Јас па мислам дека Азад ќе си ја земе за жена таа девојката што ја зеде со него од кај тој човекот каде што престојуваше додека беше во Ирак Taa што сакаа да ја убијат мислам,знаете за што ви зборувам Инаку не е фер овие од Канал 5 што ја кратат серијава на 30 минути само,мислам стварно без везе глупости!
Некако и љубовта не ми има логика во серијава. Премногу се измешани работите. Азат никогаш нема да може да прифати дека саканата била со друг, Девран ќе мора секој ден да се присетува дека ја присвои ,,љубовта,, поради закана дека Мелек ќе си ја загуби ќерката, Мелек нема никогаш да ја доживее љубовта чиста и исконска, посакувана, така да сите некако ми се осудени однапред на пропаст. Сите во серијава ми се несреќни. Не сретнав некој лик да е среќен и задоволен од животот. А се би можело да биде поинаку. Се, буквално се.
Јас мислам дека онај стариот што е со азад сега ке испадни дека е татко на девран Оти еднаш кажуваше дека имал жена и дете и дека бил лош ја тепал жената и дека сега е синот голем дека го нема видено истото го кажуваше и фатма па се мислам дека на крај ке испадни тој татко на девран и од ова серија не очекувам среќен крај се гледа дека тажно ке заврши можеби ке умри зехра ама среќно нема да заврши 100% сум сигурна инаку веќе една епизода ги дели канал 5 од Турција ова недела сигурно ќе заврши и се надевам ке кажат прва сезона дека завршува и дека ке ја дават понатаму да се дослимаат сите серии
Јас на типов не би му кажала НЕ. Леле колку е Мажствен, така се понаша Порано Сител, сега Канал5 24/7 имам и да ви кажам не се каам хахаха типов типов леле леле ле ле многу ми е убав од кога пушти брада. Овој лошиов што е, абе прав маж опасен ....
Лудо бре, ми го зеде зборот од уста, кој маЖ е овој Девран . Порано несакав Мелек да биде со него, ама сега навивам за двајцата, типов е ептен секси, плус лудо е заљубен во нејзе.
еАуф каков е. КРАЈ! па и како и трча ја сака, како ја гледа абе глупача, се надевам ќе го засака. Поим за СЕКС е типот, а плус и мерак ми е таа Сиријката, не знам како се вика жена му да љубомори НЕК ПУКНЕ
И Девран ли стигнавте да го украдете...недругарки низаедни... Шала на страна, серијава возможно е да станува толку потешка за гледање... ауу трагедии, па кај баш зимно време кога ќе фати... онака чисто да те доутепа.
Затоа што толку епизоди се откупени сега засега од Канал5,а и серијата и идната година ќе продолжи да се снима,па сигурно на пролет ќе има нови епизоди од серијата на Канал5.
Ке се одмориме малку од плачот на зехра,а дали ке ја продолжат ке видиме зошто канал5 знае и на пола да ги остави сериите во недела навечер се емитува на авруп с ли беше не ми текнва добро и оваа недела ја гледав азад како се појавува во конакот и тука заврши
Незнам до толку но мислам дека ке се роди што е тоа криво, ете нема да успеат да го извадат ке му се слоши на зехра мислам па ке ја остават онака како што кажа за следната еп. па мислам ке пријави таа сестрата и ке ја одведат во болница е тука не разбрав баш што ќе каже зехра мислам дека мајка си ке ја обвинува дека таа ја однела на абортус ама не сум сигурна претпоставка, останува да видиме вечерва.
Па и јас не сакам да го убијат бебето. Затоа и Девран го засакав. Ама сепак алал да му е на бебето, што не претрпе и пак остана живо, затоа викам одма ќе стане ага.