Баш. На најавниот спот за вторава сезона, Зехра нишаше бебе така што, би требало да го роди. Убаво шо ќе преживеат, ама тешка судбина, детето дете не можеше да си биде до крај.
Има ли некоја страна каде што можам да ја гледам серијата со превод? Канал 5 сигурно нема да ја продолжи како што беше и со други серии.
Јас изгледа имам исѓуштено неколку епизоди па ако може некој да ми одговори Каде е Бехие? Која беше жената што ја најдоа во реката и каква врска има со мажот на Бехие? Каде е Али?
Kадим ја слушна како збори со Фатма дека девран не и е син и ја однесе и ја фрли во река а на домашните им рече дека е појдена кај Берфин на гости. Кадим помисли дека жената што ја најдоа во реката е Бехие заради која го повикаа во полиција бидеќи му го нашле новчаникот кај реката ,ама испадна дека нема врска со убиената жена по што ми се чини дека таа не е мртва и кај да е ке се појави од некаде.... Али е во Дијарбекир во санаториум да се лечи од дрога.
Јас едвај чекам да почнат да се отплеткуваат работите и што ке стане кога старата вештерка ке дознае дека Девран не е Кирман, кога ке се дознае дека Девран цело време му работи зад грб на Азад и којзнае колку пати проба да го ликвидира, кога онаа глупавата него прва жена ке отвори уста и ке каже дека Џемал и кажа да им пренесе на домашните дека брат му Кадим го наместил на времето и на крај плати да го убијат само заради тоа Девран да биде ага !!
Мене многу ме нервира Зехра во последно време. Мелек сирота се зема со Девран само да е покрај неа а она ништо не цени. Ќе го роди бебето Зехра?
Мене ме нервира Мелек...Зехра испадна сто пати попаметна од незе....сите (зехра, зејнеп, старата вештерка)и викаа да не се мажи со Девран, а таа како овца...да била поблиску до Зехра. Па Зехра што не претрпе ,сега баш она ке ја спаси ако влезе во конакот, што се докажа дека не може да и помогне.Истото и го викаше Зехра - ти не ги познаваш, тие и тебе ке те држат како заложник, кога си надвор јас имам надеж дека ке избегаме а вака и ти ке бидеш заробена како мене....што и се оствари и сега нека јаде и Мелек ќотек како магарица заедно со Зехра....Сто пати и кажа Азад е жив ама овцава никако да разбере, дури Зехра скопча зошто одеднаш Девран ги прака за Истанбул за да не се сретнат со Азат а оваа никако да свати....сге ке ја видам како ке се откачи од Девран лудакот....а и Азад више не ја ферма....многу ниско и многу брзо се “продаде“ на Девран без да размисли дека со мажачката ништо нема да успее.....
hahaa незнам што е со ИКСОТ,али ја има серијава на Со превод.com.мк таму пратете ги.Денес е 93 епизода..многу е трагично,да знам како девојче на моја возраст,ќе стане мајка... не би сакала понатаму да дискутирам,иако можам многу да напишам