Не е до годините на мајката да ти е чудно, до зрелоста е. Некои жени раѓаат со став дека улицата децата ќе им ги воспита и со мал прст не мрдаат да ги научат децата на културно однесување во нечиј дом на гости, во кафуле, на отворено или во нечија кола. Со вакви личности ти пишав дружење само на отворено и имај си на ум да го држиш подалеку од кршливи предмети зошто сосем случајно, читај од невнимание може да си ги најдеш парчосани на нов под.
Јас би разговарала со детето на добар начин пошто гледам е врсник со ќерка ми и не е баш мало. Кога јаде сладолед седни го на трпезариска маса и стави чинија пред него. Пошто гледаш дека мајката не реагира, стани и ти помогни му дури да седне. Еднаш два пати и ќе свати дека во твој дом нејкиш да ти прави неред.
Сме немале некои којзнае колку непристојни гости освен еден другар на мм. И тоа во смисла што се меша и поставува прашања за кои реално и нема потреба да знае или праша. Кога ќе е тука имаме прашања од типот: - Кога ќе имате дете? Моето дете расти и му требаат другари - Колку ве кошташе ова или тоа? Како успеавте да платите? - Зошто на свадба немавте повеќе слободни девојки, за остатокот од другарите да си најдат партнерки? Зошто бевте излезени со тој пар, а не со нас? И ред други прашања што некогаш и нас не става во непријатна ситуација. Сега кога сум бремена и со хормони до плафон ( рана бременост, немаме сеуште соопштено на сите) имам "супер" одговори за секое негово прашање ама некако се воздржувам од тие одговори. И што е најбитно секогаш се најавува на кафе, а завршува со седење по неколку часови затоа што баш тогаш почнал натпревар кој го интересира. Или филм кој го нема гледано или што и да е. А не секогаш имаме желба или време за дружба од толку часа.
Нема да сфати. Кај мене едно дете искрши куп чаши. Нема везе, мало е 2г. Земав за него посебно пластични и мајката беше дубоко увреѓена од мојата постапка. Значи он беше единствено детенце.
Не биле многу,но имало. Едни кога дојдоа се поздравија веднаш,и одма да разгледале куќата.Па човек ќе седне да поразговара,па и да праша дали би ми претставувало проблем. Тоа најмногу ме нервира,кога некој ти ја нарушува приватноста.
Кога прв пат дојде близок роднина на мм. Мораше да ја прошета цела куќа скришум, без ние да знаеме. Касно го приметивме дека се задржа долго во ,,тоалет" . Срека не фалеше ништо, а зошто го направил тоа никој не знае. И го озбегаваме, не сакаме да иде кај нас.
Ајј сега ми текна, се вселивме во куќата, и ни се најави сам еден гостин кој не ни е близок, со нагласување да види што сме направиле. И започна ова не ви е убаво, кровот на ништо не личи, прозорот зошто така се отвара. Прво ми стана смешно после едвај чекав да си оди. Маж ми вика ти на твојта куќа напрај си поубаво а човекот нема куќа, ама го нанервира со закачи..
Ми се има случено гости што првпат ми влегоа дома за да видат каде живееме, да ми речат многу лош распоред на простории имало. Ама не коментираа како вашиов гостин за се нешто.. Интересно е што и јас имав исто мислење за нивниот нов стан, на пример дека не е идеално решен просторот, ама ете видиш јас одлучив да не им го кажам тоа. Само позитивните работи ги кажав. Конечно си заклучив дека со причина сме си ги избрале живеалиштата такви какви што ни се, а не некои други. Не знам дали треба кажувањето на забелешките да го сметам само како искреност или како некултура. Стварно. Можеби битен е начинот на кој ќе си го кажеш мислењето..
Мене најмногу ми пречи седењето на гости со часови. Ниту сакам да седам до зори кај гостите ниту сакам да ми седат. Разбирам понекогаш од што е забавно и интересно да летне времето низ муабет и зафрканции, ама она со сила седење и дремење кога се исцрпиле темите за муабет стварно не го разбирам.
Сите шо ми доаѓаат во недела во 8 сабајле. Ако ми дојдат друг пат, ни врата не отварам. Најтрагично е што не ми се ни блиски роднини.
