Непристојни гости

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од I I, 15 декември 2016.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Дали сте се нашле во ситуација да ви доаѓа да бегате (буквално) од својата куќа кога ви доаѓаат одредени гости. Комшивка, (која буквално) доаѓа секој ден дома со нејзиното мало девојче пред неколку дена ми го тресна мобилниот од земја. На тоа, мајката на детево немо посматра. Абе, ако ти си му дозволила дома што сака да прави, по туѓи домови апсолутно не смее така да се однесува. Па, уште и ми објасни дека кога е .......(името на девојчево) ме оставај го телефонот на масата. Јас стварно ич органски не ги поднесувам ваквите луѓе. Ист пример имав и како помал кога ќе дојдеше една братучеда немаше пат кога таа ќе дојдеше минимум една играчка (ако не и 3, 4) да ми ја расипи, а нејзините родители на беа само неми посматрачи на нередот кој го правеше нивната ќерка.
    Слични искуства со вакви луѓе, и како сметате дека е адекватно да се постапи во вакви ситуации?
    Ако е темата дупла, канта.
     
    На cresa-jagoda, Arthur, LUCI 99 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    45.489
    Имав ваква комшика, веќе не :whew:
    Она си дрндаше тука со часови а детето ремонт низ дома прави:envy:

    Тежок период беше тоа...:sweat:
    Сега детето порасти а она откачи, не иде веке толку често...уствари се преселија подалеку од нас :D
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Arthur и 6 други им се допаѓа ова.
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.597
    Темава е одлична :clap:

    Секако дека сите некогаш сте угостиле непристојни гости.
    Еве јас на пример секој ден имам такви.
    Прво и основно не го користат ѕвончето, ниту пак тропаат на врата туку слободно си влегуваат како во своја куќа да се. Чевли соблекување никако :!: небитно што надвор врне и во кал се до колена.
    Кога доаѓаат со деца... е тоа е момент на спојување на жички. Децата воопшто не се виновни за тоа, родителите така ги НЕвоспитале.
    Врвот го оставам за на баба ми другарките... Е они се прича за себе. Седат по 6-7 саати, викаат на цел глас пошто као сите приглуви, толку се гласни што ги слушам и покрај тоа што имам слушалки на уши и рокната музика. Шетаат низ цела куќа како да се дома. Доколку им пренесеш нешто за јадење, а секако дека ќе им пренесеш кога седат цел ден, пола од јадењето е на тепих паднато, као демек раце им се треселе. Ај се ова мање више не битно, но моментот е што сите пушат а се кријат од мажите и не купуваат цигари, па пушат од моите. Ќе ми ја испушат цела кутија за саат време па уште ме праќаат да си купам нова :|

    Ете така, на кратко или на долго за оние непристојни гости :lol:
     
    На SexiLy, Feminka22, kikkki и 37 други им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Zeni, Vie koj nosite deca na gosti !

    Daj Ve molam cenete go toj kade odite.
    • Naucete gi decata da se posluzuvaat so dve prstinja, a ne da zimaat so cela raka (mislam svativte, sto i da e sirence so dva prsta, a ne so cela raka da go mackaat vo saka),
    • Izbrisete im gi racete, a ne da mi dopiraat po zavesi i zidovi,
    • amn ne gi molete za jadenje i so jadenje da gi brkate po kuka. Ako Vi se takvi ranete gi doma , a ne po gosti. Nemam namera po vas generalka da pravam,
    • garniturata e za sedenje, a ne za kacuvanje po nea,
    • ne me provocirajte Ve molam oti moze da bidam mnogu nezgodna.
    I jas sum imala malo dete i niedno od pogornive tocki ne sum go dozvolila, nemojte ni Vie.

