Не знам луѓе..Барање работа како хигиеничар на 50 години мора да признаете дека е мошне тежок и ризичен предизвик. Сфаќам дека не е никаде идеално, но проблемот е што не се само годините во прашање туку и стажот е, осигурувањето, а знаете дека секаде не даваат. А, и денес обичниот работник се настојува да биде експлоатиран до максимум. Освен тоа барав некои огласи и никаде немаше. Некако скептична сум, бидејќи речиси се испопревртевме и во ниту една фирма во Скопје нема барање.
Неправди има буквало секаде, на секое работно место, само некаден се поголеми и неиздржливи неправдите а некаде можеш да ги гледаш низ прсти. Мислам дека многу повеќе изживување со работниците има во приватен сектор од страна ја газдите. Имаат комплекс на виша вредност, и нема на кој па на вработените ги лечат комплексите.
Kазна 10 посто оти сме јаделе мед што бил за палачинки а јас сум алергична на мед. Тоа ти се вика неправда.Наоѓаат само изговори да не ти го дадат минималниот личен доход, кој сега е 8800 Која иронија еј.Да те казнат за нешто на што си алергичен.Ова ми е прва казна.Не сум казнувана ни како прваче, ни во средно.Не знае човек дали да плаче или да се смее .Колегите слатко се насмеаја.Велат најслатка казна до сега . Спојлер Што ќе се случи ако однесам уверение од матичен лекар за алергијата и пресметка од личен доход кај инспекторот за труд .
Не само што ке се изживуваат со тебе,туку не смееш ништо да им противречиш одма те гледаат попреку,и се прават да те омаловажат,да те цинкараат кај претпоставениот,и да си највредниот работник нема да можеш глава да кренеш од колеги ропаци,дојдени од планина без култура и манири,што ми кажуваш јас сум со такви колеги,и многу добро знам како е да се работи со такви.
Виножито и да однесеш уверение, не знам колку ќе смени ама да однесеш. Мене ич не би ми било смешно, нит забавно да ми скрати некој од плата, па за што јаделе од медот за палачинките, страшна работа, што да ти кажам. Политичарите го исркаа целиот "мед" наречен буџет, па гледам ги казнивме со мали плати. Читам вака по форуми и луѓе слушам се жалат,страшно се иритирам како повеќе навлегувам во работа и работен стаж, хистерија ме фаќа искрено што нема кај да се обратиш кога некој се изживува со тебе. Тешко нас....
Знам дека нема да смени ништо , може само полошо за мене да биде.Тоа е поголема неправдата и од казната.Зошто постојат инспектори за труд? Чии интереси треба да штитат?
Свесна си дека ова за нив е реторичко прашање, кое не заслужува одговор. Се знае чии интереси треба да штитат и чии во стварноста штитат. Не знам како да те посоветувам а да не те зафркнам, се плашам да ти пуштам причи дека правдата секогаш победува и такви слични муабети кога искрено и самата не верувам во нив колку и лошо и грдо да звучи од правник... Можам да ти кажам барем обиди се да им укажеш да работадавците дека ти не си таа што го направила тоа и донеси од лекар доказ дека си алегична. Среќно ќе ти кажам само, ти посакувам да ти излезе во твоја корист.
Бидејќи веќе си казнета за јадење мед, а не јадеш мед, јас мислам да си земеш една тегла за домашните да им однесеш. Може е глупаво, ама барем со причина да е казната.
како е можно ова незнам,ми звони преска шефицата и ми вели треба да дојдеш и да потпишеш изјава дека ке си одиш од работа ,одам во другиот дукан и и велам ајде да видиме што е работата,и ми ја покажува изјавата и ми вели треба да ја потпишеш дека ке си одиш,и јас ја читам изјавата ,јас таа и таа изјавувам дека...... и јас и велам мене никој ништо не ме е информирал велам јас ништо незнам за ова ,и ми вели,од авион се гледа дека една е вишок а и договорот ти е до утре,и јас и велам епа тогаш газдите ако ми кажат утре дека нема повеке да работам ке потпишам а вака без нив не потпишувам,само не ми е јасно како ние мораме да се најавиме 1 месец унапред дека ке си одиме од работа а тие ни кажуваат од денес за утре како е можно тоа
Ацка душо ништо да не потпишуваш. Затоа што ако потпишеш изјава дека си даваш сама отказ нема да имаш право две години да се пријавиш на завод. Значи ти и вака и така остануваш без работа, ништо не те спасува. Но зошто да не можеш да си се пријавиш на завод. Нека ти дадат они отказ, е ама за нив е покомплицирано затоа вака играат. Еве нека појасни некој што е постручен од мене.
Луѓе читајте го Законот за работни односи. Доколку работодавачот реши денес да ве отпушти тој мора да ви надомести за тоа. Мора да се договорите за паричен надоместок за следниот месец (додека барате друга работа). Значи треба да ви исплати цела плата. Ако потпишете туку така тоа значи дека по обостран договор се прекинува работниот однос, и тогаш немате право на надомест. Затоа прочитајте си ги правата во Законот.
Незнаев каде да го сместам ова,но добро ме насмеа маил-ов каде сум аплицирал ехее кој знае од кога НЕ-правда
На работното место на кое сум подолго време давам се од себе, не сум направила никаква грешка, а не сум наградена, за разлика од некои личности кои со многу помалку труд лесно се движат кон врвот. Ако ги оставиме врските на страна (кои можно е да ги имаат, но не сум 100% сигурна) што мислите која е причината за нивниот успех и мојот неуспех?
