За ова не секогаш се криви гостите. На пример. Јас понекогаш ги крадам и јадам тие малите чоколади од бонбониерите , и го правам тоа толку успешно да не се приметува дека некој земал. Па после моите мислат дека тие се полни, и ги носат на гости. Да им ја видиш фацата кога ќе се открие дека е полупразна. На крај испаѓа лошото дете(јас) ја изпразнило пола бонбониера. Каков ќотек сум јадел по дома, ама пак ќе празнам. Вреди!
Imav edna komsivka potocno svekrva mi imase i koga ke dojdese mn gadno kolnese,i i rekov na svekrva mi pravi sto ke pravis utre dete ke imam nesakam ovde da kolni,taa ne prevzema nis pa jas zadov vratata da ja zaklucuvam sega ne doaga,dr komsivka ide so malo dete,koga ke dojdea kosa mi se krevase sekade pofakase sekade otvorase i i rekov sakas luti se sakas ne ne sakam da mi otvora sekade moz gaki imam ostaveno nekade,znaci mozelo da se sredi i mirno da sedi da si igra,ne trpam takvi rab
Со некој луге навистина не бива со фино со некој мора дрско,исто свекрвата има една комшивка која е влезена во филм дека е бајачка,и кога ми се роди детето постојано досадуваше на врата демек многу ти плачи да му забам ај еднаш прифатив на маката ама послем бебе порасна се среди се а таа повторно на врата се појавуваше со муабет, да му забам и еднаш така дрско и се испонашав што вејке не ме гиба ,можеби малку е надвор од темата ова но заедничко е тоа што со некој треба дрско инаку нема разбирање
Јас кога имав можеби 5 или 6 год ,за роденден една роднина ми донесе потрошени шминки ,жената беше тогаш млада невеста и плус ситуирана но гестот нула,ако бев дете ми беше многу криво и ден денес ја памтам ситуацијата.
Не знам коj има спомнато за мачките. Имам мачка и имам другарка со коja се знаеме од прво оделение ( добри 20 и кусур години). Иако ретко доага, секогаш е истиот муабет, даj тргни ja мачката. Мачката моja само ке те подушка и толку ке се тргне. Другаркава има уплав од секое неjзино мрданje. Неjзина териториja e. Дури еднаш рече даj затвори ja во соба. Инаку од деца немам проблем, не доагаат.
На што личи тоа бе, по цел ден комшивка дома ? Ниту да ми доаѓаат, ниту да одам. Гости доаѓаат за слава или заради некој повод. Најчесто се најавуваат. Тоа седење со комшивки ми е а ла пача тренд кој не успеал да се искорени за жал. За децата немам коментар. Виновни се родителите кои многу им попуштаат.
Е да! Ненајавени гости Па аман бе луѓе, што луѓе ќе бевте Некој може руча во моментот, може се бања, се депилира, од друга страна, може ни едно кафе да нема дома моментално Ненајавените ми се "осет да се немало"! Порано сестра ми имаше еден дечко, кој обожаваше да седи дома кај нас јер је то код куче немао, али побогу, и се јавеше дека ќе дојде за 20 минути (не ни прашува дали може), и од тие предвидени 20 минути, тој после 5 минути од повикот, веќе стоеше кај нас во ходник, до тој степен што и без звонење си влегуваше Му помина модата, кога културно го прашав дали кај нив имаат ѕвонче дома? Бидејќи еднаш се случи татко ми од туш да излегува, а овој во ходникот. Мислам... Мајка ми исто има(ше) такви некои роднини и сл, за кои ѕвонењето и ненајавувањето им беа квантна физика, но проблемот го решив што (според нив) бев крајно некултурна. Тоа е кога мачката ти е попристојна и попаметна од некои што ги познаваш
Непристојни гости имав...веќе немам. Една бивша пријателка која секогаш кога идеше ја чекав минимум 45 мин од повикот а живее на неполни 10 мин од мене. Кога ќе дојдеше седеше по 3 часа од кои час ипол збореше на телефон. Многу многу лоша навика. Што каснењето, што пола од времето зборување по телефон. За среќа веќе не ми е пријателка.
Јас на ова си имам одговор, кој важи за СИТЕ ГОСТИ, без исклучок: "Мачето живее овде, а ти си на гости. Ако ти пречи, не влегувај". Сега ретко ни доаѓаат гости, затоа што ни ние не сме нешто по одењето, а тоа претежно се пристојни пријателки на мајка ми и баба ми. Инаку, кога бев помала, многу често ни доаѓаа тетка ми и тетин ми со неподносливиот братучед. Сé сакаше да фати, ми влегуваше во соба ко инспектор... И еднаш ми скрши еден драг украс и го зема мачето ЗА ОПАШ за да го обвини него. Го фатив, го однесов во дневна пред неговите, и го истепав. Моиве усрамени, неговите ко посрани (да ми простите на изразов), затоа што милион пати им се имав пожалено, тие само се смешкаа... И не доаѓаа којзнае колку време. Еве, сега е пораснат малиот, два пати годишно доаѓаат.