    BLAGODARAM:bow:
     
    Последна измена: 15 декември 2016
    На Feminka22, Belgin1, cresa-jagoda и 43 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.421
    Пол:
    Женски
    Имало гости што доаѓале и ја посматрале собата - детално. Секое ќоше, да не има пајажина, ѕидот да не е извалкан, завесите, прозорците дали се избришани, витрините, чашите или филџаните од кои пијат да не се пукнати... за што? За да зборуваат ако нешто не е во ред, и сакаат да оговараат, затоа така гледаат наоколу. Зборувате и наместо во тебе тие во лустерот над тебе гледаат. :^)
     
    На cresa-jagoda, mila25ve, Arthur и 14 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    110.613
    Имам роднини кои имаат многу пргаво дете, а не го ни караат, кај нас не ама кај вујко ми има расипано многу елементи кои стојат во собата за дневен престој, и ако се изнервираш дури и зошто си се изнарвирал, нели дете е. Исто комшивката на пријатели, си влегва дома сама ако начека отворено, не фаќа ништо само разгледвала што како има ... демек комшии неќат да викаат полиции, ама па и сред бел ден седат заклучени, за секој случај. :|
    Кај мене ме нервираат гости кои викаат постојано, ги ставам во непристојни или кои постојано бараат рачка да се караат. Сум имала гости кои не ми биле важни мене, си седеа со моите на маса, јас седам во дневната зошто во другите соби студи, ставам слушалки на цел глас, лаптоп на цел глас и пак неможев едно видео да слушнам. Друга жена се случило да се кара со други гости и со мене (на слава), на цел глас значи, да се дери, зошто некој не се согласил со нејзиното мислење. Обично зошто јас немам такви гости туку само се случва да сум таму, често знам да излезам надвор само да не ги слушам и да седам со мачката. :|
    Најлошо од моите гости што ми се има случено е тоа што мразам, значи мразам да ми се префаќа по работи или да не се прај нешто како шо било, па ми се има случено девојче да се бриши со ацетон кај мене в соба, да го остави незатворен, само капачката ставена горе да личи на затворено и океј. Лежам нешто ме гуши не знам шо, и по два дена кога ми требаше, земам да го фатам ми се лизна ради капачката и ацетонот ми падна врз лаптопот и буквално во истиот момент го изгори и сега шарен ми е, ништо не помогна за чистење.
    Накратко, кога одам јас негде пазам, да не викнам ради комшиите, да не бидам вулгарна, да не префаќам и најбитно - да не прам штета. Што е толку тешко истото да го прат е не знам ... :|
    И за крај, читајќи мислење од погоре за ѕвончето ... имам еден комшија кој буквално ме тера некој ден да го избркам зошто ако сака да дојди пример кај нас дали да побара нешто, или кафе да пијат со моите, не тропа, не ѕвони туку најтивко ја отвора вратата и онака ко ќе влези в дневна чуди се кога дошол. Досега мојте биле дома, па душа луѓе ништо не велат, јас ако сум шансите да го спотерам се големи, ама дур се мојте дома си ќутам и јас, велат срамота било комши сме биле, јбг. :|
     
    На cresa-jagoda, Arthur и Sesil им се допаѓа ова.
  7. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Сите имаме по некој таков гостин,и кај мене имам едни такви среќа ретко доаѓаат,тогаш кога идат чадам од нерва бидејки се јаде на сегде па јас моето дете не го оставам така ,се кршат играчки се лупа ,аман детето им било хиперактивно ама со ова новите дијагнози,какво хиперактивно тоа е хипер невосспитано
     
    На cresa-jagoda, kankus, biGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.959
    Допаѓања:
    37.336
    Кога сме веќе кај немирни деца. Кај мајка ми во салон стално доаѓа некоја со дете кое ќе го донесе салонот до статус на реновирање, а мајка ми па дека ептен е по децата и глупо им е да им каже, а некои има па и откако ќе им кажеш се навредуваат...
    Иначе, имам една вујна што кога и да ми дојде на гости, доколку јадам мора во уста да ме гледа. (facepalm)
    Други така некои непристојни немам.
     
    На cresa-jagoda, Arthur, JollyGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Оленка*

    Оленка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Јас еве, не знам како ќутите кога нешто ви смета. Имате усти, кажете и намирете се. Или па ја сум лоша шо цело време лупам у лице се што ми смета. Не е причина да не изнесеш нешто шо не чини на маса ради тоа шо наводно ќе ви се налутат, него се е до начинот на кој пристапувате и зборувате.
     
