена таму ми приредија изненадување за роденденот,сум работела на многу места но никогаш не се погодиле вработените да се до толку сложни,сите се секогаш подготвени да помогнат без два пати препрашување.
    Е сега околу недела дена има дојдено нова да "работи" девојкаве од прв ден никој не можи да ја поднеси,прво многу зборува уста неможи да затвори само човек да има нерви и да слуша,и сите демек само и делеле комплименти колку била убава и дотерана,има еден симпатичен дечко буквално само го следи и му досадува глава неможи да крени од незе,второ никогаш не е на местото каде што и е кажано дека треба да работи,и нон стоп се шета со рацете в џеб а ние останатите мора да ја завршуваме и незината работа,нај зезнато од се е тоа што никој не смее да се побуни затоа што е сестра на девојката на еден од главните менаџери,дури и менаџерката што ни е наша денеска кажа дека не е фер тоа што се случува но дека и се врзани рацете и неможи ништо да прави :@
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    1,714
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    Садомазохизам !
    Или како и со друг назив да го наречам, нештото е редовно и повторливо.
    Сум се соочила повеќекратно. Се борат да те истераат како небаре да си дошол да им го земеш местото. Станува небитно кој дошол прв а кој последен, можеби и тука се јавува револт, таа работи таму 11 години а јас 11 дена и земаме иста плата. И нив некоја персонална конфронтација им се јавува, невалидна борба за превласт и песимизам ширење.
    Имав една дотична на последното работно место. Во мене наместо да гледа идеална прилика таа и последниот атом енергија го потроши на кроење планови како да ме избрка. Идиот само толку ќе кажам, ама сатисфакцијата кога и го поедноставив сложеното и кога го разбра - priceless.
    Ако треба на работното место замена за само една година, а јас за исто толку време планирам да си заминам, зошто ти сакаш да ме избркаш и да ризикуваш да дојде некој кој ќе се бори да ја задржи позицијата, и тогаш да биде прашање на време кога твојата неспособност ќе дојде до израз и ти ќе бидеш вишокот наместо новата ? :fubar: Теорија ?! Сложена теорија е ова за тебе ?!

    На крајот, само си спомнав дека станува збор за 8000 денари, ја префрлив чантата на рамо и напуштив. Не вредеше за времето, платата, нервите и соработката со психијатриски случај. :drunk: :x
     
    vichy likes this.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,406
    Likes Received:
    143,081
    Мене не ми е јасно како не ги мрзи луѓето да кројат планови како да уништат колега или колешка. Па тоа бара време, енергија и посветеност, а не носи ништо. Можеби им носи сатисфакција, иако не разбирам каква може да биде таа сатисфакцина на туѓа несреќа, ама да речеме дека ја има.

    И си мислам, кога би вложувале толку време, енергија и посветеност во работата, наместо во кроење заговори, којзнае колку поуспешна би била компанијата во која работат. Па можеби и би им покачиле плата, па би добиле една поинаква сатисфакција, изразена во бројки.
     
    tessie, Daydream and imelda like this.
  10. coconaut

    coconaut Популарен член

    Joined:
    Oct 31, 2012
    Messages:
    924
    Likes Received:
    2,562
    Gender:
    Female
    Teшко е , многу е тешко да работиш 8 саати со човек т. е. шеф кој го следи секој твој чекор, секој збор, и гледа веднаш тоа да го накодоши. Се служи со лаги и измами, ти кажува тебе да направиш вака , а после оди кај директорката и зборува дека таа не ти рекла така да направиш туку онака. Дрско и безобразно напаѓа, нема срам ниту бира начин и зборови, ниту пак има осет за некои работи, Најстрашното е што се поставува спрема тебе како да ти е најдобар пријател. Како да се справам со ова не знам, работам долго време во фирмава, не сакам да ми го расипуваат работното време вакви расипани личности.
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,717
    Likes Received:
    5,277
    Една моја блиска роднина работи веќе извесно време во Аеродром како хигиеничарка и е многу незадоволна од работата!
    За мобингот и репресијата која и ја вршат дел од вработените, мислам дека не мора да пишувам бидејќи на сите ви е добро позната.
    Башка старите работнички гледаат за себе да си овозможат помалку работа, натрупувајќи им на новите што е можно повеќе. Празници и делници си работи, а за вложениот труд не им се плаќа ниту денар повеќе. Од сабајле до вечер е на работа, а следниот ден и е слободен за џабе. И сето ова за вкупно 12.000 денари.. Чиста катастрофа!
    Поголема неправда чинам не можеше да ја снајде. :|
    Иако е млада, откако почна да работи таму опадна и физички и психички и искрено многу сум загрижена за нејзиното здравје бидејќи ми е многу драга.
    Излез нема, бидејќи веќе аплицираше на неколку места и ја одбија со разни изговори.
    Навистина не знам како да и помогнам.. :|
     
