Така ги поставувам релациите, да ненајавени гости не доаѓаат, од проста причина што може одмарам, спијам итн. Инаку, непристојни се и гостите што влагаат со кондури и тоа од такт ме вади.
Или можеби сакам да се сексам партнерот. Не знам како некои немаат осет. Среќа што немам такви гости. Не идам по гости, па затоа и не доаѓаат кај мене. Сакам одмор, да се релаксирам. А не некој да ми се тупне на гости, а јас само што сум дошла од раборта. Ова не се важи за поблиските. Затоа што и јас кај нив се осеќам како дома.
Ајде совет како да се откачам од комшивка. Слободна е женава 24/7, а јас не сум. Јасно ѝ е на кој начин функционирам и сум со обврски и упорно ми доаѓа секој ден! Значи не можам да се скријам оти сите се ѓоа надворешни камери наоколу и добива извештај од комшивки, ме прати до минута кога влегувам дома. Ми носи по нешто кога доаѓа, јас не ѝ примам и ми го турка насила. Чиниите ми вика утре ќе си ги земам и така во круг. Побогу не можам да се избањам од женава на раат и ме чека бре пред врата да ѝ отворам. Вечерва ѝ потенцирав дека немам слободно време (плус ме заангажира со вршење работи на трети лица по што ја одбив во истиот момент), ко да се навреди и пак седеше! Не можам ниедна работа асално да си истерам, ниту да се одморам. Ужасно ми треба одмор. Не можам да висам на врата, значи ѕвони и не прекинува - што на врата, што на телефон.. Оваа инаку ми шеташе по соби, ѝ прошетав и јас нејзе по дома и оттогаш ја снема. Ене ја пак и полудувам! Млада си ми вели, како можев јас на времето, така можеш и ти со луѓе - ми измрморе пред заминување.
Биди дрска и кажи и да не ти досадува, и ние имавме проблем кој го решивме на овој начин. Исклучи си го и ѕвончето
Јас би и кажала еднозначно и јасно, по цена да се скараме, да не доаѓа повеќе. Ако треба повиши тон. Искрено, чудно ми е како си трпела до сега.
Не отварај врати. Не сервирај ништо на маса. Кажувај на комшики да и кажат ако ја видат кај што ѕвони да и кажат дека не си дома. Или на писмо на не толку видно место пиши "Не сум дома". Не толку видно викам пошто ако дојде некој друг да не примети, таа сигурно ќе го примети пошто веројатно анализира куќата. Блокни и го бројот или јави се кажи не сум дома. Или не и дигај. Кога ќе видиш дека доаѓа на ѕвончето залепи мастика, уље црно или било што.
Едноставно следен пат кога ќе ти звони на ѕвонче кажи му дека неможеш да се дружиш со неа секој ден, имаш обврски,ќе се видите некој друг ден и веројатно ќе си оди, ова е начин да не бидиш дрска,а ако не успее тогаш биди и ти безобразна и кажи му дека не си ја поканила да дојди и имаш работа и затвори ја вратата. Ако толку ја преминала границата не се плаши да не ја навредиш, не смее некој така да ти досадува секој ден ако таа нема друга работа ти имаш, па уште те чекала на врата
Нема потреба да имаш респект. Кога ќе звони на врата подотвори и кажи и извини спијам, се бањам, ручам, ме боли глава.... Кога ќе звони на телефон исклучи ја и прати и смс со исти содржини.
Не отворај врата кога немаш најавени гости, as simple as that. Јас не отворам врата без да ми се најави некој. Ми остана како навика од сама кога живеев. Е сега зависи и каков однос сакаш со комшиите, јас не сакам многу кафиња со комшии. Едно здраво во ходник доста ми е.
Фино лепо ќе и кажеш да не доаѓа, не примаш гости ради ситуацијава со корона, врати и чинии, се што имаш нејзино и тоа ти однеси и до врата и ако те покани да влезеш кажи и дека не идеш по луѓе и не сакаш да ти доаѓаат.
Искрено, чудно ми е што женава не разбира од збор. Логично е, кога некој ќе ти каже дека нема слободно време, да покажеш малку осет и да престанеш сам/а да се каниш на гости кај некого. Затоа мислам дека треба да си поостра со неа. Некои луѓе како да немаат развиени социјални вештини и не разбираат суптилни знаци, невербална комуникација итн. Не се плаши и кажи и сосема директно, ако треба предупреди и некој близок. Никој нема право да го нарушува туѓиот мир. @eliesaab
Сè е испробано, за жал тоа е. Тука кај што сум не баш зависи од мене и не можам да исклучам ѕвонче. До врата имам враќано нејзини чинии, телефон не можам да исклучам оти ми треба, така да не остана ништо освен да размислам за опција преместување. Немам блиски на кои можам да се обратам. @prominent
Најди причина да се скарате и чао. А телефон не мора да исклучуваш, доволно е да го блокираш нејзиниот број.
Ако продолжи да те вознемирува, сепак ќе треба да побараш помош... За телефонот е лесно, блокирај го бројот. И предупреди ги соседите за ситуацијата. Верувам дека е неподносливо... @Tan4ence Таквите немаат срам. Може да станува збор за социопат.
Зошто ТИ да се нервираш ради некоја баба која нема шо да праи у животот? Си пробала на сите можни начини, а ако се прашувам јас, предолго си фина и културна. Не само шо треба макс да ја игнорираш, туку треба и во фаца да и кажеш дека ти го расипува раатот кој секој од нас сака да го има ДОМА, ало дома
@eliesaab јас мислам дека е најдобро да и' плеснеш во лице дека немаш вишок време како што таа мисли дека имаш или наједноставно, кажи и' да не те замара. Не си должна да и' посветуваш време и внимание. Со вакви луѓе на културен начин не можеш да се разбереш.
Извини, ама не може сега да влезиш. Зафатена сум. Пријатно. И затвори и' ја вратата пред нос. Без додатно објаснување. И запамти! не чекај да ти одговори.