    На cresa-jagoda, celineparis, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  10. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    17.597
    Го пронајдов лекот за непристојни гости :lol:
     
    На cresa-jagoda, Arthur, girl-miri и 14 други им се допаѓа ова.
  11. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Moeto dete imam pravo da go iskaram no koga doagat gosti ne sum jas taa sto treba tugite deca da gi vospituva
     
    На cresa-jagoda, Arthur, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  12. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    19.263
    Пол:
    Женски
    Овие ми се најврв.
    А, обично кај нив, за жал, е најнечисто.
    И не разбирам како за себеси си се така толерантни, а се окупираат со нешто што во никој случај не им влијае. :?:
     
    На Victorian и Barbie20 им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    4.082
    Јас ретко сум имала проблеми со вакви гости, зошто најчесто ни доаѓаат најблиските роднини и тоа за родендени, Нова година и слично и си седат со усул. Но, две другарки ми се имаат пожалено на ова. Едната другарка има помала комшика од неа три години што буквално од јутра до сутра седи кај неа. Ми вика ќе ми се јави во 10 саат сабајле, ќе ме разбуди, ајде ставај кафе - јас доаѓам. Ќе и речам, почекај ме да се расонам малку, да се средам па ќе ти ѕвонам. Во меѓувреме, отидов јас кај другаркава, само што ми стави кафе, ѕвони девојчево, и и' кажува дека јас само што сум дошла и ја слушам оваа од другата страна: "Е како тоа она дошла кај тебе, нели јас и ти требаше да се видиме". Другаркава тука превртува со очи :D и ми кажуваше а дојде она, нема спас. Ќе и се тупне на кафе, а пред тоа и кажала дека е договорена со дечко и, кога ќе и се јави тој треба да тргне накај него. И се јавил дечко и, и рекол тргни за 10 минути, оваа се спремила се, скоро на врата, девојчево уште седи, нема абер да си отиде. И повторува пет пати дека мора да оди, и се додека не излезе на врата, оваа нема да си отиде.
    Другава другарка ми кажуваше дека имала двајца другари, т.е не се ни другари, познаници горе-долу, си седела она со едно девојче, имале некој муабет, овие и се јавиле, и рекле еве сме ние кај тебе пред врата, отварај. И сега нејзе незгодно и паднало, овие момциве уште флаша вино си земале, си се угостиле сами што се вика, седнале да пијат, прво незгодно бре паѓа, девојчево мајка има дома, којзнае што ќе си помисли ако влезе во соба, тие пијани исполегнале кој кај стигне. Одвај успеале да ги "избркаат".
    Jас да сум на нивно место, ќе трпам еднаш, два пати, три пати, ама следен пат така да ми дојдат пред врата и да ми речат ајде отвори, па макар дошле од друг крај на Скопје, ќе им речам не сум дома па нека се сликаат. Или ако некоја ми седи по 6-7 саати дома, па и да не ми е толку блиска, ќе и кажам дека и јас си имам обврски, не ми е само она да ја угостувам по цели денови. Па и да немам обврски, можеби сакам да си седам дома, да си гледам филм, да си се посветам сама на себе, а не да седам со неа 5 саати.
    Вака за со блиски другарки, сум немала проблем, ќе и кажам најотворено дека си имам некоја обврска, или дека сакам нешто по дома да си правам и ќе се видиме утре/друг ден. И фала богу не ми се налутиле, ама овие другиве... :devil:
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.541
    Допаѓања:
    49.583
    Немам непристојни гости. Веќе :wasntme:

    Имав еднаш на гости една пријателка која дојде со двете деца демек за со син ми да се подружат, арно ама станот ми го превртеја, трескање со врати, демолирање на паркетот, а таа само си седеше и се смешкаше, во фазон: деца се, пушти ги.
    Ама тоа беше се освен детската игра :^)
    Јас морав да ги опоменувам бидејќи ако чекав на неа ќе кукав после.