Непристојни гости се оние гости кои идат со нивното детенце,и му дозволуваат се да чепка.Никогаш не преќутував кога некое детенце ќе направи хаос,одма и срипувам на дотичната да си го прибере детето.Кај мене тој хаос не може да го прават,дома нека им дозволуваат на децата и на кров да се качуваат.Срамота.
Мене мажот ми ме напаѓа поради тоа што им срипувам на дотичните,не сум постапила ок ,бла ,бла (таков си е он,мек во душа,јазик нема ) .Исто така од кожа ме вади кога братучетка му на малово мое, ќе почне да го фрла јадењето на моево .Никој не и забранил да си земе,да јаде,ама не може да го фрла.Може немам пари друго на моево да му купам .Страшна работа.
Пред некој ден имав дебата за ова како најнормално е дете кога ќе ти дојде дома на гости, да почне да ги отвара сите фиоки, врати, да влегува секаде затоа што децата така се развиваат. Сеуште немам мое дете, здравје за месец-два ќе стаса меѓутоа лично мене не ми е во ред каде што ќе го однесам, да прави лом и да фаќа насекаде.
Искрено не сум имала такви Кој и да дошол кај нас Без разлика дали роднини, гости на моите, мои гости, се понашале со почит Сум собирала дома и до 15 души, сите биле океј. Прво знам кого да приберам дома, второ ако се испостави дека е некултурен, знам и да покажам кај е вратата
Додека ми трае Пмс-от да се испукам. Изгледа мажов мој има малку "луда" фамилија т.е братучеди. - Само што реновиравме нов спрат, си купивме се ново, доаѓа негова братучеда, внука на свекрвата. Жената два дена помина во тажеленки како ние мебелот од свекрвата, не сме го искористиле. Значи стариот, веќе распаднат. Таа ( братучетката) била сентиментално врзана за мебелот на тетка и. Е па јас, ни за свекрвата, ни за мебелот не сум врзана. Можеше да си ги земи кај неа. Денес случка. Братучед на сопругот, видно навреден, зошто ние сме му кажале дека во нашиот дом, не се пуши внатре, туку на балкон. И плус не ни е телевизорот поставен, така да тој од балконот можи да следи фудбал. Ај што наш дом, наши правила. Не ми е совршено, си наоѓам и јас многу работи што треба да се сменат, си прилагодувам да ми одговара мене, што тука сум постојано. Ама не сум се осудила на никој дома да му прередувам, наоѓам маани, посебно кога сум отишла на пола час/час. Како и да е ќе го преседам тој период.
Ич да не се замараш. На мене едната јатрва ми се налути зошто сум реагирала за децата. Многу ми е гајле што се налути. Не трпам деца кои ќе ми растураат по дома, кои чепкаат кај ќе им текне. А родителите се прчат на стол.
Aко е врзана за мебелот, нека си го земе. Кај сестрите на мажите се мешаат во се, па и братучетките уште. На неа некој и се меша? А за пушење, ниту јас не дозволувам внатре, кој сака нека се лути, мене многу ми сметаат цигарите, глава ме боли од задимена просторија, и мм не пуши внатре, си има посебна просторија, кога е топло на тераса, а за тв ако сака нека си гледа дома.
Јас сум една од ретките ,, чудак"! Кај нас ретко доагаат гости освен најблиските, тоа ни се родителите и брат ми кои не ми се гости. И еден, два пара со кои си живееме. Јас не сакам средби дома, ама најсериозно, не сакам дома со луге кои не сум блиска. Мене домот ми е свето нешто, откако сум со маж ми, дома ми е мирот и спокојот, дома се чувствувам најбезбедно и најмирна. Да ми доага некој што немам два реда муабет не сакам. Или да ми види како ми е дома. Ниту ме занима кај друг како е. Се дружиме, ама со луге кои не ни се блиски седнувам на кафе, во ресторан, не сакам дома и крај. Сум имала непријатни ситуации од,, наметнати" гости ама јас тоа брзо решавам. Живеам во мало место, и сите мислат дека морам со комшики да си одам на кафе. Затоа што тие така прават. Не морам и не сакам, да тепам два часа да оговарам друга комшивка не благодарам!