Неправда

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 8 мај 2019.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.996
    Допаѓања:
    282.191
    Кога се збори за неправда луѓето си поаѓаат од лични побуди кога сакаат да ја дефинираат неправдата, така што во прв план секогаш ги ставаат своите интереси.

    Дали сме свесни колку нашите поими за правда/неправда се реални и немаме вмешано лични афинитети и потреби ?
    Веднаш да се надоврзам - дали имаме обзир кон туѓите потреби ?

    Дали кога збориме што е праведно а што не излегуваме од нашиот микрокосмос и воопшто не се земаме себе во обзир?

    Обично , праведно е тоа што нам ни одговара, а се останато е неправедно.

    Како се однесувате во ситуација кога некој ви се жали дека му е нанесена неправда а всушност не е така ?
     
    На Alisa22 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    8.998
    Пол:
    Женски
    Сметам дека темава е доста обемна но еве го моето мислење.
    Ако збориме за ситуација кога ни се жали некој на нас, јас обично ги гледам двете страни, прашувам каква е приказната на другата страна па тогаш давам совет (освен ситуации кога ги познавам доста добро двете личности па можам да претпоставам за околностите), а ако е очигледно дека не е нанесена неправда тогаш кажувам отворено дека нема потреба за таква драма, ако реално не е таква ситуацијата. Сметам дека треба да се каже вистината отколу уште толку да ја ставаме во заблуда личноста и со тоа да си завземе за право да се прави жртва. (нормално вистината да се каже на благ начин а не директен и нападен)
    Ако се најдеш во таква ситуација каде што ти самата мислиш дека си неправедно третирана, не би можела целосно да ја согледаш таа ситуација. Може тука да преовладат нервозата, избувливоста, љубовта, среќата и многу други работи кои што ќе те направат слеп пред реалноста. Исто тука важи и карактерот на личноста, зависно од тоа дали е слаба карактерно и неможе да се справи лесно со ситуацијата па само збори или ќе плаче само да не признае дека она погрешила. Секоја чест на исклучоците кои можат да признаат дека згрешиле.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш мразев направди како на свој грб така и на туѓ.
    Разликата од тогаш до сега е во тоа што, бев бунтовник, мислев дека неправедноста како појава ќе може да се искорени или пак сведе на минимум, ако се бориш против истата и говориш гласно.
    Знаев да се борам за други, углавном за оние кои не можеа/умееја да се одбранат сами, и пак јас го јадев подебелиот крај. Од сторителите на неправдата а и индиректно од 'жртвите ', со тоа што никој не беше т.е не остана благодарен за истото. Немав ништо добро добиено освен лична морална сатисфакција.
    Денес, созреав многу у меѓувреме, научив дека најфино ќе пројдеш ако се вардиш исклучиво себе, да знаеш кога треба да збориш, кога преќутно да одиграш некои ствари, за да испадне добро на крај. Знам да проценам кога треба да сум бунтовна, таму каде што знам дека можам да направам нешто, во други ситуации, дополнително главење, повеќе не.
    Само себе, пошто ќе дојдат ситуации кога тебе ќе ти треба заштита, а нигде ќе ги нема, ни тие на кои си им бил поддршка ниту пак други рандом луѓе. Не би рекла дека станав себична, туку освестена.
    Се помируваш на некој начин дека неправдите се дел од секое општество и сечиј живот, не ги земаш толку при срце и не даваш да ти влијаат и да ти го дефинираат денот.
     
    На Purplelilac, Alisa22, irrelevant и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="lovestoneddd, post: 4432257, member: 1249
    Разликата од тогаш до сега е во тоа што, бев бунтовник, .[/QUOTE]


    Ниту сега не си нешто поарна, бунтовник без причина, само што немаш време за себе, расправајќи за други, да си ги видиш своите маани!
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    673
    Секоја приказна има две страни.
    Она што за мене е неправда за другиот може не е.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    36.248
    Пол:
    Женски

    Ниту сега не си нешто поарна, бунтовник без причина, само што немаш време за себе, расправајќи за други, да си ги видиш своите маани![/QUOTE]
    Awww:l:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    2.889
    Пол:
    Женски
    Отвараш тема искреност и сите стануваат светци кога станува збор за другите
     
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    7.607
    Секој ќе си каже за себе дека мрази неправда и дека се бори за правда, пошто никој не се гледа себеси како неправеден, така да џабе коментирање за себе, исто мислење сите си делиме.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    4.786
    Допаѓања:
    41.680
    Пол:
    Женски
    Она што за мене е правда,за друг е неправда и обратно.
    Различни луѓе сме,па не можеме да мислиме исто за се во животов.
    Јас слушам кога некој ми се жали дека е обесправен.Ако мислам дека греши,отворено му кажувам.
     
  10. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Кога тогаш правдата ја победува неправдата
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.753
    Допаѓања:
    145.059
    Генералните премиси за неправда, ги делиме повеќето.. пример: Не е праведно да го убиеш, искрадиш, наместиш, направиш штета некому...

    Но има многу 'видови' на неправди кои се субјективни.. Односно, повеќето се субјективни... пример: Тој е убиец и треба да лежи доживотно во затвор/ Тој е убиец и треба да добие смртна казна/ Тој е убиец, но го познавам и сакам, и сметам дека казната е превисока.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    72.500
    Ако бе, нека тера. Јас не се објанувам. Ќе кажам, ама бе убедувам. Некогаш и треба да се згреши за да се научи. Оставам да грешат
     
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.462
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="referentka, post: 442926

    Обично , праведно е тоа што нам ни одговара, а се останато е неправедно.

    [/QUOTE]


    Многупати во животот наш, се доведуваме во состојба кога НЕ СМЕ ПРАВЕДНИ КОН САМИТЕ себе, знаеме свесно дека грешиме, но некои чувства и емоции не прават да направиме неправда.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    7.130
    Допаѓања:
    173.781
    Ако зборуваме за неправда во меѓучовечки односи... никогаш нема да сме во право.

    На пример: зошто другарка ми не е тука за мене во оваа ситуација, кога јас сум секогаш тука за неа?

    Јас можеби мислам дека сум "секогаш" тука за неа, но, дали и таа исто мисли?

    Поаѓаме од себе, што е нормално. Сите конфликти меѓу луѓето потекнуваат од тоа што едниот мисли дека другиот е неправеден.

    Во друга смисла неправда, неправда е јас и уште еден да аплицираме за работа, притоа имајќи исто квалификации, а тој ја добива бидејќи:
    - има врски (партиски, роднински)
    - физички е поатрактивен
    - маж е, нема да раѓа и да зема боледување за деца
    - итн

    Понатаму постојат неправди во образование, во судство, во здравство... тоа се оние "опипливи" неправди на кои можеме да работиме и треба да работиме, за општеството да го направиме што е можно поправедно за сите.
    Но, првото, или ќе разговараме и со разговор ќе го решиме конфликтот и ќе најдеме компромис, или ќе се оддалечиме од личноста за која сметаме дека е неправедна кон нас.
     
    На L.i.n.a.a, Purplelilac и Someonespecial им се допаѓа ова.