    Исто така не ми е јасно зошто на родителите е нормално да кога одат на гости нивните деца право седнуваат за туѓ лаптоп, го отвараат и си се играат без прашање, без тие воопшто да ги опоменат?
    Ете тоа е нешто што ме вади од такт и што не сакам, а имав такво искуство.
    И нормално мојот лаптоп не е наменет за деца и за сите кој дојде да го користи без прашање и тоа им го кажувам па колку сакаат нека се навредени.

    Учете ги децата да почитуваат туѓите работи, учете ги дека постојат приватните својини, дека не сечиј телефон, таблет или било што чека само него.
    Ружно е и не му е дозволено ако е дете.
    И не само такви работи. Учете ги децата на пристојност. Ако се деца, се знае што е за нив, а што не.
    Ако се деца, сепак постојат правила и за нив, од малите се учат да почитуваат туѓата приватност, личност и се друго.
     
    На Belgin1, Annath, Giovanna и 33 други им се допаѓа ова.
  15. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Ете така убаво кажано
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    15.770
    Пол:
    Женски
    Постариве се значи врвот на некултурата. Ај, дете ко дете, не го воспитале, му дозволиле свашта по дома, ама па возрасниве кога немаат усул, тоа е апла за шамарање.
    Ние имавме (т.е. уште ја имаме, ама не иде више) комшивка што е прича сама за себе.
    Има седено над 12 саати неколку пати. :worried: Си трчкараше по стан, одеше по мајка ми да ја гледала како готви (иначе жена-мезимче, што после смртта на мајка ѝ, 30 години не пипнала да зачисти и не знае јајце да си спржи), па ај сама кафе ќе си вари, ај ставете ми од јадењево за дома. Океј, нема проблем за храна, мајка ми е и таква жалослива, ја гледа дека без никого, па толерираше многу.
    Еднаш си збори нешто, кога оп - си ја извади вилицата и фино си ја смести на маса. Не знам што фаца сум направила во моментот, ама ај што е масичето стаклено и се разлетаа плунки, па за неа е нехигиенски!
    Неретко се дешаваше да си го поткрева фустанот и да удостојува да ѝ ги видиме гаќите. Што се вика: тоа се мие, не се проветрува.
    Врвот: вика „А, ја карамели јадев за протерување, морам во вц“. Отиде, фино си заврши работа со отворена врата. Ем 9та бетовенова, ем Шанел 5... само со ширум отворени очи се гледавме со мајка ми.
    Тоа беше веќе клучниот момент да почнеме да ја избегнуваме, па полека ја откачивме и сосема.
    А, ќе речеш жена што била скоро 40 години во просвета...

    Ова повеќе е непријатно отколку непристојно, али дете кога ќе те избрука...
    Ми текна еднаш братучед ми, најмалиот, да имаше некои 3 години максимум, и ајде на слава една бевме фамилијарно. Јас и брат му малце поголемки, па да го откачиме, му трупнавме таму од кукличките на домаќиниве. Се вртиме после по соба, малиов нигде го нема! Оно кога да видиш, сите умираат, а овој зад фотеља се скрил, ја налегнал, па ја лиже ли, лиже онаа куклана по лице. :rofl:
    Му викаат кој те учеше, овој накај нас гледа збунето, а ние врска немаме. :worried:
    После му вика таму чичко му што сакал на компјутер да гледа да му пушти, овој ни два, ни три - нади гои јене (најди голи жени). Нормално, накај нас пак сите погледи. (facepalm) Се укопавме тој ден со поголемиов.
     