Колку и да звучи непристојно ,кога родителот кјути јас не кјутам ако се премине границата.Стнува збор за мој дом. Керка ми имаше другарка на која мерак и беше да ми отвара и чепка по фиоки или да ми влезе во спална.Можеби чувам таму пари,кондоми ,гаќи.... И тоа се работеше за девојче од 8 години,доволно големо за да знае дека не се чепка по туѓи ствари.И преќутев два пати,со очи и давав знак на керка ми да ја тргне од таму.На третиот пат отворено и кажав дека е некултутно тоа што го прави и да престане. И престана фала богу
Нас еднаш ни дојдоа со две машки деца,и родителиве нормално седат со моиве а децата мора Кимберли да ги чува Јас сум ептен педантна што би се рекло ,у соба све под конец мора да ми е и никогаш не јадам во соба и влагаат децава едното со смоки другово со сок и едното се качува по кревет,рипа па другово се качува исто така па се тепаат се борат,едново паѓа од кревет па пишти,другово се смее а мајката мртва-ладна си седи,не и текнува да подстане да си ги ѕирне децата па дај ми компјутер дај ми да цртам едното ми вика ми се кака буричкаат по фиоки,едното ми се стаи на шминките и викам "А НЕ ОВА ТРГНИ СЕ" и им реков одете мама и тато ве викаат и се затрчаа после пак ми се вратија и иста прича.. катастрофа
Едноставно оддалечи се од комшивката, не ја викај, и зборувај со нејзе само од култура и површно и тоа е тоа. Не сваќам зошто ја викаш и живееш со нејзе ако ти смета тоа нивно однесување, за се има граница, за секој карактер и принцип има граница, ако сметаш дека таа ја преминува границата и ти е неудобно да другаруваш со нејзе тргни си се настрана и решен проблем. Не си должна да се дружиш со некого што не се совпаѓате едноставно а и не мора. Оддалечи се и зборувај од култура, ништо повеќе. Никој на никого ништо не е должен да прави и да жртвува. Ако на мене ми се допаѓа нечие однесување, постапки и пред се дружба ок ако не секој на своја страна. Секој си има свој карактер и убедување нема дискусија тука.
(машко сум инаку) Немам јас ништо против неа, ни против детенцето (тоа не е криво така го НЕвоспитале, како што кажа погоре некоја од феминките). Само проблемот е ако ти на своето дете си му дозволил што сака да прави, таа дозвола важи само во тој дом, ако сака дома може и куќата да им ја запали, ама во туѓи домови се знае дека си има правила на однесување.
Јас имам фобија од мачки. Страшно се ежам од нив, и не можам да поднесам да ми се во близина. Имам другарка која секој пат кога ќе ме покани на кафе пробува со мене да разговара зошто не ја сакам јас мачката , па што ми сметала ? Луѓе, сватете, не сите обожаваме мачки. Во ред, ваш дом, ваше милениче , сакајте го , чувајте го ,АМА имајте обзир дека тие луѓе што ви доаѓаат на гости не мора да го делат истото мислење. И што е толку навредливо ако побарам да не седи мачката во собата во која што седам јас и да не ми го душка кафето? Не реков фрли ја од прозор, не реков утепај ја, побарав само да не седи на каучот до мене поради тоа што косата ми се крева.Ти ако сакаш и спиј со неа, си ме поканил на гости можеш и да го испочитуваш тоа мое барање и да ја тргнеш мачката што подалеку од мене. Ама нели навреда ви е ако седиме во ваша соба, а вие мачката ја преместите у дневна. Сериозни ли сте ?
Јас порано никако не можев да поднесам мали деца да ми доаѓаат на гости оти одма трчаа во мојата соба и ми претураа и растураа. Арно ама и јас бев итра како дете па шкафчето го поместив кај што се пали светло и после кој како влезе ќе види темно, не знае како да уклучи струја и ќе се исплаши и од тогаш строго во дневна си седеа. А сега искрено ми е сеедно, немам никакви играчки и ништо што би заинтересирало мало дете и слабо доаѓаат кај нас на гости. Ама генерално повеќе сакам поголеми деца со кои веќе може да се прави муабет, малите некако ич не ми се интересни.