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Најдобро е таа роднина да си разговара со шефот, претпоставениот.

    Од искуството научив дека за џабе се нервираш со колеги, вака-така ми правеле.
    Најдобро е лично да си го побараш одговорниот и со убаво се да му објасниш.
    Сигурно тој ќе и каже како стојат работите, колку работни часа има, кога има слободни денови,јасно ќе нагласи дека не може по цел ден да е таму, дека и влијае на здравјето и секојдневниот живот.
    Барем нека се обиди, можеби ќе и се средат тие проблеми.
    А, ако не, нека бара друго... ;)
     
  13. Mei

    Mei Истакнат член

    Joined:
    Jan 3, 2014
    Messages:
    57
    Likes Received:
    70
    И јас додека работев неколку пати се соочив со непријатни ситуации. Ми беше прво работно искуство,нова,млада без искуство и уште првиот ден се најдов во непријатна ситуација од страна на постара колешка. Бев задолжена за неколку работи да ги правам но морав да ги извршувам и нејзините обврски со изговор од нејзина страна дека сум млада треба да се учам,да стекнувам искуство и си реков од општа култура ајде постара е,колку што можам ќе и помагам и покрај моите обврски. И така жената си продолжи секој ден да ми наддава еден куп обврски така што неможев моите да си обавам,викаше по мене пред други колешки што ми беше многу непријатно,се нешто и сметаше а се скапував од работа,си доаѓав дома со плачење и го собирав во себе но неможев повеќе да трпам. :envy: :devil:
    Отидов кај претпоставената,поразговаравме,и кажав што е и како е но продолжив да работам на истото место уште некое време а колешката пак си тераше по старо само што веќе ги игнорирав нејзините зборови и во моментот кога планирав да напуштам ме сменија на друго работно место и мислам дека се преродив :)
    Така да Valerin најдобро е твојата роднина да си поразговара со претпоставениот,доколку наиде на разбирање од негова страна а доколку не подобро да си бара друго работно место зошто сепак приоритет ни е здравјето. Секој на работа се соочува со такви непријатни ситуации но има работи кои стварно излегуваат од контрола.
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    1,717
    Likes Received:
    5,277
    Проблемот е што нејзиниот шеф е најголемото ѓубре.
    За своите работници (т.е. оние кои ги вработил со врски), се грижи, за разлика од оние кои не ги знае им ја дава најтешката работа, и згора на тоа добиваат дупло помалку плата.
    И да разговара со него, само полошо ќе направи бидејќи тој освен да се дере и да казнува не знае ништо друго.
    За друга работа се сомневам дека може да најде. Напоменав и претходно дека имаше поднесено барање и на други места меѓутоа беше одбиена веројатно најмногу поради нејзините ни помалку ни повеќе 50 години.
    Значи не е млада, и навистина за неа е сега особено комплицирана и ризична ситуацијата бидејќи не е во можност да бира.
     
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Joined:
    Feb 21, 2013
    Messages:
    582
    Likes Received:
    3,417
    Нека остави работите да течат по својот тек .Нека работи онолку колку и дозволува здравијето а психички нека не се замара.Нека земе некој ден боловање за да старите работнички си ѓи превземат своите обврски.Нека потенцира дека и таа не е толку млада , што оти е скоро вработена.
    Што се однесува до изборот.Избор секогаш има, само е важно на кој начин ќе му пристапиме на проблемот, и што ќе избереме.
     