Затоа што се газолижачи. Спојлер Зошто пак мислиш дека е твој неуспех?!?! Дека не си наградена или дека не си како нив ?!?! Знај дека квалитетот испливува на површина и тркалото се врти. Колку и да звучи како клише, биди трпелива и истрајна. Ако навистина мислиш дека си заслужила награда за некоја завршена работа тогаш побарај си. Не гледај во нивен џеб туку својот и безпотребно не си ја троши енергијата. Во денешно време тешко да ги процениш правите вредности, ако не си газолижач тогаш си глуп а ако си, е тогаш си многу јак
Во ваква писмена фирма и среќа што не си влегол да работиш. "Ви благодариме за ПОНУДАТА за работното место"?? 10 пати ја препрочитав изјавава, бреееј, помислив ти си им нудел работно место Кате84, со моево досегашно работно искуство, дојдов до еден заклучок: (да претпоставиме дека сите се исти и никој нема врски) Постојат луѓе кои едноставно ја имаат способноста добро да се продадат, совршено добро знаат да ја претстават изработената задача, и едноставно имаат СРЕЌА со работните позиции. Ти може да си најисполнителна, најспремна и најдобар работник, ама ако самата не се ставиш на пиедестал, со суптилна самодоверба која плени - тешко дека некој ќе те забележи и турка напред. Борбените и снаодливите се секогаш присутни и видени, и за жал, тоа не секогаш има врска со способностите....или ќе се избориш за самата себе, со став, знаење и искреност, и ќе одиш по хиерархијата нагоре, или таа борба ќе те отргне од тој колектив во друг во кој ќе можеш да бидеш ценета.
Незнам каде да го сместам мислењето, али сметам дека е неправда па да си олеснам. Работам во иста фирма 8 месеци. За тие месеци работа немав ден пропуштено на работа. Неделава прв пат, на боловање. Ми се покачи притисокот до небеската, па со 170/120 неможам да бидам ефикасна. Едно и лицето ми отечи, други и од носот крв ми тече секојдневно. Одам секојдневно на лекар, матична, интернист да направеме некој испитувања. Кога се јавив до шефица да и кажам дека не можам да одам на работа поради тоа и тоа. Културно ми посака поскоро опоравување и да гледам да се вратам поскоро на работа, во спротивно следи отказ за сите кои отсуствуваат од истата. Знам дека е сериозна, ама ајде, да не се нервирам и да не ја комплицирам работата со притисокот повеќе. Па гледам да си ја претворам истата во позитивна енергија. Сабајле одам (додека уште е ладно) до матична да и однесам резултати, се сретнавме со дотичната, и истото ми го кажа, со допуна ако можам да шеткам, можам и да работам. - Дека да, фирмата исплата и к-15, и заостаната саатнина што не ми беше исплатена а сум ја изработела (беа скромни некои 150 часа). А секако, сега забушавам и не сакам да одам на работа. (да не очекуваше фала да и речам за саатнината што јас ја изработив и не ми беше исплатена со месеци?, ) Зборуваше на повисок тон, имаше толпа луѓе кои се спремаа за секојдневни активности,ме фати страм бе. Само и реков разговоров не е соодветен за местото на кое што се наоѓаме, кога ќе дојдам на работа, ќе разговараме. Пријатен ден. Да ме прашаше човечки да и одговарам, но со такво бахато однесување не може. Иако на работа ми е претпоставена, тоа не и дозволува да се однесува на тој начин. Макар и со отказ да се соочам, од своите вредности не отстапувам. Кажи речи, фала богу што господ не ми го зема паметот и не прифатив унапредување во таква нефункционална фирма со исфрустрирани Дами кои пробуваат да си лечат комплекси врз Операторот.
Ај и јас да си се пожалам можи ќе ми олесни.....Две год работев на едно исто место за минимална плата од 8050 ден...од јануари па наваму ми ја покачија на 9000 Е сега сосема случајно си најдов ново работно место каде во првите 3 месеци ке земам 13 000 а потоа 16 000...Главниот проблем е шо газдарицата моја ќе одеше на породилно, си има најдено замена и кога јас и кажав дека сакам да напуштам буквално збесна...Значи напишав и молба дека сакам престанок на работниот однос, ја пуштив како препорачано писмо, ете треба да поминат 30 дена од кога го примила писмото и фино лепо да ме одјави.....Луѓе вие не сте свесни какви тортури трпам секој ден....до пред две год се знаев да работам а сега во овие две недели демек не знам ништо, ме третира благо речено како ретардирана Секој ден одам и се враќам со плачење, ова не се издржва веќе...Значи јас и кажав на 30 јуни дека ќе идам до 31 јули и дека после тоа напуштам, значи таа си има доволно време да најди нова вработена...Праевме попис некни излеговме еден куп минус...од кај да знам дека таа си нема земано? Досега никогаш не сме биле минус, плата сеуште не ми дава, а претходно на секој 5 во месецот имавме земено....Јас стварно не ја разбирам, секој во животот има право на избор, секој оди за поголема плата и на крај краева не сум венчана за ова работно место....Како ќе издржам до 31 јас не знам....психички паднав скроз...немам волја за ништо Ете тоа е во нашата ни мила државичка имаш шанса да напредуваш а некој те кочи во сето тоа....
Ах суети. Ич да не му се секираш, уште помалку пред неа да плачеш. Што мислеше она дека цел живот за 8000 ќе работиш. Заинати се и ти и на 31.07 фала приетно ќе и кажеш. Она може да се инаети колку сака и да смислува минуси и глупости, ништо не ти може. Ако си пријавена, ти си дала соодветен одказен период. Не и покажувај слабост, напротив.