На мм другар еднаш дојде со жена му и децата, и никогаш повеќе. Тоа децата се маваа со папучи врз ламбите над шанкот, ќе ми ги скршеа, водата во кујна ја пуштија и се прскаа, лом ми направија, а мајката не реагираше, грицкаше семки и тоа таа ги донесе, лом направи, тоа под двоседот се семки, јас не грицкам дома семки и сончоглед, таа.
Да, ама се се вадевме дека имаме планирано , сигурно сфатија на крај. А тие никогаш не не викнале. Или кога ќе влезат со чевли со кал, а надвор врне.
Честа појава, за жал. Такви не ти ни требаат. Сакам почит и култура. И се држам до тоа - Не ти идам, не ми иди. Ако некој не те вика на гости треба да сфатиш дека не сака да се дружи со тебе.
Никаде не се најавувам сама ако некој не ме викне. Ама овие што не викаат, а сакаат нон стоп да доаѓаат, не, фала.
Имав една комшика во Мк. Скоро секој ден одеше кај друга комшика. А кај неа не викаше. Се обиде и кај мене да доаѓа, ама јас не сум будала да ја примам дома. Не сакам луѓе кои немаат осет.
Очигледно немаат друга работа. Па кога ќе заседнат по гости Не знам како не им здосадува. Па ти нервирај се после. Комшике ќе ти дојдам на кафе. Да видам какво кафе вариш. Викам - Не варам и не пијам кафе. Немам друга работа па ќе се расправам со безделничарки.
Да ти кажам јас најмногу мразам кафе да варам кога има еден куп народ, на мм му велам подобро ќе сервирам, ќе правам салати, отколку кафе да варам, ми вели "е што е толку тешко кафе", и баш се погоди работеше кај нас еден мајстор, постар човек, му вели "епа кафе ако вариш, доволно е да се свртиш или да ти заѕвони телефонот и отиде кафето, и потоа мириса", ете одговор. Јас не сум по кафе многу, пијам Нес ладно без млеко, се одвикнав од турско кафе, изгледа само ние го пиеме, секаде пијат филтер. Вака салати, мезе, полека.
Да ти кажам.... Ништо не спремам. Кафе, сок, грицки и благо. Доста е. А и добро е што повеќето пијат нес. А турско маж ми вари. Со блиските така сме научени. Спремање само за повод. Почесто надвор одевме. Ни јас да се малтретирам, ни они да се малтретираат. Ние во кафиќ или во кафанче седнати, а децата си играат надвор.