    Последна измена: 15 декември 2016
    На SexiLy, Annath, Giovanna и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    117.966
    Пол:
    Женски
    Ми идело да речам ,,ај одете си,,. Од деца невоспитани што буквално се што сум ставила на маса истуриле по еднаш на земја, до возрасни што мрчеле за моите услови и поставувале глупави прашања.
    Па отвараат кутивки за накит, не дека чувам накит сред дневна ама има по некоа глупост во тие кутивки, на масата мезе децата фрлаат парчиња преку тараса, мајката се оклештила ко недоветна, дете било.
    Една упорно гњавеше каков е душекот на спалната пошто нејзиното дете само на Дормео спиело, па де да видам дали е мек, дали ке можам да го ставам да спие |( А да си одиш штом веќе детето ти спие? Па имаат мерено температура во собата дали одговара на нивното дете, па имаат прошетувани низ другите соби луѓе што прв пат идат, некои затоа и последно идење им беше ;)
     
    На cresa-jagoda, Chica.Loca, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    16.302
    Пол:
    Женски
    Од такви невоспитани створења преку таквото ми е дојдено. Особено кога ќе им доаѓаат некои на моиве, јас или веднаш во истиот момент се спремам да излегувам, или си останувам затворена кај мене в соба со напомена до моите да се прават дека не постојам, за да не ме замараат.
    Или ќе дојдат и ќе останат со саати да се заборават по дома, па дури и не соблекуваат чевли пред врата (и ем што е нехигиенски, ем мајка ми си е фанатик да и е чисто како во аптека па ќе се скапе рибајќи го ламинатот по нив). Па гости од странство кога ќе ни дојдат на неколку дена пазат и се тивки и уредни, а овие од тука од блиску ќе се довлечкаат и ќе се заборават ѓоа дома си се.
    Некои кога ќе се распушеа не дај Боже да влезеш да си сипеш чаша вода, чиниш си влегол во оџак некој, сивило прст пред око не се гледа буквално. Сега откако се реновираше дневната со нова гарнитура и се, ставив над ТВ-то голем црвен знак ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ за да му паѓа в очи на секој што ќе сака да запали, и еден што глумеше ѓоа „мачо мен“ еднаш се изнасмеа и сакаше да не го испочитува тоа, ама му кажав дека или ќе излезе на тераса да запали, или повеќе да не се појавува - не сум јас должна ко што сум на чадот алергична да го трпам, ниту пак да ми попримат чад завесите и гарнитурата па да смрди цела соба. Ајде завесите ќе ги испереш, ами материјалот од гарнитурата како ќе го излуфтираш?
    Или па ќе почнат да се расфрлаат со храна, па му паднало долу и не го кренал, па ќе исипе по чаршафот, па Бог да чува. А не дај Боже, имаше едни кои кога ќе дојдеа со двете мали деца, да не знаеш од кое попрво да се пазиш, ќе почнат да се бркаат, да паѓаат, да шлапаат со валкани прсти насекаде, да скокаат по гарнитурата и столовите (а се уште со чевли на нозе), па ќе земат со цела рака од главните тањири да вадат во нивните тањири, ќе си направат во својот тањир рид храна која или само ќе ја изгризаат, или ќе ја пофаќаат со раце па ќе ја вратат во оној на средина тањирот со изговор дека не им се свиѓало парчето, па ќе им се приспие па ајде кај мене в соба да ги легнеле - море мрш таму бре, ако му се спие носи си го дома да си го легнеш, собата моја тебе на дневен центар да не ти личи?
    :swear::swear::swear::swear:
     
    На cresa-jagoda, Pinky97, Chica.Loca и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Ова исто како јас да сум го пишувала,и покрај тоа што имам една таква кај собата ти ја мери со поглед,најтрагичното е тоа што ме ѕвери како сум се облекла и тоа не да направи неприметно,она очите ќе ги ископа бог да чува само ќе речам до кај им оди паметот на некои луѓе.Страшно
     
  20. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Исто така, заборавив погоре да објаснам дека една братучеда имаше обичај да ни „ровари“ по фрижидер, да нанесува парфеми од мајка ми (без прашање, секако :( ), да и отвара шминки, дури и и се пожали на татко ми дека мајка ми и рекла „Те молам тој и тој мирис да не ми го отвараш, а таа САКАЛА баш тој да го проба“. Ајде, ти се молам какви ли не газат по земјава. Јас можам да сакам кај некој нешто што вреди 1000 евра, па ќе ми го дадат ли тие тоа?
    Oд ваквите коса ми се крева, стварно.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.