Живееме во исти двор со неговите родители и многу пати сум се нашла во непријатна ситуација затоа што тие сите свој пријатели комшии роднини ги испраќаат кај нас вчера викнале дваесетина гости од кој 6 деца и бев приморана на фин начин да ги испратам од врата едното од децата почнало да плаче (јас не видов) поради ова мене ме осудуваат јас сум била крива алоо да прибирам деца кој не ги ни знам ни познавам плус ситуацијава со вирусов значи нема шанси згора на се се испокарав со маж ми затоа што нивниот менталитет не дозволува да се прекршат правилата во одредени моменти а и да нема вирус сметам дека не е праведно некој да ми го нарушува мојот мир и спокој без потреба
Фала за поддршката но ете нив нема на киј начин да им се објасни мажми поготово ме осудува затоа што нашето бебе (година ипол) не ќе знаело да се дружи со останатите ќе било просто вамте тамте демек не сум добра мајка ужасно се осеќам фала за поддршката упте еднаш поздрав
Ај тој муж ти да не мудрува многу, нека не кажува вицови. Кило месо е. Животот е пред него. Ќе има многу ситуации и ќе стекне многу добри пријатели.
Искрено, не можам да си објаснам, како се мажите со вакви мажи и трпите секакви работи? Не го запозна маж ти пред да се омажиш за него?
Дали ја набрка? Ако не, пробај отвори и гола, само со бањарка на тебе и троа водена коса. Ако сепак влезе на кафе, седи гола цело време, сигурно ќе и стане непријатно и сама ќе замине.
Ќе седиш гола, ќе смрзнуваш со водена коса 1 час со комшиката само затоа што немаш храброст да и кажеш да не доаѓа кога сака во твојот дом
Маж ти го разбирам, меѓутоа сега не е време за гости. Детето (бебе е тоа, малечко многу) нема да пати и да биде несреќно ако сега е само со мама и тато. Ќе се наодмести социјализацијата понатаму. Комплетно исправно си постапила, немаш никаква вина.
Луѓе ај помош. Мајка ми има една "пријателка" жената буквално е без работа, секој ден се кај нас, кога ќе дојди не знај да си отиди. Мажот и вози камион и таа цело време е кај нас. Во саботата беше кај нас од 11 сабајле до 7 навечер, буквално цел ден, појадок, ручек и вечера им дадовме. Ем работа не потеравме, ем со неа се расправавме и ги слушавме маките. А тоа па детето нејзино ич не го сакам, седам во салон ме поминува мене ни здраво ни ништо да речи и оди во кујна и сам го отвара фрижидерот и си зима што сака кога го прашав што сака вика ништо сок да си земам, ко почнав да му се дерам...И од тогаш не ги сакам. На мајка ми и велам да ја избегнува, ама џабе кога таа и ненајавена иде...
Отворено разговарај со мајка ти.Нека разговара со неа,или ти разговарај.Ова не е во ред,претеризам е.Плус,и во ситуацијава со пандемијава,воопшто не е добро да ви се лепи. Па,уште детено без да праша го отвара фрижидерот.Јас да сум на твое место,прво ради ова ќе ѝ се развикам. Бидете директни и остри ако треба инаку ќе немате спас од неа.
Не е битно колку време ќе издржи комшивката, туку да научите да поставувате граници во свој дом јасно и гласно, а не сценарија смислување, бањарки, водена коса, многу детско.