И јас сум иста. Дома кај мене доаѓаат само тие што ни се блиски. Оние кои ми се само за муабет не ги примам дома. Со нив само надвор. Не сакам непристојни гости. Тука нема одење по гости. Ако сакаш да се видиш со некој, ќе отидеш во кафиќ. Комшии не се дружат.
Иста сум, значи и јас сум чудак. Не можам секојдневно да правам иди ми дојди ми како некои што прават со комшии. Подобро сама отколку со лошо друштво.
Ме иритираат луѓе без осет. Кај свекрвата е хотел промаја. Дека мало село и секој со секого се знае. Научени се да идат ненајавени. Колку пати дошле на сред ручек. Па и ќе си седнат со нас да ручаат.
Исто, кога ќе ми текне на почетокот кога бевме во заедница, секој ден комшии на сред ручек. Откако се одделивме ако не беше дома свекрва ми доаѓаа горе кај нас и влегуваа без да ѕвонат, е затоа потоа клуч на врата, па кој сака нека ѕвони. И овие си ручаа со нас, а комшии, ај да кажеш гости од друг град. Постои телефон, не знам како се уште доаѓаат ненајавени.
Седиме во двор и свекорот и маж ми правеа скара. Еден комшија не виде и се обеси на оградата од дворот прво, па си влезе во дворот. И така си заседна со нас. На маж ми сум му кажала - Такви луѓе не сакам. Немој да си ми рекол да одам кај нив на гости.
Ццц по маливе места изгледа секаде е така. Ти се верува и ние за викенд кога мм правел скара, доаѓале комшии непоканети и тој братучед му што нема осет, седел до 3 сабајле. Затоа веќе во двор скара никако. Или сум седела со комшика, овој ако не видел на тераса, доаѓал, што бара со жени не знам. И тоа вака не се гледа баш, ептен одоздола дека ние на високо сме.
Секаде е. Буквално ќе ти се тупне од никаде некаде, ни да се најави ни ништо. Фала бого тука во Германија ги неам тие проблеми.
Па и во Ск ги има такви. Сами си се канат. Комшија ај части по едно пиво. Маж ми ги примаше еден период комшиите, ама му дојде преку глава. Почна да им вика - Пиво надвор ќе пиеме.
Затоа јас не сакам во мкд да живеам, родена сум за Германија. Како бе тие што сакаат секојдневни дружења имаат среќа за документи, ама отидоа и се вратија, не им се допаѓало што немало дружење. Сите што ги знам жените на мм другари и братучеди се вратија, која од Германија, која од Швајцарија.
Такви имав дома во Мк, пред трафиката шо е пред зградата кога ќе се набереа, и на секој шо помине му просат пиво. Несалам.
Јас сакам дружење ама да е или надвор или дома кај дружбите. Не кај мене дома . Да трчам ко улава да праам мезе, па алкохол, па неможеш да ги скорнеш, па кој се опил, кој се убил, па и садови да мијам накрај, не фала.
Знаеш што не сфаќам? Пиење кафе со комшии. А истите комшии ги гледаш надвор секој ден. Што муабет ќе имаме ако секој ден имаме иди ми - дојди ми?
Со комшии пијам кафе само со тие шо си го имам муабетот и шо можам да се дружам со нив. За другиве, не се замарам. Фала бого не живеам со стари, па да ми го носат цело маало дома.
Поубаво ми е надвор да се видам со луѓето. Дома треба да чистам, да спремам, да служам, да се расправам со пијани гости, да се нервирам со гости кои ќе заседнат.... А надвор ќе седам колку што ми се седи.
Ее абе најубо, ако треба да идат гости со деца, директ надвор на некои лулашки. нема шанси да одбијат
Колку плата земаш да те прашаат од што немаат друг муабет. Неколку пати стрина на мм ме има прашано колку заработувам. Ниту сум прашала некој, ниту ме интересира, и со една комшика што се дружам и тоа не се гледаме често, сега неколку месеци не сме се виделе, ниту ја прашувам колку заработува, ниту колку им дава плата на вработените, дека има дуќан. Си правиме друг муабет.
Ако видам дека децата им се немирни, веќе не ги викам на гости. Или ич не ги викам. На моите сум им рекла - Дома правете што сакате. На гости ќе почитувате. Не смеат да мрднат. Они и така се ок, ама на гости сепак треба внимавање.