Ненајавени во 15.00 саат, во недела Тоа често го практикува тетка на мајка ми.... Поубав термин не можеше да одбереш?? Како ти текна жити се на ручек да дојдеш? Ќе застане и ќе ми ги брои залаците, се во тил да ми појде...ја каниш да јаде (кога веќе ти дошла ко кума дома на ручек), ама не сака...епа гледај си телевизор, што ме гледаш во уста побогу? Втор случај, порано кога ќе ми дојдеа мали деца, ајде што ќе ми ја урнат собата врз глава па на крај ќе ми земат нешто од дома Претежно некое играче...а мајката си ќути И ќе се тепаме на врата за играчката дома ми дошол и ми зема еј Ма ајде ти се молам... Секогаш кога ќе доаѓаа тие КРАДЦИТЕ, криев играчки под кревет и по шкафови...и го терав брат ми да плаче посилно од нив... Или трет случај, одиме кај баба ми на гости, одма секундарно по нас ете ја и комшивката.... видела дека доаѓаме и ете ја да си направела муабет СО кого ќе правиш муабет? СО мене? Си се заебала сестро...Јас сум дошла баба да ја видам, не тебе. Никој не и обраќа внимание и си оди. п.с. Порано кога ќе дојдеа стари и досадни, без осет, гости (претежно се случуваше кај баба ми, по 4-5 саати седеа), брат ми земаше она за муви тепање, ги удираше по нозе и им викаше: Досадни сте, ајде одајте си
Imam edna takva gostinka koja nema odamna dojdeno na gosti i sekoj den me prashuva koga da dojdi.Aham Nikogash.Si naogjam nekoja pricina i nikogash ne sum slobodna.Decata sekade cackaat,slushaat razgovor od golemite i potoa prenesuvaat sekade.Se i seshto prashuvaat.Se kacuvaat pi kreveti,a taa sekoja peda mi ja meri od sobata da ne ima prasinka.
Одамна не сум имала некои екстремно непристојни гости, но сеуште како такви ке ги вбројам оние кои ке дојдат и ке се забораат на тел со саати. Побогу си дошол мене да ме видиш или на мобилен да праиш муабет со трето лице. Е тоа неможам да го сварам не само дома туку и надвор негде, кога дотичната си меле празна слама а ја дремам како мисир некој. Непристони деца не сум имала дома одамна пошто повеќето се веќе големи па имаат култура колку толку да не роварат кај стигнат. И родители да се разбереме, не се тоа пргави деца ами невоспитани. Гости кои се заседнуваат цел ден без усул кои немаат по дома што да прават или додека не го испијат цел алкохол што го имаш по дома јер гага кога е не се пропушта таква шанса, гости кои се видно напнати и нервозни и дојде со единствена цел и тебе да те напнат и да ти ја пренесат нивната негативна енергија, гости кои коментираат што ти е пукнато што ти е скршено по дома и што треба да смениш, гости кои ждрапаат со патики и кондури по цел стан ми иде да ги избркам од дома и никад веќе да не ми стапнат. Иначе у принцип сакам коа доаѓаат весели луѓе, уживаат во храната што ја имам спремено, знаат да се забавуваат и муабет да си направиме без да осетам дека 5 саати сме седеле тука.
Навистина прекрасни зборови кажани од мајките и жените на темава, убави зборови да, паметни и мудри а пред се културни и пристојни. Но, за жал, камо да беа сите такви, да делеа исти перцепции и критериуми. Оди докажи и на некоја мајка што буквално се му дозволува на детето и постојано напоменува дека е дете и дека се му дозволува само раат да ја остави да одмори. Ете.. има се повеќе и таков неосетен народ што наместо да си го поучи детето и да го предупреди таа напротив со зборовите "дојди сине" го "решава" проблемот. Решението е ништо, детето е навикнато дека не е предупредувано дека нема страв и срам од ништо никој ништо не му говори и на крај демолира ичив дом. Не, не сум должна да го трпам овој народ, иако сум била сведок многупати. Мојата култура или карактер како да се изразам не ми дозволува јас да солам памет на некого и да му наметнувам мои ставови, ете за нас правилни за некого не правилни и смешни, но, ако сметаш ти дека детето во секоја една туѓа куќа може да демолира се и свашта јас не сметам па затоа и лепо фино и културно ќе се оддалечам од народ што едноставно не ми се допаѓа и не се усогласуваме со ставови.
Хаха темава ви е интересна,имам примери и примери за пишување,ни дојдоа едни пријатели со децата на гости,и јас имав спремено некојси чоколадни колачи,малечкото јадеше што јадеше,ги рашлака рачињата,кога почна да пипа насекаде,по мебелот, на компјутерот, штампачот насекаде чоколадо...а родителиве си се смеат и ништо не велат...ќе побудалев..или пак други пријатели..ни дојдоа на гости..а бе децава ми ја демолираа куќата..скокаат на сите страни, јас им велам пази да не паднете (нели од култура колку да се смират) и мајката на тоа мртва ладна со телефонот во раце ми вели..ти не се плаши за нив, на нив ништо не им е, плаши се да не ти ја искршат куќата...леле ќе полудев...зарем јас треба да восхитувам туѓи деца...тука ќе престанам пишување инаку до утре ќе пишувам примери