    DELFIN-15 and Ariel like this.
  16. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2013
    Messages:
    784
    Likes Received:
    824
    Има и полошо верувај, Добро е и што толку ја плаќаат. Најдобро ти е да ја посоветуваш да не се замара со постарите колешки, нека не си го губи залудно здравјето, од едно уво нека и влегува од друго излегува и со ладна глава и без емоции на работно место нека си ја работи својата работа. Знаеш што ќе и кажат ако се пожали ...епа тоа е ако ти одговара, ако не барај си друга работа.
     
  17. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    816
    Likes Received:
    609
    колку ли само се изнервирав во саботата :@ ,ме вика газдата во канцеларија да ми ја исплати прекувремената работа и ми вели имаш и казна ,зошто уште од сега казни ,му велам јас си ја признав грешката нема тука што,а казната ми беше поради тоа што ми заѕвонил телефонот на работното место и не ми звонеше туку ми вибрираше во 20:25 ч пред одење дома,нема проблем ајде се помирив си ги зедов парите и си излегов од канцеларијата,не поминаа 2часа дојде и тој седна да види како работиме,и наенднаш на колегата му звони телефонот тој фино лепо си го извади од џебот и си се јави лелеее мислев дека ке полудам во тој момент :@ ,а газдата ниту збор,а мене ми вели мора да бидам коректен мора да ти ги сопрам парите,е кога го видов ова стварно многу се изнервирав си се јави ич око не му трепна ,а овој па се прави ко да не го гледа и не го слуша :fubar:
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2009
    Messages:
    1,329
    Likes Received:
    1,196
    Не ми се верува за што те казнил, стварно е безобразен.
    Кај што работев порано ни рекоа ако касниме 1 минута на работа дека ни го одбиваат цел ден.
    И јас еднаш (во 3 години) закаснив 2 минути и се пријавив кај вратарот и он ми вика сега за џабе си дошла. Јас си се свртев и си заминав дома па нема за без пари да работам.
    После два саати ми пратија кола да ме земе од дома зошто се јавиле клиенти кои морале да зборуваат со мене. Нити ми ја спомнаа случкава нити ми одбија од плата. Еднаш ме казнија зошто закаснив на состанок на кој бев повикана одкако започнал и виделе дека одсуствувам демек сум требала да предпоставам (читај на гравчиња гледам јас) дека сум викната. За да се оправдаат зошто голема ќе ја направев ми дадоа и бонус тој месец па си дојдов на исто. А еднаш ме казнија 6 месеци по 10 % дека со службената кола сум застанала во продавница вода да си купам (умри од жед работава). После 2 месеци си ја повлекоа казната. Кои казнувачи беа значи....ич не ме заболе срце кога ги откачив.
    Иживувања има колку сакаш.
     
  19. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    816
    Likes Received:
    609
    само едно ке кажам сите газди се исти кој што сака нека каже.јас со една казна нема да осиромашам,нити пак тој да се збогати ,ама ете тоа е само колку да ти се качи притисокот ,ке дојдат и нашите 5 мин само незнам кога :P
     
  20. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2013
    Messages:
    330
    Likes Received:
    557
    Gender:
    Female
    Можеш да и помогнеш со тоа што ќе ја советуваш да продолжи со барањето на нова работа...неколку безуспешни обиди нека не ја обесхрабруваат..ништо не може да изгуби освен да добие ново и подобро работно место.
    Во слична ситуација сум била и јас кога сум се соочила со безобразието и нечовечноста на колешките кои на секој можен начин бидејќи си нов гледаат да те искористат,да те згазнат,целата работа да ти ја натоварат на грб,арогантно и дрско да се однесуваат.
    Проблемот го решив така што појдов кај претпоставениот и му ја опишав ситуацијата,побарав смена на работното место ,бев спремна на се па дури и да ја загубам работата.За среќа наидов на разбирање и одма наредниот ден ме префрлија.Во случајов велиш шефот е гад тогаш единствен излез и е да бара нова работа...јас така би постапила.Сепак на врвот на листата на приоритети верувам на секој му е здравјето а, во таква нездрава средина не верувам дека човек може долго да издржи,колку и да е ладен и да ги игнорира , посебно ако е мирен и не е кавгаџија...Со такви простачки како нејзините колешки човек мора да биде и малку полош за да знаат каде им е местото.