@Justicija неправди имало и секогаш ќе има. Сум имала исто искуство и после извесно време сфаќаш дека вината не е во девојката која ти го "украла" дечкото, туку самиот дечко што дозволил да биде украден Заљубено машко не ни погледнува друга девојка, камо ли да спие? Биди благодарна што си го исфрлила тој клошар од животот. Нека му ја мисли девојката сега Ниедна среќа неможе да биде градена врз туѓа несреќа
Не прави ништо кармата, затоа што е приказна. Ама пак не и сите гомна најдобро поминуваат. Исто како што и не сите цвеќиња најдобро поминуваат. едит: секој исход е возможен
Дојди да видиш овде како функционира, нашиве македонЦИ ако треба нозе ќе им измијат на албанциве одма со арно со убо, ко ќе видат наш чоек македонец абе ќе ти напрајт уште во поголеми го*на да падниш. Не функционира секаде исто, мојов е албански град тие владеат
Ех карма.. Колку пати ми се вратила, за секое лошо сторено од глава ми трескала се. Не сум поминала низ каса а да не ми наплати..
Неправдата за жал е присутна во многу сегменти од општеството, посебно ја наметнува политика, едноставно граѓаните во пракса не се еднакви пред законот, секогаш елитата блиска до власта е за многу скалила погоре од останатите.
Ме следи таа среќа односно за некои несреќа ако некој ми направи неправда кога тогаш да му се врати. Некогаш се денови во прашање некогаш години. Ама тоа што ме здоболело мене еднаш другиот го здоболило десеткратно. И ова не се секојдневни ситуации него баш неправди од страна на луѓе каде слепо и искрено сум верувала и сум давала се од себе. Таму ги стига казната/кармата како сакате речете. Затоа што претпоставувам дека е ова обострано секогаш внимавам да не направам на некому неправда барем не намерно. А таму каде што делото ми било побрзо од мислата и сум наштетила ми се има вратено.