1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неправда (Küçük Gelin) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Dream-Girl, 26 август 2014.

  1. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    А знае ли некој како ќе заврше?
     
  2. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Повторно и мене не ми е јасно, па тогаш како се сеќава дека ја родила Зехра???
     
  3. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Затоа што тој и е многу наклонет на мајка Нужин и на традициите,а и власта како ага му е многу мила.
     
  4. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Ајдее ова каша попара е. Пак ќе кажам не ми е логично затоа што Мелек била во брак, мажот ја остава и оди во Англија. За да не го расте детето сама и оставена нејзините го даваат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^ Абе како оној фолот со Фикрет од Лисјата шо пишуе у затвор пошо несакајќи ја кикнала Џеврие. Me испотресовте без потреба. :D Немојте Девран вака да го бламирате, молим вас. Еден идеален негативец у серијава има мислим... стварно би било досадно.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Бидејќи доколку се разведе Зехра од Али, нема повеќе да живее во куќата на Кирманови и Девран нема да има никаква можност да биде блиску до Мелек. Нели и кажа дека ако сака да биде блиску до Зехра, единствен начин и е да се омажи за него. Мајка Нужин го слушна тоа и затоа брзаше да го ожени Девран за Лејла.

    Инаку, понатаму Мелек самата ќе ја прифати понудата за брак со Девран откако ќе биде разочарана после веста за смртта на Азат (кој btw не е мртов).
    А за ова дека Девран е таткото на Зехра, навистина и мене не ми е јасно. Останува да видиме што ќе се случи... уствари мене цела серија не ми јасна, се е попара направено. :D
     
    На tessie и Amelia им се допаѓа ова.
  7. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    a koga ke bide toa???? ostanav so zinata usta :o
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Знам дека Ферман и Берфин се разделија, ама кај се изгубија во серијава? Пак некои мистерии да не ќе има ко шо беше причата на Џемал? А Елиф малечкото ми изгледа како се`уште да е истрауматизирано или мене ми се чини поради муабетите што ги прави...
     
  9. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Берфин и ферман не се разделија туку заминаа во Анкара да живеат еднаш спомна рашид кога го сретна кадим дека убо им е во анкара па затоа знам инаку серијата ми се допаѓаше ама почна многу да ме нервира милион пати се обиде да избега и пак ја враќат досадна станува
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Ја загледав серијата пред некој ден ми стана интересна ама бидејќи не ги гледав од почеток епизодите не ми е јасно што се случува со Али, зошто заборава што прави, губи контрола и пие некој апчиња? :^)
     
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Колку и да изгледа чудно сепак ваквото размислување во Турција постои. Девојчињата ми мажат млади, ги продаваат и секако ги сметаат дека се деца кои се помалку вредни или не вредни колку машките деца. Агите до некаде се поставени од власта за да може подобро да се управува, што некако ми е логично. Стави си по некој ага во некое место тој ќе си управува со своите луѓе и некако народот потчинет а сепак тој ага пак дава отчет на власта. Ми се допаѓа серијата, иако треба малку побр расплет. Некако дејствата ,,тргнуваат,, па повторно ,,се враќаат,,. Немаме некое дејство на придвижување.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди дека им е поубаво. :D Сегде е поубаво него во нивна близина.
     
  13. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    абе луѓе умре ли Азат?
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  15. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Јас колку шо знам филмов сеуште се снимал баш се зачудив за тоа дека Девран ке испадне на крај татко на Зехра ....малку е банален со тоа бегање де зехра де али...ама сепак го гледам :)
     
  16. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Oд утре 17 ноември кај нас почнува 51 епизода по турски, а кај нас знаете дека ке ја исецкаат на три дела. Инаку многу блиску сме со турците. Таму последнанта епизода од минатата недела е 53 епизодa. Значи не делат само две епизоди.Никој не го знае крајот зошто таму додека се дава серијата воедно и се снимааат новите.Сценариото на сериите таму се пишува во моментот...спред гледаноста, според рејтингот на серијата после секоја прикажана епизода, според барањата и кометарите на гледачите....Таму после секоја серија се мери рејтингот во категории, А, Б, Ц.....и за серијата и за глумците и за сценариото...според тоа и глумците земаат плата.Гледачите после секоја прикажана серија коментираат за ицтата и според нивните комантари, на пример ако сите навиваат Мелек да се земе со Девран или бебето што треба да го роди Зехра да умре или да живее, тие го менуваат сценариото во од. Доколку има интерес и висок рејтинг се снима и втора и трета сезона, ако рејтигот е лош , ја завршуваат уште во првата сезона. И затоа никој не знае како ке заврши.Сега пишува дека почнала да се снима 2013 и дека е планирана да се снима до 2015. Ама ако има интерес ка ја продолжат. Се си мислам дека нашиве ке ја прекинат безвеза на средина,како што направија со многу сериии овие од Канал 5.Тоа го прават затоа што откупуваат серии кои сеуште се снимаат а не завршени како на дргите канали. Така направија со Лале и со Сестри.....Ги прекинаа на сред сериите....Дури не чекаа ниту сезоната да им заврши.
    Инаку околу оној муабетот како Мелек се секава дека ја родила Зехра.....јас колку што знам тој маж кој и бил татко на зехра ,кој сега живее во Англија, родителите на Мелек не го сакале оти пиел. И затоа ја разделуваат од него и во болница и кажуваат дека детето и починало.
    Ова дека Девран и е татко на Зехра и дека ја силувал Мелек, не сум го читала, ама ништо чудно кај турциве да ја извртат. Точно е дека учеле заедно која биле мали мелек, азат и девран ама до сега никој не спомна дека имало такво нешто од страна на девран и ако било така мелек немаше да сака да го сретне. Она стваро од почеток не го сака оти бил немирен а со азат од мали се сакале, ама не покажаа такво нешто. Дури имаше сцена од мелек кај што се пораѓа во болница и си го бара детето од мајка и и татко и, за кое и рекоа дека умре и беше голема како што е сега, воопшто не личеше дека има 16 години.
     
    На tessie и dragan4eDR им се допаѓа ова.
  17. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Што е со Али? :o Не ми се верува во каков гад се претвори, па негово дете носи Зехра ццц.
     
  18. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Али се претвори во наркоман и не гледа ништо пред себе кога е во криза....
     
  19. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Што ќе биде со Мелек навистина ли ќе се омажи за Дерван...леле не ми се верува :worried:
     
  20. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Ке се омажи за Девран како втора жена ама не со матичар и граѓански брак туку со Оџа и после сите ке ја тепаат исто како што ја тепаат Зехра. Ке ја тепа првата жена Лејла, ке ја тепа старата вештерка....а Зехра ке и се лути и нема да зборува со незе и џабе и беше мажачката со Девран. Туку баш ме чуди што ке стане кога Азад ке се врати !! Дали ке и се лути што не го дочекала ?? Ке биде Интересно !! Девран ке сака да се разведе од Лејла,ама она им кец у ракав бидеќи знае дека Џемал го уби брат му па ке го каже на старата.Кога ке се врати Азат сигурно ке мора да се дознае и тоа дека Девран не е Кирман.....
     
    На flowersss и tessie им се допаѓа ова.